1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишувал пораки со друго девојче...

Дискусија во 'Канта' започната од Lost, 12 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Вакво нешто да му простиш :!:
    Зад грб даправи матни работи -да вели на друга девојка дека ја сака,да прави лажни профили-т.е. те понижува тебе :o
    Ај да си 14,15 год да те разберам некако да те залаже,ама да му опростиш на твоите години,хммм не ми е логично :?:
    Очигледно дека дечко ти си игра со тебе,вакво нешто не би опростила никому,ова е еднакво на неверство-ако веќе не те изневерил со таа :!:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    |(
    дечково те сака, луд е по тебе, не те вара никако!
    среќна си сега? :)
    Tрендафилка само ти ја кажа вистината, а ти како сакаш прифати ја! и бај д веј, не се прави паметна, таа си е паметна ;) ! Cамо не ми е јасно каква помош сакаш??? :^) тешење, рамо за плачење? кажи си, ќе се потрудиме да ја изиграме и таа улога, нема проблем! Aма мислам дека си побара совет, и да за твоја несреќа советот на Tрендафилка е 100% вистинит
    Tаа ти даде Hајискрен совет, а ти како сакаш сфати си го ;) Hадевај си се дека дечко ти ти е верен, спиј си на тоа уфце, ама немој утре пак да плачеш :wasntme: па после ние сме биле во право!
    Tака почнуваат тие работи, од нет, фб :wasntme:
    A веќе ако си дошла овде да те тешиме, си требала да го потенцираш тоа :!: !
    ајде поздрав сега, гет лост :*
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    ти девојко ако имаш 19 години ....сигурно имаш закржлавено не гледам друг спас овде..и оди простиму мислам дека од сите совети барем нешто ти влезе :) поздрав;)
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Бреееј арогантноста што ја приметувам кај некои девојки што се подолго на форумот во однос на поновите (како овој случај) ги преминува сите граници. Некои до толку се 'удомиле' што се понашаат како новиве да им седнале у дневна на маса. Какви се тие навреди јас имам 26 год. и користам фејсбук имаш нешто против тоа??? Девојчето си има проблем и има многу начини да се каже она што ти го мислиш за нејзиниот проблем а да не звучи вака како што звучеше. Ако си напната оди исексај се можеби ќе ти помине...[/quote]

    :^)
    Не знаев дека искреноста е еднаква со арогантноста :^) !
    Но, судејќи по твоите постови во политика, се гледа дека немаш допирна точка до реалноста :)
    Како и да е, остани поздравена :hai:
     
    На Rock-a-Fella и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Банално е ова да претставува проблем за девојка на твои години. Зошто да има лажен профил? Му ја прелистуваше листата на пријатели секојдневно? Која е ова? а оваа? а? а? (немора да е така - прашувам)
    Можеби го гушиш, можеби сака да си створи некој свој свет каде ќе биде некој друг, нечив друг...сам и слободен... а сепак твој.
    Банално е да ги навредуваш оние од кои бараш совет.
    Банално е да те сметам за трол затоа што тебе ова ти е проблем.
    Банално е да ти кажам дека по некоја година кога некоја девојка на овој ист форум ќе постави ваков проблем...ти ќе се смееш...и ќе оставаш коментари како што сега добиваш од девојките кои на оваа гледаат со разум.
    Банално е да бидеш вулгарна.

    И какви се тие глупости за кланови, лидери, главни и незнам какви се не девојки на форумов. Кој може да биде главен???????? Може да биде препознатлив по стилот на пишување ( респект за пирамидче ) , може да биде негативец, се нешто - ваков :( или девојка со постови кои знае да не развесели.

