Порано нарачувавме по тел. од Телепица имаше една Македонска, со кромид на тркалца, свеж патлиџан и пиперка, навистина убава.
Луѓе да пробате што е пица во Ресен,во Roma Преубава е! Во центарот се наоѓа. Иначе најубава ми е стандард,капричиоза, ммммм
Во Скопје најубавите според мене се во Костарика ( 2 во 1, зошто ми се и најпрактични со достава), во Џино е фантазија пармезанот, и во Венето е одлична, поради оригиналниот и афтентичен доматен сос.
Убеливо највкусна пица што сум јадела во Скопје е во Пицерија 511! Буквално секоја состојка е погодена - кечапот, пармезанот, печурките и се’ останато. Јас што не јадам печурки, овде ги пројадов
Јадам често пица и сите ми се убави, но највкусна ми е вегетаријанската( со печурки, пиперка, домат и маслинки) мммм
Оо пица пет сум јадела и некако не сум многу задоволна т.е. не се лоши пиците ама не ми се некако по мој ќејф
Може ли бројче некое од пицерииве имаат достава така ? и како стојат со цените дека немам нарачувано од тука
Капричиоза е со печурки! Фрути ди маре е со школки и останати морски плодови, а пицата што ти ја јадеш, само со салама и кашкавал се вика фунги, мислам!
Костарика се наоѓа пред градски парк карши фонтана, и зависи од локацијата на доставување, ја сум им на 2-3 мин и ми е бесплатнс доставата.Бројот им е 3137899 .Капричиозата најголема е 310, а феноменална е и Костарика пицата најголемата е 400 и нешто ама преполна и тешка е. Кватро формаџи и кватро стаџони исто им се топ, ама поретко ги нарачувам. Џино и Венето се ресторани.
Во Венето пицата многу ми се допаѓа, исто позитивни коментари имам и за Балила, Енрико, Пица 5, Густо и Дион. Во Ред кафе не ми се ништо посебно, порано ги сакав, сега некако не ми се убави. Гледам нешто Доминос пициве се доста популарни моментално, ама и тие не ми се ништо специјално. Инаку како љубител на сирење и кашкавал ја обожавам Кватро формаџо.
Пица ми е едно од омилените јадења. Најубава ми е Кватро Формаџи. А како пицерии во кои што сум јадел, најубави ми се во Костарика, Смог, Сезам (не е баш пицерија туку пица на парче) и Гиго.