Опушти се. Само ти знаеш каков трнлив пат боса изоде. Ја преживеа сопствената апокалипса и се издигна над неа. Ти можеш се! Биди силна, цврста и непоколеблива. Биди ти. Се надевам дека кога ќе го читаш ова, ќе знаеш дека си успеала. И ќе бидеш многу среќна. И никогаш не заборавај која си, од каде си и како стигна до таму каде што сега си.
Женцка кажи сега какво е чувството после 20 год. од сега, сеуште убава, плус куќа у Мајами три поршиња и џакузи у двор со поглед на оушн м?
Здраво цуро.Уште си убава,Мислам сјаеш бе.Види ја .Лани беше многу забавна.Сеа си се здрвила некако.Дај размрдај се малце и делетирај ги сите што ти сметаат.Флертувај уште.Знам дека го сакаш тоа.Онај што те бараше знај ке те бара пак.Ама гледам ти си одлучна да не го погледнеш камоли друго нешто.Гледам и дека почна да ги заприметуваш другиве момци.Најди си работа за брзо.Зезај и не плачи за небитни работи.Биди малце поладна и индеферентна.Не брзај,смири се и почекај три дена пред да лупниш некоја глупост.Издиши и живеј во полна пареа ко лани .
Драга моја ти простувам за се што направи... можеби некаде грешеше и тоа е во ред ако успеа да извлечеш поука од грешките. Никој нема право да ти суди, никој. И не може оти не ги носел истите чевли, а и не би издржал, би се откажал на првата препрека оти тешки се тие чевли, тешки како олово.Наскоро ќе завршиш една етапа за која лавовски се бореше со ужасните околности.. А сега си на чекор пред тоа што го сакаше. Колку убаво а јас знам дека си толку јака што нема да застанеш тука, кога ти нешто ќе наумиш целиот универзум ќе скрои заговор да го оствари. Веќе имаш планови и соништа и убаво е тоа соништата се за големи луѓе, а ти знаеш дека кога нешто силно посакуваш тоа ќе ти се оствари. Епа главата горе, за што да жалиш? Може да жалат тие што те потцениле или ти ги отсекле крилјата, но ти сепак леташ. Летај кон се што те прави среќна, главното оружје го имаш - искуство.
Само ке кажам за идната јас да гледа поубаво со кој ке се мажи... И да продолжи да си ја гледа својата работа како и до сега Кога ке ми текне друго ке и пишам на идната јас се надевам со повеке љубов во животот
Чао бела, како е животот во Прага? Маж ти, децата како се? Колку дела напиша? Знам дека си уште будалетинка и се возите со муж ти се уште како блесави кај и да стигнете. Ама, нека и тоа ќе помине. Барем ќе имаш спомени од една убава и луда младост.
По неколку години кога сево ова ќе ти претставува само болно сеќавање, посакувам да се наоѓаш таму каде што сакаш да бидеш, како изградена и зрела личност која ја има моќта да пали и гаси.
Драга Рама.... Те замолувам во најскоро можно време да научиш да се сакаш и почитуваш самата себе,секогаш и секаде ти да си бидеш на прво место,па после другите.... Зарем сеуште не свати дека никој не ти ја ценеше досега добрината? Секој само те користеше и притоа не одбирајќи средства за да ја повредат и искористат твојата наивност. Ах девојко ах
Здраво Рибо. Сеуште ли купуваш штиклички што се убави, а ужасно неудобни? Каде ли си сега? Пиеше ли Roussette de savoie уживајќи во убавото abondance додека слушаше шансони на Champs-élysées. Ги прочита ли литературните класици? Научи ли да готвиш мексиканска храна? Се надевам дека научи да ги цениш малите нешта во животот. Запри за момент, уживај во животот, супер што си успеала, а и ок е ако не успееш се додека се обидуваш. И цигарите си ги откажала гледам, браво? Да не се лажеме, никогаш нема да го направиш тоа. п.с. Dein Deutsch ist Sehr gut. Tschüss...
