wonderful1 Посакувам да блескаш постојано со твојата насмевка Да размислиш пред да кажеш нешто ( да не избрзуваш толку бидејќи несвесно можеш да повредиш некого) Да продолжиш со твојата амбициозност и да не дозволуваш луѓето да те прекинуваат во тоа што копнееш да го оствариш Наместо 8мици и понекоја 9ка обидисе да добиваш и 10ки на факс Продолжи со твојата креативност можеби некогаш ќе ти помогне многу повеќе одколку што мислиш Уживај во денот, заблагодари им се на оние кои се со тебе и ти помагаат во тоа да зрачиш со позитивна енергија Посвети повеќе внимание на вежбањето и се друго ќе си дојде само по себе
Прости ми за крвта која што ја вкусуваше толку многу, долги години во малечките исповеди кои што ти ги доверував токму тебе. Прости ми за сите оние ситуации во кои не бев способна да се контролирам и да се скротам. И кога поминувам низ најубавите периоди, сеуште сум малку лута. Но, дојдов до мир кој се надевам дека и ти ќе го задржиш. Разбери ги нештата кои што не сакам да ти ги кажам. Ако тагата те прегрне, не ја бакнувај. Ако не си на ничиво прво место, биди на своето. Ако ти ги скршат крилјата, прости си на себе но не заборавај да леташ. И престани да гледаш како нештата кои што ги сакаш горат. Знам дека заслужуваш да пронајдеш топлина на многу подобар начин.
Не ги заборавај личностите кои беа до тебе. Не ги заборавај падовите. Не ги заборавај солзите. Заборави ја омразата. Друго не можам да ти кажам. Но, ти ќе се сетиш. Како и секогаш, ќе се сетиш на овој ден и на сите денови како овој. Ќе се сетиш на се`.
Се надевам дека одсега па натаму нема да те повредувам , како што го правев тоа до сега . Нема толку да те казнувам и критикувам и дека нема за се , во јајцето да барам влакно . Нема да те обвинувам за се што ти се има случено . Се надевам дека конечно ќе се смениш на подобро , и нема да дозволуваш на никој да те повреди . Ниту пак да те изнервира и онерасположи . Немој да дозволуваш на никој да ти го попречи патот , оди си по тоа што си го зацртала в глава . Ти ветувам дека ќе те направам горда . Дека оваа година што следи ќе ја направам вредна , и дека ќе имаш спомени кои ќе бидат вредни за паметење . Оваа година ќе успееш да го оствариш тоа што го посакуваш , или ќе придонесеш да се случи тоа . Немој да се предаваш . Секогаш биди силна како што беше и до сега . И пред се , задржи си ја тврдоглвоста која што ја имаш и имај повеќе самодоверба . Верувај повеќе во себе си и во својата интуиција . Прави го она што го сметаш за правилно , но гледај и да не повредиш некого кој ти е близок со тоа . Нека не те заселпуваат бесот и омразата . Тие се најголемите непријатели на човекот . Па немој ти да ги направиш твои најдобри пријатели . Биди среќна и исполнета од внатре ....
Спојлер Здраво Меј од минатото, еве сум јас истата само од сегашноста.. ти пишав да не се грижиш.. Не, не ми текна од прва за кој ми зборуваш што значи биди без гајле го преболив, не остана ни една најмала искра од него.. дури и ми се гади кога ќе му го слушнам името Соништата се на пат да ги остварам, работам на нив.. Што да ти се пофалам кога се погоди, отсекогаш знаев дека си видовите.. Да новиот среќниќ/несреќник има плави очи ама на Рајан Гослинг може да му се фати за.. Не се радувај пред време, ништо не бидува од него.. потрагата не завршува.. И не е Шкорпија уживај Инаку процесот на станување плавуша малце се пролонгира, ама оваа недела ќе биде сигурно. Остани ми без гајле, гледам си ми пишала во Март што значи досега уште два пати ќе се заљубиш!
Драга Николија... Го пишувам оваа бидејќи знам дека овој период не си многу добра. Но искрено се надевам дека во иднина ќе бидеш среќна и исполнета, се надевам дека ќе се исполни една многу голема желба која ја посакуваш веќе подолго време. Се надевам дека некои луѓе ќе видат дека згрешиле во врска со тебе.
