1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @vinozito1 И сега кога ме заинтересира книгава,ќе ме копка што ќе се случува :D
    Од неколку реченици можеш да препознаеш каква ќе биде целата книга,а за твојата сум прилично оптимист.
    Кога ќе ја напишеш и објавиш,да не известиш тука,еве јас гарантирам дека би ја купила,посебно ако тераш во тој стил на пишување.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Девојки, гуглав за страници, зборови, manuscript-и, и останати глупости, и наидов на ова.
    Ако разбирате англиски, прочитајте го, има доста прашања кои некои членки забележувам дека ги поставиле во темава, па затоа, фрлете поглед, би можело да ви помогне.
    Мислам дека еден од нашите најчести проблеми е заглавувањето, ќе заглавиме и не можеме понатаму. :D
    Мег Кебот објаснува како да ја надминеме таа фаза.

    Бај д веј, мојата книга беше ставена на долга пауза, ама сега повторно се распишував.
    Убаво вика Мег, по една страница на ден, токму тоа го практикував. :)
    Ќе ве прашував, колку страници на Word ви опфаќа една глава?
    Мене седум страници ми фаќа, гледам Мег вели да не се повеќе од десет, па мислам дека сум тука некаде. :?:
     
    На cresa-jagoda, Eveline и SwanMay им се допаѓа ова.
  3. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Малечок извадок од романот кој го пишувам, ве молам кажете ми што мислите и како ви се допаѓа :$


    - А, знаеш ли туѓинке... Колку ми е мило што иако никако не можам да си ја одгатнам тајната од каде слета, од каде се појави тука, кое суштетство ли те доведе кај нас... Колку ми е мило што си тука. Нешто ми кажува дека имаш некаква цел, дека ќе не научиш на нешто. Моите луѓе да научат нешто од твоите, а твоите од моите... Моите да ја запознаат слободата, а твоите да ја отфрлат себичноста.
    - Себичноста? Зошто нас, земјаните би не нарекла себични?
    - Всушност, тоа е првиот збор кој ми доаѓа на памет кога ќе посакам да ве опишам и објаснам некому. Себични, потоа, неблагодарни,можете да бидете толку весели и пргави а сепак сте уморни, истоштени и секогаш имате лош збор за се’. Вашите лица имаат бои, вашите очи можат да бидат и кафени, и сиви, и сини, дури и зелени... А сепак нештата ги гледаат само како црни и бели. Нашите челични срца и железни тетиви не би ни помислиле дека од тоа далечно место од кое доаѓаш ти постојат луѓе кои можат да бидат совршени, а не се ни трудат да го достигнат тоа. Ако мојот механички дух беше способен да почувствува нешто кон вас, тоа ќе беше гнев. Многу голем гнев, туѓинке...
    - И јас чувствувам гнев кон нив. Трчаат по материјалното, а ги оставаат емоциите зад себе. И тие со тек на време ќе станат како вас...
    - Но, зошто ти би чувствувала гнев кога можеш да чувствуваш љубов?
    - Не те разбирам...
    - Мислам... - погледна надолу, како да размислуваше што може да каже без да ја повреди, па повторно го впери погледот во туѓинката - Кога јас би можела да чувствувам љубов, никогаш не би престанала.
    - Понекогаш луѓето заслужуваат се’ освен љубов, те молам поверувај ми...
    - Како да ти верувам? Како може суштетства кои се создадени за да љубат, за да бидат среќни, да чувствуваат да не заслужуваат позитивни чувства?
    - Како што и самата процени, луѓето од моето место се саможиви и себични.
    - Тоа не зборува само за нив туѓинке, туку и за тебе. Зарем не е себично да ги чуваш чувствата за тебе, наместо да ги споделуваш со секого, кога веќе ги имаш?
    - Го сакав своето семејство... - испушти длабока воздишка по која следуваше малечка пауза во која се обидуваше да ги задржи своите солзи.
    - Зошто ги криеш своите чувства!? Те молам туѓинке, плачи! Никогаш не сум го видела тоа.
    Ирис не можеше да се воздржи и заплака.
    - Туѓинке... Јас никогаш не сум видела нешто кое може да предизвика толкава среќа како плачењето.
    - Плачењето е всушност, изразување на тагата...
    - Не! Тоа е изразување на емоциите, а емоциите се нешто најубаво и најскапоцено и во овој свет, и во твојот свет. Се обложувам дека е така.
    - Имав и момче... Го сакав со целото срце пред да ме остави без збор и да ме скрши на парчиња. Како можам да бидам радосна, како можам да го сакам сега? Како можам да ги сакам своите родители?
    - Токму за таа себичност зборував. Не материјалната, туку емоционалната. Зарем вродено ли ви е, нормално ли е за вас да чувствувате толкава потреба за да ги поседувате нештата и луѓето за кои чувствувате љубов.
    - Но, кога сакаш нешто, имаш желба тоа да е блиску до тебе...
    - Колку себично! Сигурна сум дека сте способни и да сакате нешто кое не е ваше.
    - Токму тоа предизвикува болка...
    - Но зошто би сакале тоа да е ваше толку силно? Зарем не се грижите за тоа како таа личност или суштетство ќе се чувствува покрај вас? Зарем не сте способни да сакате без себично да ги влечете накај себеси, без да знаете дека всушност, на тој начин нивната среќа ја туркате подалеку од нив, а нив подалеку од вас...
    - Ти никогаш не си имала такви чувства, токму затоа и мислиш дека е толку лесно. Не можеш да ги сакаш луѓето кои те убиле во поим...
    - Прости ми, туѓинке, но по ова, јас заклучив дека роботите имаат почисти чувства од луѓето. Се сеќаваш ли како, пред неколку дена, ми раскажуваше за пеперутката која си ја заробила за да ја гледаш, за да ја сакаш и да и се восхитуваш на нејзината убавина? Размисли. Зарем вие не мразите да сте заробени во еднолична просторија, како нас, роботите? Ако навистина си била способна да ја сакаш таа пеперутка, ќе си можела да ја сакаш иако таа засекогаш одлета од твојата градина. Затоа што ќе знаеш дека е среќна. А тие бои ќе ги паметиш засекогаш. Засекогаш. И мислам дека е прекрасно да бидеш убиен во поим од своите емоции. Зарем постои побожествен начин да умреш од тој? Кога на мене ќе ми се истрошат батериите, засекогаш ќе паднам наземи и ништо нема да остане од мене. Вие можете да се борите, да сакате, срцата можат да ви полетаат... Зошто толку сакате да станете како нас кога ние се’ би дале бар на ден да можеме да чувствуваме и да бидеме како вас?
     