    И таман работа ако сите исто мислиме...отидоа во стечај форумиве :)
     
    На agirl17, Rock-a-Fella и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Читам и не ми се верува :^) Божеееееее абре ако некој рече браво супер е дечко ти,те сака само така му дошло,несакајки тогаш во ред е,а ако ти кажат негативен одговор е тогаш лоши се и арогантни?Многу убаво пишаа погоре кога си се решила да пишеш тука треба да си свесна дека ќе добиеш и негативни и позитивни коментари не мислат сите како тебе,и самата БАРАШ МИСЛЕЊЕ или па не...а кометари од типот да се исексаш воопшто не и одговара на културна девојка од 26 год. :x(да се надоврзам на другата девојка )
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    А, бе, мајтап ли си играте - вие двајца меѓусебно, а ти со нас ?! :^)

    Бог да чува... лажни профили, си пишувал, не знам тоа, не знам ова... не сте мали деца мајка му стара, ако гледаш дека не оди крај и готово. Стварно не можам да ги сфатам некои луѓе, најмногу од се мразам тупење, а ова е баш тупење. Па било вака, било нака, пишувал не пишувал...

    Ако мислиш дека треба да простиш, прости ама и продолжи понатаму... како што разбрав веќе си простила, значи пак се тупиш :?: Ако не простуваш, чао пријатно и готово...
     
  8. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Па судејќи според твоите постови не ме чуди што почнал да комуницира со друга девојка,кутриот толкава му била маката па дури и друг профил направил ..
     
  9. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    еве јас лично не сум многу долго на форумов можеби 2-3 месеци но досега не сум наишла на арогантност од постарите членови.Напротив доколку ги читаш малку поопширно темиве и нивните коментари ќе се пронајдеш у нив и ќе искористиш многу добри нивни совети во своја полза.Позз трендафилка досега бар јас немам лошо мислење за твоите постови ;)
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ух односов ти е прекраснотија! Научи се да прифатиш критика и реално да ги прифатиш работите. И седни да разговараш очи во очи со него кој ќе ти помогне тука?! Всушност како ќе ти помогне некој од тука за таков проблем?! Никој не ги знае причините зошто тој го прави тоа, затоа доволно си голема и возрасна сама да расудуваш што би направила. А тој чим направил друг профил реално е неизживеано детуле со хормони распрскани насекаде. Никој не прави нов фб профил без причина.

    И вака јас сум нова на фемина сосема одлично прифатена. Не знам што е филмов денес со тоа нови - стари.
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ноуп. Вака иде: Ако нешто се случило еднаш, немора да значи дека ќе се случи двапати. Ако се случило двапати тогаш со сигурност ќе се случи и трет пат.
    Или на енглески :D Fool me once, shame on you. Fool me twice, shame on me

    Заклучок: Секој заслужува втора шанса. Секој греши. Девојката веќе му дала 2ра шанса, сега и останува да се надева дека нема да ја злоупотреби. Нека учи од грешките

    п.с нема врска нови-стари. Не претерувајте. Јас бев нова па не се осетив инфериорно, ниту некој пробуваше да ми наметне. Сите некогаш сме биле нови
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Девојче ако си решила да му веруваш тогаш заборави се и продолжи понатаму, инаку нема спас. Ако те јаде сомнеж врската секако нема да успее, само ќе си ги скинеш нервите, а крајот ќе биде ист. Тие ти се изборите, па како сакаш така.
    Сите кажуваме мислење, што ти одговара прифати, што не, не мораш и чао пријатно.
     
  13. Lost

    Lost Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    за тие шо мислат оти не прифакјам критики ...не е точно ,само ми е чудно зашо вие истите мислете дека е мал проблем или како шо ИКС од вас кажа дека е лажен мојот пост ама ок ок...нема веза кажав ФАЛА ВИ НА СИТЕ ЗА СОВЕТИТЕ како шо кажа Х некои ке ги прифакам некои не...тоа си е мој проб позззззз
     
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Тешко е кога ќе изгубиш доверба што е сега и случај со тебе, и те јаде веќе три месеци иако си му простила. Ако мислиш дека се ќе функционира со тоа што ќе го потиснеш ако не мислам дека треба да бидете доволно отворени за еден муабет, зошто вашата врска трае 2 години, прво треба да си ја дознаеш причината зошто го направил тоа. Не знам друго решение освен муабет или да се помириш со тоа. И секако дека е проблем за тебе кој те вознемирува, ама и навистина решението зависи само од тебе.
     