Драга Јас, Се надевам дека заврши факултет, се вработи, дека си успешна жена.. Се надевам дека направи многу работи кои ке ги паметиш засекогаш, затоа што знаеш дека секогаш си викаше на себе дека животот е еден и дека треба правилно да го искористиш. Се надевам дека не си тргнала по погрешен пат, и исто така се надевам дека го правиш тоа што го сакаш, без никој да ти досаѓа и да ги спречува твоите намери. Се надевам дека го пронајде вистинскиот, и сте многу среќни. Ќе се сретнеме еден ден, Јас.
Валерија...обожаваше да те викаат така уште од мала хххх. Се сеќавам, чекаше дедо ти да те викни: - Ајде Вале. Валерија... ти годеше тоа име, иако не е твоето вистинско. Не, се лажам така? Сеуште ти годи и тоа многу. Валерија.. што има толку многу во него што се восхитуваш кога ќе се повика тоа име? Што е мистеријата, зошто ти е толку..како да кажам.. ааа мистично? Не е како Викторија, мислам не може да биде. Победа. Не, можеби и не е ништо слично на тоа, ама сигурна сум дека е нешто многу силно. Нешто многу посилно од тебе. Нешто многу поголемо од тебе. Но знаеш и самата големите работи не се создаваат за една ноќ. За нив треба многу напор, многу труд, трпение, многу откажувања. А ти од што се откажа? Не, навистина од што? Можеби не си се откажала од ништо, можеби и не треба да се откажиш. Знаеш, премногу вложи во себе си Вале. Те пратам секој ден, секој час, секоја минута, те следам како голема риба на црниот пазар, чекам да те дофатам, барем да бидам чекор позади. Но не можам знаеш, многу си далеку пред мене, уживаш во предноста што ја имаш знам. Сакам да знаеш едно Вале, ти се восхитувам за трпението што го изѕида овие години. Одлично ти оди. Како никогаш до сега. Но кога ќе бидам во чекор со тебе Вале, ќе ти кажам едно нешто драга моја...Минатото, сегашноста, иднината, целиот живот се резултати на нашите избори. Морам да признаам дека во минатото и дел од сегашноста прилично добро избираш, одлично. Избираш на кого ќе му ја подариш довербата. И ти избра, нели? Но, дали му веруваш на твојот избор Валерија? СЛУШАЈ МЕ ДОБРО ВАЛЕРИЈА...ДОВЕРБАТА ЌЕ ТЕ ИЗДАДЕ ПРВА, КОГА НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАШ, ЌЕ ТИ ТРОПНИ НА ВРАТА И ЌЕ ТИ КАЖИ ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ И ТРЕБАШ. НЕЕ, ТИ ВЕЈЌЕ ЈА ИМАШ ОТВОРЕНО ТАА ВРАТА ВАЛЕРИЈА. ИМАМ ПРАВО ТАКА? АХХХ... ВАЛЕРИЈА.. АХХ. ЗАРЕМ ЗАБОРАВИ ВАЛЕ КОЛКУ ВРЕДИ ТВОЈАТА ТАЈНА? ЗАБОРАВИ ЛИ КОЛКУ ВРЕДИ ЛИЧНОСТА ОД КОЈА МОРА ДА КРИЕШ? Не е проблем тајната, ни личноста така? Во што е проблемот Валерија? ........ Ахххх...хахахах зарем сеуште? Зарем сеуште не се разведе од емоциите и чувствата Вале? Хахахах..требаше да знам. Требаше да ме прекиниш многу погоре. Погледни се, погледот те издава. Мислев дека го поминавме ова, навистина. Што се случи одеднаш, кој дојде непоканет повторно мм ? Ти се извинувам што мора да го читаш ова, знам дека е многу подолго од она вообичаено, но ме знаеш ете ... хаха Се надевам дека ќе ги собереш емоциите и чувствта, ќе ги сложиш толку добро и ќе ги фрлиш позади себе и никогаш нема да погледнеш назад, барем не во нив. Засекогаш: Ем. Ем. 88 П.С: А, и знам дека кога ќе го прочиташ ова и нема многу да го сватиш можи и нема да се согласиш со мене, ама знам дека ќе се навраќаш многу пати на него. Ќе го препрочиташ многу пати, затоа што знаеш дека ако не дозволиш да те водат чувствата, само така ќе бидеш секогаш пред мене. Зарем не е тоа што го сакаше од секогаш Вале?