    На Mrs.Brain, One.Moment, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @HarleyQuinn Одлично! Многу ми се допадна поентата, и прекрасна порака пренесува. :clap:
    Не знам дали си напишала тука порано, но сепак ќе те прашам како ти се вика книгата, за што точно се работи?
    Ако некогаш ја издадеш, да знаеш дека би ја купила.
    П.С. Имаш неколку правописни грешки кои би требало да ги поправиш. :)
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам! Име уште не пронајдов, се работи за девојка која одеднаш ќе се разбуди на друга планета и ќе ја запознае токму својата :D Кога ќе напишам 100 страници, ќе си ја излекторирам со правопис под рака :D Те гушкам многу силно :hug:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Лела остај заглавувањето, ти кажи ми мене како да си ја најдам книгата :D
    Имав период кога бев скарана со инспирацијата, па ја оставив за подобри времиња. И од пусти страв некој да не ми ја најде во компјутеров и да почне да ја чита, ја збутав во некоја папка и ја крстив со некое има без врска. И сега не можам да си ја најдам! Пред некој ден ми текна на една добра идеја за да ја вклопам во настаните, седнав пред компјутер и цел саат ја барав. Кој знае каде сум ја сокрила... А не дека беше мала, мислам дека имав околу 13 000 зборови напишано.
    Сериозно, ако некој знае како можам да ја најдам, нека ми пише, ќе му бидам ептен благодарна :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    Нештo пoчнaв, oнaкa текстoви. Глaвен лик ми е женa. Нo секoгaш сo рaзни рaскaзи. Тaкa штo .. се oткaжувaм пoлекa,нo сигурнo.
    Некaкo зaглaвив,не ми дoaѓa идејa. Штетa.
     