Драга моја... те гледам брзаш пак некаде а? Ако, тоа си ти Се надевам дека во целото тоа твое брзање се уште одвојуваш време да го слушнеш звукот на твојот чекор, посебо кога заминуваш од работите кои не те правеле среќна. И се надевам дека тој звук доаѓа од некои бесмислено скапи чевли, зошто љубовта за нив не поминува така брзо нели? Те гледам дека конечно главата ти е горе, конечно си заборавила се за што си ја наведнувала Те гледам насмевната си уште повеќе, ја имааш онаа самоуверена и доминантна насмевка, што повеќето ги плаши. Ако мила, чувај ја, среќа ти е таа верувај, оружје. Те гледам се уште цртаѓш планови во dram планот... Ако мила, успеа до сега да оствариш многу твои сништа, успеа да покажеш дека жените си се доволни сами себе, затоа продолжи, сонувај како да имаш 5 години. Драга моја сјајеш... го најде знам оној амбициозниот, дрскиот, роматичниот, нежниот и страсниот дел од тебе знам. До најде оној со кој делиш книги, кој те мотивира, кој со часови те слуша, кој те изненадува со љубовни пораки, кој те смее , дури и кога не е тука. Блескаш мила, знам ! Блескаш оти го доби за да ти даде сила за да ги победиш сите, блескаш оти само тој ги прочита твоите таги, поразите, предавствата. Оти тој знае дека ништо веќе не е битно пред него, а по него нема да има.... Брзаш драга, те гледам...брзаш да го соблечеш оклопот со кој се бореше денес, да заборавиш за миг на книгата која ја пишуваш и да му се предадеш.... зошто знам дека си уште перверзна како порано и обожаваш секси долен веш кој го полудува... Уживај драга....плати со крв и заслужи се!!!!!!!!!
На добар пат си, иако патот до успехот е тежок и трнлив. Грижи се многу повеќе за сопственото здравје, за да можеш уште повеќе да се грижиш за оние кои зависат од тебе. Знаеш дека сакам да бидам баба која ја собира во фармерки, затоа внимавај и не се опуштај - метаболизмот се забавува со стареењето. Се надевам дека библиотеката што ја имам замислено ја направи и веќе е полна со книги, кои стари кои нови. Не позајмувај. Нингуна манера. Децата ќе пораснат и нема да ти бидат центар на светот, ќе треба да пронајдеш нешто на кое ќе ја трошиш енергијата. Можеби мало кутре или маче или двете, а? И аманет ти оставам, да патуваш и никогаш да нема изговори.
Драг Димн, Се надевам дека си онаму каде сакаш и со кого сакаш, кога сакаш. Доволно се разбираме со првата реченица. Ете ќе зборам за десет години од сега, се надевам имаш барем едно дете до тогаш, надежно барем две, потака и три. Немој да си ги забораваш сериите, анимето, цртаните и игрите зошто си постара. Се надевам имаш работа која те исполнува и свое местенце кое го викаш дома, не преголемо, не премало ама комотно. Се надевам маца-меца е сеуште жива и лежи по креветите да го нервира личниот, зошто неќи мачки и ако не е маца со вас сети се го тераше да вети дека ќе имате барем една мачка заедно. Се надевам си онаква мајка каква што сакаше. Никогаш сум немала комплицирани барања од животот. Остани ми поздравена.
Моја најмила Виде колку си само храбра? Сакам така и да продолжиш, ти си најсилниот човек кој го познавам, ти самата можеш да издржиш се. Знам дека не ти треба никој за да бидеш исполнета и тешко тоа луѓето ќе го сватат. Не знам дали имаш запознаено некој кој те исполнува во било каква смисла, не знам какви луѓе се околу тебе, не знам дали си истата со големо трпение кој сака да им помага на луѓето, не знам дали уште се замараш со ситници.. Ама едно кажувам ти самата знаеш низ каков пат помина, биди храбра како и во минатото, немој да се замараш со ситници, труди се да бидеш опколена со ведри луѓе, научи да се радуваш на ситниците, тие го прават животот прекрасен. Нека не ти биде гајле што другите зборуваат, ако зборуваат било што значи дека сепак имаш некакво влијание врз нив, немој да бидеш толку неодлучна и не биди толку добра кон луѓето кои не го заслужуваат тоа. Научи се да бидеш остра, имај го погледот кога ќе те погледнат да не им текни уште еднаш, биди таква кон луѓето кои заслужуваат вака.. Ама најпрво од се, радувај се и кога едвај има причина..
Ke se sluci toa sto go sakas,TI ke napravis toa da se sluci nemoj ne se otkazvaj bidejki I samata znaes deka ke se kaes. .. A I koga ne si go napravila toa sto si naumila? Ajde nemoj nemoj da se otkazis ajdeeee
Не мора некој долгометражен текст. Доволено е да си се потсетам себеси на овие зборови: Имаше повеќе среќа отколку памет за да станеш тоа што си.
Драга,барем сфати дека животот е убав.Не е песна ама вреден за живеење.Барем сфати дека и болката е убава ако ја прифатиш некое време.Бори се како досега,остани со добро срце како досега и не се давај.