Здраво Темава ја отворив за сите нас што пишуваме книги. Имам една завршено и неколку почнато. Имам идеја за уште една која мислам дека ќе биде најдобра од сите. Темава всушност ја отворив за да споделуваме мислења за пишувањето книги, да делиме совети како на пример имиња на ликови, наслови, ситуации, да си помгаме меѓусебно... Ако некоја од вас има завршено некоја книга (па и издадено, зошто да не) можее да ја споделите овде со нас, па и ние да ја прочитаме Јас сеуште се мислам за името на главниот лик во мојата нова книга. Се рабои за силна девојка, но сепак чувствителна, за убава девојка која никогаш не плаче. Токму тоа е насловот на книгата, иии... ќе има тажен крај Би сакала самото име да ја опишува. Некои идеи? Можете да учествувате со предлози и вие кои не пишувате книги, сите се добредојдени. Спојлер Не сретнав ваква тема, ако е дупла, се знае.
Многу сакам да пишувам книги, не мислам дека ме бидуват ама обожавам имам некои почнато но за жал се недовршени а имам илјадници теми (сите се љубовни) За името на девојката што си ја замислила.. Незнам дали бираш имиња од македонско потекло или некое странско име ама имам предлог за странско пр. Амелија ме асоцира на огон а сепак нежно, за мак. не ми текнува .. гуд лак
Идеи за име.. Според тоа како си ја опишала девојката, би можело да биде: Валентина (тоа е значењето на името силна), Андреа, Елизабета (ова искрено не ми се допаѓа, но значењето е „чувствителна“). А, убави имиња се и: Аника, Надја, Софија, Марта. Од странските (ма да и Аника и Надја не се македонски имиња ) може: Скарлет, Матилда.. Се надевам ти се допаѓаат. Инаку јас имам почнато еднаш книга, не бев доволно сконцентрирана на тоа и немав време и ја оставив таа работа за понатаму.
^ Мене па никогаш не ми биле толку важни имињата (можеби затоа што и не памтам имиња, па се задржувам на приказната ). Како и да е, во моите пишуванки нема имиња, постојат само таа и тој. Некогаш пишувам и во прво лице, па правам збунки по фејсбук кога ќе објавам некоја песна, затоа што сите мислат дека личниот живот го поистоветувам со поезијата Што тотално нема врска. Со задоволство би ја прикачила целата книга овде, или барем корицата (која патем, јас да ја креирав, немаше толку убава да ја направам). Ама после ќе ви биде многу лесно да ме најдете која сум Книгата беше издадена пред скоро три години, а од тогаш па наваму имам уште многу песни напишано. Некогаш знам да седнам на фејсбук (бидејќи таму се подредени по датум на објавување, а на компјутер по азбучен ред) и да си ги читам песните што сум ги напишала пред неколку години. Па да видам колку во меѓувреме сум пораснала и сум го променила начинот на пишување. Не знам дали овие песни ќе доживеат печатено издание, тоа не ми е ни приоритет или некаква цел. Важно имам една своја книга, со моја слика и кратка биографија на задната страна. За ете, да си ја чувам на полица и здравје еден ден да ја покажувам на внуци
Во врска со странски-македонски имиња, на почеток многу странски имиња, ама после ми текна дека поубаво би било да бидат македонски бидејќи сепак јас сум македонка. Најмногу ми се допаѓаат невообичаени македонски имиња. Фала ви на предлозите. Амелија ми се допаѓа. Можеби. Поубава содржина не сум можела досега да измислам и самата си се чудам. Ај да не испадне дека се фалам. Вака не бев сигурна за името за претходната книга и до втора-трета глава стоеше таа и наеднаш го уфрлив името, многу глупаво излезе. Денес сигурно ќе ја почнам, само 15-минутно барање на име, ако не најдам ќе биде Амелија. Ви благодарам
Пак јас. Сама си ја отворив темава сама си пишувам. Инаку се одлучив за Амелија. Преубаво име. Машкиот лик се вика Ник. (римава ) На почеток го мрази, затоа што и рекол дека ќе ја натера да заплаче, потоа се повеќе и повеќе го сака, а не го признава тоа бидејќи е девојката која никогаш не плаче, а со тоа не е чувствителна и не верува во љубов. Потоа имам некои среќни мигови каде уживаат... Тука имам и еден говор кој уште од лето не знам каде да го ставам. На крај таа ќе заплаче кога тој ќе умре. На местото каде ќе падне солзата ќе израсне цвеќе. Хаха, не. Како па многу да ви е гајле. Инаку јас многу развлекувам додека пишувам. Сакам постојано да пишувам надолго и нашироко. И понекогаш се случува дејствата од цела книга во една недела да се случуваат. А за оваа имам сцени и за зима и за лето, којзнае како ќе успеам
Е мило ми е што ти се допадна и јас многу си го сакам тоа име, и да ние е гајле па сподели пак нешто од приказната
Денес смислив повеќе детали, најмногу инспирација имам за крајот. Пу бе. Инаку заборавив да напоменам дека само тој нејзе ќе ја вика Мели.