    На Lost му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Уште самиот наслов кога го видов се изнасмеав. Едноставно можеше да прашаш во љубовни совети, совети од машки за женски, кај се отвараат теми за секаква глупост.

    И совет-направи си и ти лажен профил и пишувај си пораки со друг дечко, врати му мило за драго бе што се замишља он дека е кинеска кралица? Ма ајде ич не ги шишај шмекај други, макар и по фб. А баш ме интересира како се мувате на фб, тоа ми е мистерија, некако животов почна да ви се вика фб, уживајте бре малку надвор на сонце у природа, нека ти набере зумбулчиња, бидете романтични.
    Ако толку сакаш да му бидеш верна а сакаш он да пати, еве и јас ќе направам "лажен" профил демек сум машко кажи ми ти кој ти е тебе "лажен" профил и ќе си пишуваме како дечко и девојка, и по две недели стави го пасвордот од лажниот профил на видно место да го открие дечко ти и уживај додека се нервира и тој малце :* Како сакаш да се викам ? Кое ти е омилено машко име? :lol: ;)
     
    На agirl17 и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    па после зошто била ЛОШКА...епа ете затоа :)
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Лажен профил обично прави дечко кој што има потреба од ништо друго а забава со други девојки т.е секс и ништо повеќе. Тоа што е само секс, а тебе те сака не треба да ти е доволно. Доволен нека ти е фактот од ова првото и она што тебе не ти кажал дека има профил, не ти кажал дека комуницира со некоја девојка и впрочем од каде можеш да знаеш ко што и самата велиш дали се видел или не со девојката. Имав 8 годишна врска и ја прекинав веднаш. Тоа беше лани значи сум имала 27 години кога ја прекинав. Тешко, тажно е ружно е и се по ред... ама слободата ми е по убава и се што таа носи е поубаво, одошто тоа што ти го имаш или сум го имала. Не ти е потребан.
    Некој за да те лаже секогаш ќе најдеш, работата е да имаш нешто подобро од тоа. А, со седење и чекање покрај таков верувај само ќе си го загубиш времето. Продолжи си замини си едноставно погледни ги дечките околу себе, сигурно има такви на кои им се допаѓаш. Врати си ја самодовербата, чувствувај се убаво заради самата себе си и тргни се од секоја ситуација во животот, како оваа која што ќе те направи да се чувствуваш одвратно, да се сомневаш и да си го трошиш времето и животот за ништо.



    А И СОВЕТОВ ГОРЕ ТИ Е ДОБАР искористи го... но потоа, откако ќе му вратиш тргни се од него :)
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Девојко beat it може да слушам само од Мајкл Џексон од никој друг...
    За мојата многу културна реченица на крајот од мојот пост-ја пишував на твое ниво надевајќи се дека така ќе ме разбереш...

    А за тоа дека си се трудела од петни жили да бидеш што покултурна-ти верувам-некои дури ни со најголем труд не можат да извадат култура од себе...
    Срамота е ова исмејување на девојчево со вашите коментари само ја докажувате сопствената глупост и баналност не нејзината...
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Луелуеее мааа не ми вади муабети :rofl:
    Најбољи совет доби од мене, уште да го прифати ќе се викам како сака он(а), не е свесен(на) колку знам да глумам и да симнувам звезди и да бидам хомо настроена.
    Последново ми излета хахаха, ах ма sanjaeva малку фали да ми го уништиш филмот, сега ќе се исплаши, ќе помисли дека имам задња намера :lol: , а не дека немам... (homo)

    p.s.

    Девојки не се карајте, баш сте ми фини двете вреди ли ова за вакви препирања, забавувајте се кога има повод за тоа не сфаќајте се толку сериозно.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lost

    Lost Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    [mod-navredi:2q87hfxa][/mod-navredi:2q87hfxa]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.