ОК ми се мене готовите пици од КАМ кога ќе додадам кечап/сенф/зачини дома, ги имам пробано и само капричозата e flavourless, другите проаѓаат.
Везувио е подобра на оваа фирма. Ако ти е за пеперони, поарно земи си од Кам. Ама немаат сите луѓе ист вкус за храна, шо знам.
Ги знам тие од Кам, не се нешто ама ај како што рече можат да поминат, а и сигурно тие од Кам се поевтини, овие вчера ги глеав у Рамстор скапи, ќе ги земев ама се предомислив и ги остаив, си викам да не се безвезни.
Нема врска цената, не ни запазив колку чинат, тие од Кам ми се повкусни, т.е. од сите готови замрзнати пици мислам дека се најдобри. Frikom и Twins низ другите маркети се онака, eatable видовите што ги купив. Имам пробано од уште две други фирми: тесто без вкус.
Да, да, така е, затоа викам, ем скапа, ем па можно е да не чини оваа од Тwins, кој ја знае, викаш ти онака била, ништо посебно. Реално мене не ми се ни тие од Кам нешто посебно ама да, коа си гледен и ти се јаде, и те како се добри, тогаш маани не им наоѓам. Тие од Кам мислиш на Gusto? Ај пиците не се лоши ама коа пробав пастрмајлија од нивните, ужас ужас невиден тестото. А таа вегетаријанската од Кам е исто добра, може да речам и најдобра од сите, таа нели друга фирма е.
Има во Кам три вида на пици од фирмата Алберто: Кватро формаџи, Маргерита и Прошуто, тие се полско производство. Густо е македонска фирма, ако не се лажам. Капричоза од Густо мене не ми се допаѓа, но Пеперони ми е добра. Вегетаријанската не знам чија беше.
Се молат сите членови од подфорумот "диета" да ги скокаат темиве во гурманско катче посебно темава "Пица"
Само Mamma Italiana, толку им се убави пиците значи врв... Никогаш не ме разочарале и не им се мрсни пиците како што им се на Jakomo. Имам јадено: кватро стаџоне, тоскана, кватро салами, кватро формаџи и нивната мама италиана. Фаворит тоскана, само се зезнувам што многу јадам од неа и после ми паѓа притисокот од лукот Инаку секогаш топла пица ми се погодило и релативно брзи се, не ги чекам како што сум чекала од Jakomo барем до сега. Уште еднаш сите пофалби