babylove овошни кашички

Пита (блага,солена)

Дискусија во 'Рецепти' започната од Divinebutterfly, 20 септември 2012.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    9.933
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не најдов ваква тема,решив да ја отворам :) Денес правев пита со сливи и беше успешна,па сакав да го споделам рецептот,постои таков со цреши,но јас направив сопствен,за со сливи,бидејќи имаме доста сливи дома :D Секоја што сака да сподели рецепт за ПИТА,било тоа да е блага или солена,нека го пиши во темава :)

    Епа вака,oва е рецептата:

    Пита со сливи

    тесто:
    250 gr (1 чајна шољa) брашно
    1 мала лажица сода бикарбона
    175 gr маргарин, на собна температура
    малку цимет ( на врвот на лажичката)
    3-5 лажици вода
    1-2 лажици шеќер (или по желба)

    фил:
    300-500 gr сливи
    3-5 лажици шеќер

    Прво се мешаат брашното и содата и шеќерот,потоа се додава маргаринот и се меша прво со вилушка па со раце и на крај се додава водата и се меси додека не се поврзи се во една смеса.Тестото се остава во фрижидер околу пола саат. За тоа време можи да се исчистат сливите од семките и се наросува шеќерот на нив и се оставаат за тој пола сат додека е тестото во фрижидер да отстојат (барем мене така ми омекнаа и попримија малку од шеќерот) Потоа кога ќе се извади тестото, 2/3 од него се растегнуваат и се става на дното и страните на округло тавче или тенџерче,помалечко,па се става филот, па останатото тесто одозгора над овошјето. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 40 минути.

    Само мене ми испадна малку тесто,требаше малку повеќе (за нареден пат ќе знам) ама сепак испадна преубава питата и превкусна! Си се радував што така ми успеа рецептот.

    Еве неколку сликички:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00729.JPG
      DSC00729.JPG
      Големина на фајлот:
      274,7 KB
      Прегледи:
      2.069
    • DSC00727.JPG
      DSC00727.JPG
      Големина на фајлот:
      302 KB
      Прегледи:
      2.067
    • DSC00724.JPG
      DSC00724.JPG
      Големина на фајлот:
      253,7 KB
      Прегледи:
      2.060
    На elisabeta, Libera, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  2. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Браво, секоја чест за темава.
    Сакам да зготвам некогаш, онаа сукана со сиренце, ама незнам да сукам. па би било добро некоја домаќинка со инструкции и слики да ни објасни делче по делче .
     
  3. boki85

    boki85 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Бабина пита ,рецепт од баба ми :)

    [​IMG]
    Потребно :
    600 грама брашно
    1 чаша млака вода
    1 лажичка оцет или 1 квасец
    малку сол
    1 лажичка кисело млеко
    400 грама урда
    3 јајца
    1 маргарин кристал 225 г.
    Поготовка за тестото:
    Во длабок сад прво ставете го брашното , па постелено додавајете ја водата , оцетот или пак квасецот, додека додавате месете го сето тоа 10 мин додека убаво не се добие мазно тесто . Потоа поделете го на 6 топчиња и оставете го во садот покриен со крпа да отстои 15 мин. За тоа време подгответе ја тавата во која што ке ја печете питата , и филот.
    Подготовка на филот:
    Урдата и јајцата промешајте ја во подлабок сад и додадете сол по желба, а потоа додадете и 1-2 лажички кисело млеко и помешајте се заедно .
    Маргаринот стопете го во посебен сад .

    Спремање на питата:
    На маса ставете едно од претходно подготвените топчина и развлечете го со сукало тестото додека не добие проѕирен изглед , гледајте краевите од тестото да не ви се дебели. Стопениот маргарин на секоја кора посипете го по малку со лажичка , потоа додадете го филот, на средина или пак распрскајте го низ целата кора , потоа почнете да ја затварате кората како да вртите палачинка , откако ке ја затворите кората додадете ја во тавата за печење која претходно треба да се намачка со зејтин . Почнете од средина да ја редите свиткатана кора како полжавче а потоа околу средината редете ги и останатите кори.
    На крај пред да се стави да се пече рерната да ви биде загреана на 200 степени . Намчакајте ја готовата пита со преостанатиот маргарин и со филот доколку ви остане. — во Skopje.
     