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ни јас не сум ништо подобра. Пред екстерново, кога уште на школо одевме на лист си направив план за сите глави, за цела содржина и го загубив, секако.
    Инаку, и јас имам губено фајлови многу често, но на крај ги наоѓав случајно. Не разбрав дали му го знаеш името на фајлот, ако го знаеш, лесно можеш да го најдеш преку Start менито.
    Ама верувам дека не го знаеш името. Во краен случај можеш да одиш на My computer па горе десно во тоа за пребарување напиши "doc", така ќе ти излезат сите Word фајлови. Се надевам дека немаш купишта, ама сепак ќе ти биде попрегледно.
    Ако успееш да ја најдеш, кажи. Со среќа. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    На документот му ставив некое име без врска за да не привлекува внимание :D
    Ама ова со doc е добра идеја, макар што имам многу документи во Word, ама ќе се намали листата на барање. Инаку ќе треба во цел Safe Disk да барам, нема шанси тоа. Фала за идејата ;)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nelisumsrce

    nelisumsrce Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    9
    Јас имам идеи за пишување книга, отесекогаш ми било сон да издадам книга, но проблемот ми е тоа што се помалку и помалку луге особено тинејџери читаат книги, а највеке идеи имам за пишување тинејџерски, љубовни, аватуристички книги....
    Незнам дали да почнам да пишувам таман сега имам време за летниот распуст... вие што викате? дали доколку би ја издал (да се надеваме) би имало луѓе што би ја купиле? :):$
     
  11. nelisumsrce

    nelisumsrce Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    9
    ке ми одговори некој? :rofl::D:$
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ако навистина имаш инспирација, ако си решил тогаш нема што да прашуваш тука. Почни ја, уште подобро ако ја завршиш, за издавање не верувам, а и да ја купи некој. Сепак, пробај, нема што да загубиш. ;)
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @nelisumsrce не мора веднаш да тргнуваш со таа идеја дека ќе ја издадеш и продаваш. Почни да си пишуваш за своја душа. Полесно е кога само раскажуваш приказна, без да се оптеретуваш со тоа што ќе биде на крај.
     
  14. nelisumsrce

    nelisumsrce Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    9
    како ви се допаѓа почетоков? :)

    Once upon a time, on a cold December night, as snow was falling from the sky, a young boy named Kian was born. He was a very small baby whose weight was only 1kg so the doctors put him in an incubator for a week. His mother couldn't wait to take him in her arms and go to home together. One week passed and the time for Kian and his mother to go home has finally came. At this moment, a great adventure called Life began for Kian.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. attraversiamo

    attraversiamo Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Девојки ова што сте го напишале погоре е прекрасно и да не се двоумите дали да продолжите ни требат вакви писатели на нашава сцена.
    Јас пишувам нешто веќе подолго време, тоа е приказна инспирирана од мојата другарка- всушност тоа е дел од нејзинато минато но имам доста делови кој самата ѓи измислив за можам да го сплотам целото дејство. Ова го спремам како изненадување за неа и уште не размислувам за издавање и објавување но би сакала да ги слушнам вашите критики за текстот
     
  16. attraversiamo

    attraversiamo Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    "Го бараше во толпата од луѓе. Не знаеше како ќе го протне погледот низ чадот од цигарите и разните светла кои трепкаа во темната просторија, но таа инсистираше. Всушност очајно и требаше неговиот поглед , како мелем на игореницата во нејзината душа, момент на бегство од минататото, алка која ја спојуваше со сегашноста. Пријателите со кои ја делеше ноќта ја насетуваа нејзината искра во очите колку и да се обидуваше да ја покрие со трепките, но знаеше дека не е спремна да им ја разголи душата- и беше страв да се надева, сеушти беше рано да ги скине оковите од својот врат иако чуствуваше дека веќе полесно дише со нив. Иако не го пронајде на миговите од светлината кои ја овозможуваа рефлекторите таа веќе ја чуствуваше неговата енергија, го насетуваше неговиот здив, стисокот на пијалокот во неговата рака, полека почна да ја чуствува и насмевката на нејзиното лице -насмевка на радост, сега нејзиното излегување доби нов правец ,нова мисија, конечно стана човечко суштество. Безгласно се насмевнуваше самата на себе си задоволна дури и од гласната песна која немилосрдно и продираше во главата и и ги матеше сопствените мисли.