Биди тоа што си, не се менувај за другите па што сака не биде. Нека не те нервираат небитни работи, уживкај си Немам да ти кажам нешто посебно сега засега, доволно е првото што ги напишав да го разбереш, додуша таква си си ти, продолжи и во иднина.. Дечко, љубов, такви глупости не ти требаат, 14годинки имаш, девојченце си уште Цртанчињата продолжи да си ги гледаш и не се секирај девојки шпионки ќе ги вратат ко ќе почнит пак школово и јас незнам што мораше баш тогаш ама ете и незнам што мораше воопшто да се почнит со школо, и незнам зошто треба воопшто да се оди на школо, се што треба си знаеш ти, дури и повеќе од тоа што треба.. Продолжи да рокаш и да носиш црна Е така, ајде биди ми поздравена, во друга прилика пак ќе ти пишам Да си знаеш многу те сакам, и да си знаеш дека јас сум секогаш тука за тебе и да те ислушам и се во секое време.. За тајни и такви работи немај толку доверба ко што имаш, само јас не би те издала никогаш, а и неможам-знаеш, поентата беше не им верувај на луѓето и нека не те лажи нивното однесување на прв поглед kisses and hugs
Симона, ти пожелувам да се омажиш за некој чие смеење звучи подобро од твојата омилена песна... да се обидеш да бидеш малку сериозна,бидејќи твојата насмевка полека,но сигурно наликува на магарешко рикање,значи сериозна биди така,нема да имаш штета и ова е кратко писменце ама доста е за тебе Гушни се сега
Биди она што си не семенувај поради другите,не навредувај не прави зло ,колку што можеш помагај биди борбена на се откажувај научи да љубиш со секој свој здив привлечи ги добрите и задржиги а отфрлиги лошите личности имај своја кариера биди не зависна ти посакувам срека ...
Ако уште се нервираш за глупости, значи уште не си пораснала. И реши ли што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
здраво мила ти го пишувам ова писмо и коа ке го читаш се надевам дека го читаш во твојот топол дом со човек кој те сака и кој го сакач највеке.что значи дека овој тежок период поминал знаев дека си јака знаев дека ке издржиш .знам дека резултатите на ова сегашно мачење ке бидат добри.сигурна сум дека сега си најсрекна почитувана сакана мазена возвишена дама горда на едно прекрасно бебенце.знам дека на болкиве не се секјаваш бившиот ти е само минато убава минато кое завршило за твое добро и ти си горда што си ја прекинала таа врска.биди јака мила за се у животот биди јака.чим го преживеавме овој период можеме се . смени се немој да си како сега гордоста малку намалија кон тие што праат се за тебе не се сите криви за нашата болка. чувај се и чувај ги тие што ти значат прави се за да ги усрекиш. те сакам гушни се и почасти се некое добро парче облека
Мила ти пишувам во многу тешки моменти за кои се надевам дека одамна си ги надминала. Ако е така, извлечи ја веќе еднаш поуката. Ништо не е постојано, се поминува, се' се заборава. Сигурна сум дека при сеќавањето на почетоците од 2015 година не ја чувствуваш повеќе болката што тогаш беше твое секојдневие. Затоа не заборавај, се' се случува со причина.