  4. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Овие два рецепти не се знае колку пати се испробани во нашата кујна. Едноставни се, нема утка, а превкусни се!
    Сеченка
    - 1кг брашно
    - 700 гр сирење
    - 125 гр маргарин
    - 1 свеж квасец
    - 1 лажица шеќер
    - 600 мл млака вода
    - зејтин
    - сол
    Маргаринот го растопуваме.
    Сирењето го дробиме со вилушка.
    Брашното го посолуваме.
    Квасецот го ставаме во млаката вода и мешаме да се растопи, го додаваме шеќерот, оставаме малку да отстои и го ставаме во брашното. Месиме да формираме тесто, па го ставаме на работна маса, го развлекуваме во долгнавеста форма и го делиме на 10 еднакви топчиња. Од првото топче развлекуваме кора (колку тавата), ја премачкуваме со маргаринот и ја ставаме во намрсена тава за печење. Врз кората ставаме од дробеното сирење. Истото го повторуваме со сите останатите топчиња. На последната не ставаме ништо. Со раце ги притискаме корите додека не ја пополниме тавата. Ја премачкуваме десетата кора со маргарин, сечеме на коцки, го нанесуваме преостанатиот маргарин и ставаме да се пече 60 минути на 180-200 степени.

    Гибаница со готови кори
    - 1/2 кг кори за гибаница
    - 4 јајца
    - 1 чаша (од 200 мл.) пресно млеко
    - 1 чаша кисела вода
    - 1 чаша зејтин
    - 1/2 ќесичка прашок за печиво
    - малку сол
    Јајцата ги матиме со вилушка, го додаваме млекото, киселата вода, зејтинот, прашокот за печиво и сол. Секоја кора се натопува во смесата и се гужва. Во намрсена тава се редат 5-6 кори, врз нив се ренда сирење (може и друго да се стави шунка, кашкавал, кечап, или спанаќ). Па се редат 5-6 натопени кори. Повторно сирење. Последната кора не се гужва и топи, се покрива одозгора. Се сече пред да се пече, се полева со преостанатата смеса. Со нож се боцка одозгора. Се посипува со сусам и се пече на 200 степени.
     
    На luvS2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jowe

    Jowe Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Пита со јаболка
    Фил

    1кг. рендани јаболка
    300г. шеќер
    2 ванила пакетчиња
    1 пакетче цимет
    пола пакетче гриз запржен без зејтин

    700грм кори се редат по 3 кори во ролат и секоја кора се прска со зејтин и со 1 пакетче пециво растопено во 1 чаша врела вода.

    Се печи на 200*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.666
    Допаѓања:
    19.775
    Пол:
    Женски
    еве ја мојата :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1625.JPG
      IMG_1625.JPG
      Големина на фајлот:
      224,3 KB
      Прегледи:
      1.361
    На irenna, leighton23, I.want.to.sleep и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Пита со спанаќ

    500гр. кори за пита
    1кг. спанаќ (исчистен)
    3 млади кромидчиња (исчистени)
    350гр. кравјо сирење (дробено)
    3 јајца
    сол

    Кромидчињата се сецкаат и се пржат. Спанаќот се сецка и се додава кај кромидчињата. Се додава сол и се пржи 10 минути. Откако ќе се испржи, тавчето се трга од оган. Се матат јајцата и сирењето. Ова се додава во тавчето. Се меша со лажица. Корите се сечат на ленти со ширина од 5см. Се премачкуваат со растопен маргарин и врз секоја лента се става по една лажица од испржениот спанаќ. Се виткаат ролати и се печат во подмачкан плех.

    Пита со праз

    500гр. праз (исчистен)
    4 јајца
    1 шолја брашно
    2 шолји млеко
    250гр. кравјо сирење (дробено)
    сол

    Празот се сецка и се пржи 10 минути. Откако ќе се испржи, тавчето се трга од оган. Јајцата се матат. Се додаваат брашното, млекото, сирењето, солта и испржениот праз. Ова се мати и се пече 1 час, во округло тавче премачкано со зејтин.
     
    На bussines-woman му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    13.174
    Пол:
    Женски
    Киш со тиквица
    тесто
    300 гр. брашно
    1 прашок за пециво
    140 гр. путер
    1 јајце
    3-4 лажици ладна вода
    фил
    1 тиквица
    2 јајца
    200 гр, кисела павлака
    2 лажички мешан сув зачин
    свеж копар

