Многу сакам пица,ама да биде тенка и да нема многу од состојките!Најмногу ја сакам со свежи печурки,кулен и маслинки.
Oд пица Xат, оваа ми оставила впечаток, ама тие кифлите беа со сиренце, и Kипарската пица исто од Xат, тие две од овој бренд, дугите онака инаку омилена Kапричиоза, со многу печурки
Ред кафе би требало да има. Се наоѓа во Аеродром и нас до Пржино ни имаат донесено. Не сакам многу пица. Ептен, ама ептен ретко јадам, освен ако не се собереме друштво па да јадеме кај некого дома. Кога веќе нарачувам се одлучувам за капричиоза. Пред една недела за прв пат пробав друга пица. Ми ја фалеа македонската па решив да ја пробам. Ми се допадна, иако малку оскудна ми беше. Сите работи кои ми ги имаа набројано дека треба да ги има, беа заменети со други.
леле ве молам само сликите од пици не ставајте , на диета сум , а се влегувам во вакви теми Сакам домашни пици , бидејќи си рендам кромид и ставам многу,многу сирење Во ресторан сеуште не сум сретнала пица со кромид Летово пробав пица со брокула и јајце и стек, ммммм преубава беше !
Ммм јас си обожавам пица и често знам да си направам дома,а и да си порачаме кога ќе се собереме друштво или со душлето во домашна атмосфера заедно со филмче мм убавини .Најмногу ја сакам пица Капричиоза,но исто така и Вегетиријаната ми е убавка .А дефинитивно мора да ја пробам и таа Лудото погоре што ја има постирано,само овде не сум нашла ваква .Ај ќе ме части една ко ќе дојдам Скопје па ќе ја пробам
Ааа ништо ilipili, за да те части таква пица ќе мора негде подалеку да те однесе да се прошетате Во Скопје сеуште нема Пица Хат пицерии .
Јас јадам пица како и сите нормални . Ама не ми е нешто најомилено јадење, особено ако е пренатрупано со салама . Вака сакам со кашкавал, мноогу печурки и кечап (салама да нема или ептен малку). Повеќе пастрамајлија си јадам јас, да се знае од каде сум .
Koлку сакав на времето ееј, последниве неколку месеци скоро година воопшто ми се нема пројавено желба за да одам на пица.