У кам ја имаш таа со зеленчук , убава е ептен, и јас тие ќњ ти ги препорачав. А и со 4 вида сирење од кам исто, ептен убава ..
@BeMyFriend Јас би ти предложила попрво да си порачаш од некаде или да си купиш замрзнато тесто за пица, па сам одозгора да си додадеш состојки по твоја желба
Па не е и тоа лоша идеа, ќе ми исецкаат на деликатес. Кога сме кај тестата Трио, Frikom или некое ново има кое не го знам?
@BeMyFriend Може било кое од тие попознати брендови. Нема да утнеш. Така ем ќе си ставиш што сакаш, ем посигурно за добар вкус
Леле кај ми се отвори сеа темава. Пица значи обожавам, не одбивам никогаш. Праиме и домашна со месено тесто ама и порачувам еднаш месечно обавезно. И многу маани наоѓам, не ми се свиѓа од секаде, омилена ми е од Портофино пицеријата, зимам најчесто од таму, од Костарика исто е добра ама не си можат со Matto Napoletano дефинитивно, тоа е стварно перфекција од вкус, штета што се толку скапи па не можам да си дозволам таков луксуз често. А овие смрзнативе не ми го прават меракот, мислам може да пројдат кога сум гладна и неам ништо па така набрзинка да се најдат ама не е тоа тоа. Таа од Кам вегетаријанската не е лоша ама реално дома поубава се праи и не вреди толку, не е којзнае што. Од Доминос како ви се свиѓа? Мене ич, никаква ми е.
Имаш во кипер маркет убави смрзнати пици. Јас имам земано капричиоза, 99 денари е, се пече одмрзната 10 минути. Имам додавано одозгора кашкавал, сирење, печурки и сл. преубава е. 10 минути само на долниот греач ја печам, предходно крајчињата и ги премачкувам со маргарин. После печењето ставам фолија врз тавата да стои 10 минути да омекне. Преубава е.