    Подготовка
    Се меша брашното со прашокот за пециво. Се додава омекнатиот путер и добро се обработува. Настрана се мати јајцето и се додава во брашното како и водата. Се измесува и се остава пола час во фрижидер (покриено со фолија)
    Тиквицата се ренда и цеди. Јас малку ја продинстав за да испари вишокот вода.
    На страна се мешаат, јајцата, киселата павлака, зачинот и сецканиот свеж копар.
    Тестото се вади од фрижидер и се расукува во ширина на плехот во кој ќе се пече (во форма на круг).
    Се префрла во плехот, претходно подмачкан со путер или маргарин, се боцка со виљушка и се остава да се одмори уште петнаесетина минути.
    Ренданата тиквица се распоредува врз тестото и се прелива со филот од јајца и павлака. Се пече во претходно загреана рерна најпрво на 220 степени, а потоа се намалува на 200 степени.
    Може да се изренда одозгора кашкавал.
    Истово може да се спреми и со обарена брокула.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMGP0026.JPG
      IMGP0026.JPG
      Големина на фајлот:
      65,8 KB
      Прегледи:
      1.232
    На Divinebutterfly, Annath и Serafima им се допаѓа ова.
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    13.174
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

    • IMGP0030.JPG
      IMGP0030.JPG
      Големина на фајлот:
      84,4 KB
      Прегледи:
      1.091
    На do-re-mi, kate21, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.896
    Вртена пита
    ПОДГОТОВКА: 25 МИН. ГОТВЕЊЕ: 30 МИН. ВКУПНО: 1 Ч 55 МИН.
    СОСТОЈКИ
    500 г брашно
    300 мл вода (млака)
    20 г свеж квасец
    1 ½ лажичка сол
    2 лажички шеќер
    60 мл масло за готвење
    малку путер (за премачкување)
    ПОДГОТОВКА
    1.Од состојките за подготовка на пита замесете релативно меко тесто. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло да нарасне (барем дупло).
    2.На набрашнета површина, од стасаното тесто расукајте поголема долгнавеста кора. Намачкајте ја со растопен путер.
    3.Надолж, сечете ја кората на тенки лентички, притоа водејќи сметка да не а исечете до крај.
    4.Свиткајте го едниот крај, дијагонално и ролувајте го тестото.
    5.Внимателно ролувајте го се до крај т.е се додека не добиете долг ролат.
    6.Од едната страна, свиткајте го навнатре ролатот и формирајте полжав.
    7.Вртената пита оставете ја повторно да нарасне. Во меѓувреме, вклучете ја рерната на 200 степени.
    8.Непосредно пред печење, намачкајте ја со жолчка. Печете околу 30-тина минути или се додека не добие златно кафена боја. Оставете ја млаку да се олади и сервирајте ја.
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Мајка ми прави пита, оригинално име е прпеќ, ама на некои не им е познато затоа ќе напишам пита, се сукаат кори и се полеваат со јајце сирење и накрај одозгора зејтин и сусам. Денес некако и престаша тестото, дури меришеше на кисело на квасец и мислев дека и ќе е кисело кога ќе се испече. Ама таа испадна преслатка, па изгледа финтата во правење пита е да престаше тестото, многу ми беше слатка и крцкаше.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.908
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    570
    Пита со зелкаа, мммммммммм едвај чекам, сакам и со сиренце не дека не, ама со зелка ми е неодолива.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    31.188
    Пол:
    Женски
    Брза пита

    Потребни состојки:

    2 јајца
    200 мл. јогурт
    1 прашок за печиво
    400 гр. брашно
    100 гр. шунка
    100 гр. сирење
    5 кисели краставички
    Масло, сол и бибер
    Зеленчук по желба

    Подготовка:
    Исечкајте ги краставичките и шунката на ситни коцки. Во длабок сад соединете ги сите состојки, освен сирењето, додека не добиете тесто.
    Ставете масло во тава за печење, размачкајте го, па нанесете го тестото. Печете 15 минути на 200 степени.
    Извадете ја питата, изрендајте го сирењето и додадете ситно сечкан зелечук по желба, па печете ја уште 5 минути.
    Кога малку ќе се олади, исечете ја и послужете.

    [​IMG]
     
    На irenna и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  15. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    149
    Мојов рецепт е за американска пита, со тесто шо се чува пола сат во фрижидер пред да се исучи, нешто слично како за зелник што прават мајкиве наши (јас никогаш не сум правела зелник :) )
    Инаку е многу брзо и ептен вкусно, тестото се листа а можи да се направи и блага и солена пита со истото. Јас благата ја правам со јаболка и бруснуца, а солената со печурки, кечап, маслнки и оригано.

    Тесто:

    2 1/2 чаши брашно
    1/4 лажичка сол
    200 гр. путер (или маргарин)
    1 јајце
    50 мл. вода
    1 лажичка јаболков оцет
    - сето се става во подлабок сад и се меша со рака (како топче). Се враќа во садот и садот се прекрива со растеглива хартија, или тестото директно се витка во растеглива хартија и се става 30 минути во фрижидер.