    Се присети кога прв пат ја виде неговата слика на комјутерот а под неа со здебелени букви пишуваше Јован Николов. Беше тоа здодевно попладне кога одлучи да ги лоцира своите пријателки и да потроши неколку часови на стискање на копчињата од тестатурата . Интернетот беше чуден синџир кој уште почудно ги поврзуваше лугето, само еден стисок на копчето и имашнов ,,пријател,доволно е само да поскаш да дознаеш некоја информација за некого и таа е тука –местото каде се наоѓа, со кого е, кој раскинал, кој дипломирал... За него знаеше само дека се вика Јован неодамна преселен во нејзиниот град, и дека имаше брат близнак. Го беше видела неколкупати во градот заедно со своите пријатели и изгледаше доста привлечно и модерно.

    Без размислување веднаш му го отвори профилот и по неколку минути детективска работа дозна дека е член на интернет курост по англиски јазик кој и таа го посетуваше. Иако Јован беше неколку нивоа пред неа, Александра реши да прескокне неколку лекции и да и се придружи на групата каде член беше и Јован. Иако ништо не разбирашеод англиските букви сепак не се откажа, овде и беше по возбудливо од претходното нивото каде со недели се обидуваше да помине една лекција.

    Ја почуствува возбудата кога баш овие ѕидови насликани во црно бели француски мотиви беа сведоци на нивното запознавање далеку од копјутерот. Сеуште и одѕунуваа зборовите кога играта на судбината ги спои на иста маса во ист момент, додека нивните пријатели полека сфаќаа дека станува збор за грешка на менаџерот околу резервацијата на масата, таа ја прифати неговата игра додека чекаа сместување и во онака преполниот локал''

    Значи вака сега-ништо правописно не ми е средено а ќе имам дефинитивно измени и во текстот но тоа откако ќе завршам со пишувањто на зборовите кои ми се во главата:rofl::rofl::rofl::rofl:.Ги чекам вашите критики
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Женски
    Последниве месеци поради некои обврски на факултет треба да пишувам за себе, за својот живот.
    Од тука се роди некоја желба за пишување и за животот, но и други работи.
    Имам толку работи замислено да ги напишам ама кога треба да се напише...не искачаат, не можам да го објаснам она што го чувствувам и замислувам. Многу ме кочи тоа и заради тоа до никаде не сум стигнала по тоа прашање.
     
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    И јас се придружувам во клубот на писатели овде. :) Конечно започнав да пишувам сопствена книга. Но без подршката од блиска пријателка, не верувам дека ќе го сторев тоа.
    Не е ништо посебно. Се зборува за случки од секојдневниот живот и за моите гледишта кон светот. И не верувам дека некогаш ќе ја издадам или нешто слично. Ама сепак ќе го довршам започнатото, без оглед каков ќе биде крајот.

    @nelisumsrce и @attraversiamo , ќе си земам за право да прокоментирам за тоа што сте го постирале тука.
    Прво за НелиСумСрце. :) Ова е прекратко за да се воочи каков ќе биде остатокот од книгата. За да добиеш одговор дали твојата книга ќе се издаде, и дали некој ќе посака да ја чита, прво треба да ја напишеш. Зашто на нероден Петко капа не му се крои. Добро си започнал, само продолжи така. Сакам да те прашам, дали дејството во книгата ќе "кружи" околу новороденото момче?
    Атраверисиамо, ми се допаѓа почетокот. Ова е првична верзија на првата глава и според мене е добра. Само продолжи вака. Но крајот го краси делото, па затоа треба да се суди според се што е напишано во книгата се до последната страница и после тоа да се даде мислење. :)