Zdravo Angelche! Jas ti pisuvam bidejki.... znam ti se slucija mnogu nesrejki vo sekoe zlo ima i dobro. Ete da ne bese toa nemashe da si go imash tvojot najubav decko na cel svet. Zbogum
Здраво се надевам дека излезе од дното на пеколот и дека не те следат лошите работи кои си ги направи сам на себе . Се надевам дека се запиша средно таму каде што сакаше, дека си на некој добар факултет се надевам дека си најде некоја која ќе те сака . Но пред се те молам немој да ги растажуваш твоите блиски. И дека не си во солзи како сега кога го пишуваш ова за крај ќе те замолам овие неколку зборови да ги запаметиш биди благодарен на тој таа што те извлекле од дното на пеколот во кој моментално се наоѓаш немој да ги повредуваш твоите блиски, секогаш биди среќен но те молам немој да си направиш нешто лошо или нај лошото самоубиство запаети за секој проблем има решение но после самоубиството нема никакви шанси за подобро утре
Здраво девојко инетчико помина низ многу лоши работи ама време е да се завртеш веќе на подобрата страна и да знаеш дека после секој дожд доаѓа сонце и лошите работи низ кои помина остави ги во минатото ти се дел од таму сега продолжи со твојот живот понатаму и престани да се плашиш дека истото ќе ти се случи и тој инает што си го имаш да си го исфрлиш од главата твоја.. имаш прекрасно семејство кој стој зад тебе во секој твој чекор.. Така да крени главата горе и иди даљје !
Се надевам дека сега си многу посреќна отколку што беше. Всушност, ти навистина го заслужуваш тоа после се што истрпи. Веќе не плачеш, нели? Навечер не чувствуваш празнина, туку срцето ти е исполнето. Кажи ми дека е така. Кажи ми дека заспиваш и се будиш во прегратките на човекот кој заслужи да го имаш. Те сака и те чува. Наскоро ќе го добиете и тоа мало дете кое го посакуваше. Да биде машко. Да биде бушаво. Нешто ми вели дека таа желба ќе ти се исполни. Го издржа пеколот во кој живееше, а сега е време за убави нешта. Да, ти тоа сосема го заслужуваш. Сеуште си млада. Имаш уште многу живот и убави моменти пред себе. Чувај го она што го имаш, не дозволувај негативните мисли да завладеат со тебе и да ти го поматат умот. Знам дека си имаш таква навика. Немаш причина веќе за лоши мисли. Помина се. Она што е твое ќе си дојде, она што е за тебе пишано никој нема да ти го одземе. Но едно нешто ќе ти потенцирам - детето во тебе немој да го убиваш. Без разлика колку години имаш, остави во тебе нешто детско. Биди будалеста, биди весела. Тоа е убаво. Остави ги коментарите на другите. Дека си попаметна и помудра, тоа го знам. Епа тоа би било се што имам да кажам во оваа прилика.
Здраво мила Ти пишувам.. Гледаш се што било болно поминало, секое искуство нова лекција. Гледаш дека не треба да молчиш ке си го покажеш она твоето силно лавовско јас пред кое никој не може да изусти ни буквљ. Стани девојкопогледни се во огледало лузните добро ги имаш покриено, сега нашминскак се стави го накубавиот парфем и најнеодоливата насмевка и излези. Прошетај нека те видат дека си силна имдека не потпагаш под нивните зборови. Покажи им го своето Јас. Ти порасна во прекрасна и мудра девојка, животот е книга девојко, секој ден - нова лекција, ново искуство го знаеш тоа нели?! Запомни ти го заслужуваш најдобро.. Те гледам го имаш и накпосакиваниот подарок во твоите раце.. Гледам си ја постигнала целта за која толку многу мечтаеше. Ти честитам од се срце… го заслужуваш... ја заслужуваш сета среќа... А тебе само тоа можеше да те направи среќна..
Здраво, си се променила, тешко те препознав. Си пораснала, си созреала.Одлучност и цврстина ти се гледа во очите.Си се разубавила некако, имаш сјај во очите, се бориш за твоите цели.Така треба девојко, редно беше да излезеш полна со самодоверба, време беше да сфатиш дека вредиш многу повеќе од оние заради кои ја веднеше главата. Среќна си се гледа, редиш успеси на факултет, до тебе е човекот на твојот живот, гледаш дека сеуште ти ја држи цврсто раката, нема да ти ја пушти верувај.Не се плашиш веќе да го кажеш своето мислење, не се плашиш да се бориш за твоите желби, тоа ми се допаѓа.И преубава си вака насмеана,мило ми е што и ти самата почнуваш да ја гледаш твојата убавина. Биди среќна мила, само пази се, лузните што ги имаш на срцето од предавствата гордо носи ги, за да те подсетуваат дека не се сите луѓе на светот добри и не верувај на секому, другото го знаеш.