Мој Роман значи вака: почнав да пишувам без некоја причина или било што. По македонски ј. наставничката ни даде задача за дома да напишеме расказ за љубовта. Јас пак премногу се внесов во улогата на писател па решив да продолжам со пишувањето... си реков сега: "ајде лајтнинг, ти можеш да напишеш цел роман". е сега јас ќе си го напишам, од тоа не се откажувам но да ја испечатам и да подарам по еден примерок на најблиските или да си ја зачувам за мене... може уште што ли не да помислат. или пак да ја предадам книгата на наставничката па со неа да се посоветувам... Мислења?
Ти прво напиши ја, а потоа е лесно. Јас немам многу напишано од мојата, но моја слабост е што се’ ограничувам на малку ликови, а и во оваа книга воопшто не гледам потреба од тоа. Нема да се лоши неколку имиња да дадете предлог, можеби ќе се најдат. И, да. Ми треба име на негативец, убиец, одмаздољубив, машко и девојка. Ќе ми помогнете или сама да си најдам? Ана, можеш и на компјутер да си ги подредиш по ред. Само претисни на Date modifiet или така нешто, тоа се наоѓа во фолдерот најгоре.
Јас вчера почнав со пишување на книга.Има наслов ->Дневникот... Се зборува за една девојка која на 17 години ќе го дознае неочекуваното од очекуваното..Засега си терам,напишав вовед од една страна и прва глава од 4 страни..имињата сами ми доаѓаат,во текот на пишувањето ми се берат идеи и си пишувам што како...Главната личност во мојата книга,Екатерина Каледак,која потоа дознава дека всушност нејзиното презиме е Наваро,ја пишува книгата во третата доба и сеуште и’ се свежи сите мили и немили спомени..Нејзиниот живот е вистинска драма кога ја дознава вистината за нејзината мајка а и татко и открива дека има сестра,со која биле другарки,но таа не знаела дека тие двете се крвно поврзани...Тежок живот имала и така... Ако најдам доволно слободно време би ја прикачила целата книга овде или некои делчиња од неа... Инспирација?Не знам од каде вака,така ми дојде ајде Симона книга ќе пишиш...и ете се внесов во книгава како Толстој да сум
Спојлер Знам дека секое второ мислење е од мене, ама што да правиме ^ Инаку слична приказна имам и јас. Само што Клеа е посвоена, наеднаш дознава за тоа, во домот ги запознава сестра и близначка, брат и и мајка и. (ме мрзи да ставам надредни знакови). Ко шпанска серија е. Па посвоителите ја напуштаат, ја оставаат. Ама таа ми стои недовршена. Што знам, не ми се пишува, во сегашната верувам најмногу. Ќе ставам извадок понатака, сега не е интересно.
јас мојата поголемиот дел го изменив, така што повеќе пишав за осамениот живот на Кетрин и ненадејното запознавање со едно момче Ник. Сега тој се сели во Русија и ја остава неа повторно сама во Л.А. за името. да биде :"осамениот живот на една тинејџерка". "ти си Осамена?" или? Инаку книгата ќе ја испечатам во најблиската книжара и примерок ќе дадам на наставничката по маќедонски и некои од другарките. Зависи кој ќе сака.
Па добро би било пред да напишеш книга да знаеш дека маќедонски се пишува со к Инаку и во мојата книга главниот лик се вика Ник
знам дека се пишува со к, но брзав па згрешив. вака не грешам во книгата. инаку: каква коинциденција за името
Знам дека можам така да ги гледам, ама на фејсбук ми е подруг филингот. Како времеплов ми е, си ги читам и коментарите, па можам полесно да се ориентирам за тоа во каков период сум ги напиша
Со мојата книга стигнавме до разти пресврти...и така 18 странички се напишани и 4та глава започнувам... Напишав еднаш една книга...ама кога подразмислив ми беше слична како Имотот на дамата..па после си реков..неее... И така оваа книга директ од мојот мозок,никаква дама,никаков имот
Спојлер Во ред, како сакаш. Симона, и мојата прва книга е слична на Величествениот Оваа сега нема апсолутно никаква врска со серија, инспирација како што кажав ми е говорот под зајдисонце, пред море, на истото место каде прв пат излегле, кога таа не сакала да излезе, но морала, поради предизвикот, а не била свесна дека судбината излегла пред нејзе. Предизвикот трае еден месец, но таа незабележително продолжува да биде со него, се додека не сфати дека навистина го сака. Тогаш се случуваат прекрасни работи, кога се забавуваат на снегот, трчаат, потоа доаѓа лето и сцената со зајдисонцето Но тогаш дознава дека Ник има некои неразрешени сметки со некој кој сака да му се одмазди (уште не сум смислила какви), па сакаат да го убијат, два-три пати се спасува, но кога тој ја кани на романтична вечера, кога го прегрнува ги затвара очите, а кога ги отвара, гледа прилично оддалечен човек со пиштол. Таа викнува и се поттргнува, а куршумот го погодува Ник, и тој умира, а тука „девојката која никогаш не плаче“ ја пушта првата солза над него. Не знам дали да го направам со среќен крај, зашто така не би можела пораката да ја пренесам, што викате? Ова е за Moonstone.17 , ми побара да напишам повеќе
Можи неочекуван пресврт да напишеш...нешто шо читателот не го очекува да се случи..Како во Ориент Експрес..дури на крајот се се дозна...Агата држеше до неизвесност... Иначе со книџулето мое инспирација не знам шо ми текна...уште 22 странички останаа за пишување... Ќе биде нешто од мене