Што мајка барав да ја отворам темава, намерачена бев да јадам во Мек Доналдс... А сега се двоумам . Дефинитивно капричиоза, или дома потготвена од вештите раце на вереникот, или од Дал Фуфо , една фамилијарна и една мала, 2 литра кока-кола = доживување оргазам
Моето омилено јадење, и исклучително некаде надвор ја јадам, капричиоза или преклопена со ПРЕМНОГУ кечап (доматен сос). Дома подготвена не е тоа тоа, друго е шпорет друго е фурната во пицериите
Мммм Pizza ! Море неможам да си помогнам, едноставно ја обожавам! Ако некогаш сум на некаква диета се ќе одбијам ама пица не Иначе обожавам да јадам капричиоза , ама некогаш јадам и маргарита и уште една пробав пред извесно време кај една другарка ама незнам како се викаше
Најубава ми е домашната пица. Ставаш се што имаш во фрижидер Една од поомилените пици дома што си ги правам ми е кромид пицата. Ставам кечеп па рендам кромид и потоа рендам многу сирење и ептен малце салама. Мммммм . Леле кој ме тераше да ја гледам оваа тема
ауфф ова болеше самата си се издисав пуу бе како ми се јаде една пицаа леле така да ја смачам да не и дадам да побегнее уфф кока кола до мене папаапапапапапап капричиоза - дефинитивно идам да спијам може да си ја сонувам па да си се нагостам во сонот
Обожавам пица. Можам секој ден да јадам и да не ми стане одбивна Инаку, најмногу ја сакам пицата што ја прави мајка ми и постојано ја молам да правиме. А исто вкусни ми се мајонеза и капричиоза И ве молам не ставајте слики вака, ме стрвите
Гајле ми е за калории, од пица, палачинки, бурек, пирошки, чоколадна торта и се остало не се откажувам. Пица - најубаво капричиоза, со мноооооооооооооооооооооооооооооогу кашкавал.. Мх, мх мх..
Омилена пица ми е таа што ја правам јас, односно заедно со мајка ми. Домата, кашкавал, печурки, кулен, домат и кромид на кругови исечени, коцкички сиренце и оригано. Прсти да излижеш! Инаку кога сум надвор и треба да јадам пица - двапати годишно - порачувам некоја што има многу кашкавал или со павлака. Мхмм... Сега еве ми се пријаде, ама нјемат.
Најубава ми е Капричиоза ,само без кашкавал ( не го поднесувам ) , по можност во Систерс - Битола. Никој освен нив ми ја немаат погодено како што ја сакам, со свежо печурче ,шунката им е закон ,абе ексик , ми се пријаде