Има и здрави пици . @Marick14 Според мене има многу подобри пици кај нас од тие на Доминос, имав коментирано во темата за Domino's pizza. Сепак тоа е до вкус, така да најдобро е да пробаш и да процениш.
Во својата оригинална форма, пицата спаѓа во здрава храна. Значи без сите овие чедари и разни други "пластични" кашкавали и шунки или кулени или пеперони. Или оние хард-кор американски пици со Филаделфија сирење во кората Пицата е тенко тесто со моцарела, доматно пире (не кечап) и босилек. Боите на Италија Понатака, има безброј варијанти - печурки, модар патлиџан, пиперки, кромид, маслинки, спанаќ, рукола, копар, лукче, разни (ниско маслени) сирења и кашкавали, рикота, сусам, најџела сатива (црно семе - дава пеперминтест вкус), туна, сардини или инчуни, пилешко или мисиркино месо, авокадо, песто сос, капери, магданос итн. - доматен сос, тиквичка, моцарела, капери, маслинки, лукче, магдонос - доматен сос, песто, моцарела, босилек - козјо сирење, лук, оригано, црн бибер, босилек, пиперка - моцарела, рикота, козјо сирење, пармезан, мајчина душица - рикота, доматно пире, модар патлиџан, оригано, и маслиново масло во доматното пире, домат, босилек За оптимален вкус, тиквичките, модриот патлиџан и пиперките се прават на грил тавче. Еве неколку рецепти под 300 калории http://www.myrecipes.com/recipe/quick-p ... 000399172/ http://www.myrecipes.com/recipe/mushroo ... 000642343/ Мои фаворити се пиците со печурки или сирења.
Вчера јадев во Ред (Аеродром) и многу добра им беше пицата. Само малку повеќе печурки имаше али супер беше.