    @AnaKarenina , не знам дали веќе си го пронашла документот, но можеш да се обидеш да го најдеш со тоа што кога ќе го отвориш Старт менито, ќе отидеш директно на стрелката кај иконата каде што со еден клик директно отвараш Word документ. Затоа што нели кога ќе идеш на стрелката ти излегуваат имињата на сите документи што се во Word. :)
    Можеби на истото мислеше и Лела.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.743
    Пол:
    Женски
    Јас пишувам нешто за себе, неможам да го наречам „книга“, не се уште, ама некогаш можеби и ќе бидни.
    Главен лик ми е девојка, на 19 години. Имам забележано (обично пишувам раскази) дека главниот лик, безразлика машко или женско, секогаш ги има моите моментални години, ама карактерно се прилично различни со мене, но сепак има свои сличности. Слаб лик е, марихуана и нешто „друго“ - е сега главната приказна е тоа „нешто друго“. Нова халуциогена дрога под името Фантазија. Не само што е халуциогена има и некои други „придобивки“ кои нема да ги коментирам уште сега зошто ги чувам во тајност доволно долго и таму каде што пишувам.
    Покрај тоа мојот најслаб лик - Лајла, главниот лик се запознава со многу ментално посилен лик од неа - Клара. Клара е тотална спротивност од Лајла, моќна е во смисла се е со однапред осмислен план, љубопитноста е карактеристика на двете, примамлива, мистериозна, високо интелегентна и незаинтересира за работи од кои неможи да извлечи сопствена корист. Лајла буквално ја мрази Клара, ама ѝ е потребна, мора да сораборуваат за да откријат вистинската намена на дрогата.
    Пишувам во прво лице, од гледна точка на Лајла како главен лик.
    Извадок #1
    upload_2015-7-5_19-7-55.png
    Извадок #2
    upload_2015-7-5_19-10-39.png
    upload_2015-7-5_19-10-55.png
    upload_2015-7-5_19-11-14.png
    upload_2015-7-5_19-11-44.png
    Овие два извадоци беа само за убаво да опишам врската меѓу двете. Сепак Клара во 60% од „книгата“ не е присутна ама е сепак водечки лик.
     
    На Dabria и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Обично не пишувам.
    Еден ден ми беше здодевно, не знаев што да правам и си решив, ќе почнам да пишувам книга.

    Во тој период избегнував екрани, па си решив ќе пишувам во тетратката, и тоа со молив, за да можам подоцна да менувам реченици, зборови, имиња на ликовите, бидејќи не сакам чкртаници.
    Што не е добра идеја бидејќи мислите ми одеа во милисекунди, и додека пишував еден настан веќе имав замисла за друг, и не можав да ги координирам мислите со запишаното.

    Во рок од 3-4 часа испишав половина тетратка. Имам еден главен лик и околу 5-6 споредни кои често се среќаваат. Треба да поработам малку повеќе на опишувањето на ликовите.
    Се обидувам да ги направам ситуациите малку поживи, подетални, иако ќе испаднат навистина подолги. Засега имам неколку главни настани, но се трудам да вметнам и некои не толку важни случки, онака за да биде поинтересно.

    Пишувам на англиски, па сите имиња ми се англиски. Понекогаш баш ми станува тешко бидејќи барам соодветни зборови, па морам да барам во речник, па на интернет...
    За да не прекинувам кога веќе ќе започнам реченица или настан, оставам празно место и во горниот дел го запишувам на македонски зборот кој треба да го вметнам, и откако ќе завршам со пишувањето, пребарувам за да го пронајдам преводот. Ова нависитина ми помага, бидејќи не губам време во текот на пишувањето, а и не ја прекинувам мислата.

    Имам напишано цел лист со идеи, кои често ги надополнувам, ми се случува и да си создадам некој настан, па да започнам да пишувам и реченици и притоа едвај чекам да дојдам до тој дел на книгата за да можам да го напишам омилениот дел.

    Поради премногу обврски, книгата моментално стагнира. Но, во скоро време планирам да продолжам со пишувањето.
    Си пишувам за своја душа, не планирам никој друг да ја чита.
     
    На Lella и cresa-jagoda им се допаѓа ова.