Потпишувам Порано живеев над редкафе и си јадев таму редовно па случајно ја пробав, не се ни сеќавам сега дека вака се викаше, ама стврано беше преубава. Ја прават уште? Ќе тркнам деновиве, арно ме потсети Мене омилена ми е онаа со 4 видови сирење/кашкавал (cheese). Каква е солена, мх мх. Ја обожавам и со кулен Си ја сакам и стандард капричиозата. А летово се утепав јадејќи пица со ананас, кашкавал и сос од домати. Прво ми беше одвратно да пробам, али од коа пробав неможев да престанам. Штета што ја нема кај нас
леле пица аххххххххх таа пица , е баш ти фала ова што го видов во 3 ипол наутро и ми се пријаде сега инаку СЕКАКВАААААААААА ми е најубава и највкусна (освен пица со туна) Поздрав Инаку ако сакате вкусни највкусни пици "Пица 5" проверено најдобри
Секако дека сакаме вкусни пици, ама не знаеме кај се наоѓа ПИЦА 5 Некој спомна погоре Ред Кафе, и освен што се вкусни , таму се и најголеми пиците за најмалку пари. Мала 130 денари , а огромна е И во Балила не е лоша пицата. Инаку омилена ми е наполитана плус павлака.
Јас си јадам во Ред Кафе ама јас сум калсика (капричиоза) а може да се каже дека најубавата пица Фрити ди маре е во Еквестријан мммммм време за доручек а јас си правам муабет за пица
Аааааааааа Пица 5... ги обожавам, ме научија веќе, еднаш неделно обавезно порачка правам. Иначе имаат и во центар, јас од таму нарачувам. Не е скапо, пицата е мх мх мх тенко тесто и еден тон мастрав на него, и што ми е најбитно за 15 мин ја носат пицата и не се плаќа достава.
Во последно време прва на листа од пицерии ми е Костарика. Посебно македонската (мх мх еве веднаш осеќам зголемено лачење на плунка ), па и капричиозата, па и таа со кулен пренајубави ми се. Ќе затепам некој за пица од Костарика
Леле кај залутав на оваа вкусна тема! нјам нјам! Капричиоза ми е омилена и ја јадам со многу кечап! Јадам и македонска со пиперка,домати,кромид,кашкавал,паршут... А јадам и пица-пастрамајлија која всушност е капричиоза пица но појачена со пилешко! Уфф ми се пријаде сега било каква,само пица да е!
Леле зошто ја отворив темава. Значиии обожавам пица, особено капричиоза со многу кечап и печурки. И македонската ја обожавам. Колку ми се пријаде сегааа.
Едно време секој втор ден јадев пица капричиоза.сега од што ја прејадов не можам да ја смислам( ова до кога ќе трае не знам)