Ахххх што ми направивте со темава, колку ми се пријаде пица, мммммммм. Мене омилена ми е пица со морски плодови, со 4 вида на сирења и пицата што секогаш ќе ми остане во памет што ја пробав во Италија е 7 вида на сирења.Немам нешто повкусно пробано
Не ми се јаде пица секој ден јадам на школо!! Сепак ако некој ми даде сеа би земала ама само од пицеријата шо ми е преку пат!! Мммм најубави пици прават
Јас дури денес дознав дека постои македонска пица, летна и зимна. Може некој да ми каже начин за приготовка на летната? И колку отпрлика чинат малите пици во пицерииве низ помалите градови? Средните кај нас се по 180.
Koj што е од Прилеп (или некогаш доаѓа во Прилеп) секако нека ја проба пицата од Гарфилд. Најдобрата пица дефинитивно!!!
Секако дека КАПРИЧИОЗА! Има полупечени теста за пица,замрзнати и ке си купам такво и дома со кечап ке си го намачкам,ке си изрендам кашкавал и ако има шунка си ставам и печурки и се пече од 5 до 10 минути и прекрасно е ! пробајте а евтини се тестата,има големи и мали и можете како сакате да ја правите по ваша желба и не се пече многу,плус ја вадите таква топла убава со кашкавалот растопен,ммммм..
од тие полупечените најубави ми се оние во КАМ маркет Трио мислам се викаат, како и да е... сите пици ми се убави само да нема од тој глупавиот растителен кашкавал...