    ==== чашите се како за чај ====

    Во меѓувреме, се прави филот (благ или солен).
    Благ (со карамелизирани јаболка и брусница): околу 6-7 помали јаболка, лупени и исчистени се сецкаат. 100 гр. сушена брусница се зоврива во едно гезве со вода колку да омекни. Потоа јаболката се спојуваат со брусницата и се додава 20 мл. лимонов сок и 1/2 лажичка цимет.
    Во тавче се става околу 40-50 гр. путер и околу 80 гр. шеќер да се направи карамел. Се додава смесата на кратко да се „пропржи“ во карамелот, колку да прими арома. Се остава на страна.

    Тестото се дели на два дела. Се сучи на брашно колку што е плехчето (јас во кружен плех ги правам и сучам околу 3-4 см поголема кора од плехот. Се намрсува плехот со малку маргарин и се става кората. Се тура филот. Се сучи втората кора, исто малку поголема од плехот. Се витка така што двете кори ги вртите за да го затворите филот измеѓу. На горната кора правите неколку засеци со нож или неколку пати ја дупнувате со виљушка, за да можи да испарува течноста од филот. Се печи на 180 степени (околу 20-30 мин, во зависност од шпорето).
     
  16. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Еве уште една брза пита со праз или со спанаќ

    4 јајца
    300 гр брашно
    1 пециво
    сирење (количината по желба но отприлика 100 гр)
    1 шоља зејтин
    1 шоља кисело млеко
    500-700 гр праз или спанаќ

    Прво се меша брашното со пецивото. Настрана се матат јајцата и потоа се додаваат во брашното. Во истиот сад се додаваат и останатите состојки, зејтинот, киселото млеко, сирењето (дробено) и празот или спанаќот (сецкан) и се се меша. Се истура во тавче, се порисува со сусам и се пече на 200 степени од 20-30 мин.

    Добар апетит :)
     
  17. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Девојки има некојка рецепт за пита со лимон..барав низ темиве не можев да најдам па ако има некоја нека постира :*
    Благодарам однапред
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    31.188
    Пол:
    Женски
    Полнета пита-кроасан

    Состојки:

    готово лиснато тесто
    20 парчиња тенко сечкан кулен
    8 парчиња салама по избор
    20 парчиња текно сечкан кашкавал
    пиперки сечкани во кругови

    Подготвување:
    Додека се подготвува кроасанот, рерната треба да се вклучи на највисока температура.
    Лиснатото тесто се сече на 8 парчиња и се реди во овална тава. Сите парчиња мора да се поклопуваат.
    Потоа се редат состојките: куленот пиперките, саламата и кашкавалот. Се обликува венец и се пече 20 минути на највисока температура. Кога ќе добие златеста боја извадете го од рерна.
    Може да се служи со кечап, мајонез, тартар сос.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    6.028
    Пол:
    Женски
    Здраво експерт сум за сукана пита, само јас и баба ми покојна вака ја правиме. Еве ги состојките
    1 кг. брашно (плус за побрашнување во текот на месењето)
    една лажичка оцет
    млака вода (колку што е доволно да се направи смеса, јас одам од око)
    една лажичка сол
    еден квасец (свеж или сув)
    Е сега се мешаат прво брашното, квасецот, солта, потоа се додаваат лажичка оцет и малаката вода и се меша додека не се добие убава смеса. Тестото се остава малку да нарасне. Од оваа количина јас добивам две големи пити. Откако малку ќе порасне тестото се дели на два еднакви дела. Едниот е заедна пита а другиот за друга. Земете го едниот дел, поделете го на два дела од кои едниот малку поголем (за одозгора), а другиот помал за база на плехот. Земете го прво помалиот дел и поделите на 4 и секе од овие посебно ќе го сукате и кога ќе ги редите еден врз друг убаво нанесете зејтин помеѓу секој слој (само не на најгорниот). Откако ќе ги ставите првите 4 слоја земете ги и повторно сите и сукајте ги заедно. Потоа обложете го плехот каде ќе ја печете питата, попрскајте со зејтин и ставете го долниот дел од тестото за пита. Одозгора ставете го вашето омилено полнење (кисела зелка, праз со сирење, сирење со павлака итн.). Земете го поголемиот дел и направете го истото како со долниот. Ставете го врз преливот и врз него посипете убаво зејтин. Печете и на здравје пита.

    Еве ви неколку слики од готова пита, а ако сакате следен пат кога ќе правам ќе сликам се чекор по чекор (доколку секако има интерес). Поздрав

    DSCN1445.JPG
    DSCN1446.JPG
     
    На Mrs.Bass, Annath, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.