Еве еден извадок од мојата книга Денис.. Пред два дена дојдовме овде, во Њу Орлеанс. Предходно живеевме во Далас. Утре е полна месечина.Луѓето би рекле:„Па што ако е полна месечина’’, но јас не би рекол така. За мене ќе биде еден од нај напорните денови во изминативе неколку месеци. Мајка ми и татко ми се разделени, јас живеам со мајка ми. Нашата стара куќа во Далас беше блиску до шумата. што веројатно беше пресудно за тоа што сум сега. Една вечер кога бевме заедно со татко ми на вечера, се каравме многу. Ми рече дека додека е мајка ми н аноќна смена не смеам да бидам изезен подоцна од 10 часот, а јас како и секогаш избувнав и го зфатив тоа премногу сериозно. Вечерта заврши пред да почне и татко ми ме врати дома. Цел пат не разменивме ниту еден еднинствен збор. Кога слегов од колата мајка ми беше дома, а јас несакав да ја загрижувам поради караницата и затоа тргнав накај шумата за да се прошетам. Одејќи патот ми го осветлуваше полната месечина која беше прекрасна. Згазнав на нешто што не беше само гранка. Го извадив мобилниот и светнав пред мене. Тоа беше рака, човечка рака. Целиот во паника се вратив неколку чекори на назад и повторно згазнав на нешто.Се свртив и овој пат тоа беше нога. Бев премногу исплашен за да знам на која страна треба да бегам. Вртејќи се во круг забележав дека се наоѓам во круг кој е составен од крвавите делови на некое човечко суштество. Ја видов главата, беше од млад маж. Устата му беше крвава а очите плави и големи. Нешто што беше неверојатно брзо ме забоде на левата нога веднаш над глуждот. Од силната болка што ја почувствував ги затворив очитеи се ступолив на подот. Кога ги отворив очите погледот на младиот распарчен човек беше вперен во мене. Студена пот ми течеше по телото станав и почнав да бегам колку што е можно побрзо со оглед на тоа што бев повреден. На секои 3 секунди се вртев назад очекувајќи да се појави нечто, или некој и да ме рапарчи и мене. Кога стигнав до куќата сфатив дека мајка ми веќе заминала на работа и дека вратата е заклучена. Рацете ми се тресеа. Ми беа потребни повеќе од 30 секунди за да ги извадам клучевите од џебот и да ја отклучам вратат. Кога најпосле ја отворив вратата, влегов и бргу ја затворив зад мене. Ја запалив светилката и брзо истрчав по кутијата за брза помош. Ги исеков панталоните за да можам да ја преврзам раната и тогаш сватив дека всушност јас не бев ранет, бев гризнат како од некое животно. Очекувам ваше мислење
Значи книгата е како тоа најдобрата случајност може да стани најголемата причина за грешка. Јулија и Питер,низа сплетки,низа радости и низа тага. Многу години ќе поминати,дали на крајот ќе му прости што тој замина и кога го добива писмото тој е веќе заминат? Причина,ќе одговори...
Кога пред две години се обидов да пишувам книга, сето тоа падна во вода.Еве после долг период се решив да почнам пак да пишувам. Идејата ми дојде од Science fiction сериите и книгите.Можеби се среќаваат сличности и добро познати поими, но имам замисла сетоа тоа да биде поинаку во мојава приказна. Ги напишав првите две глави, кратки се.Воглавно е запознавање со главниот лик и почетокот на она што ќе следи понатаму Можно е да има грешки во правописот, но ќе ги поправам во иднина.Едноставно немав време да го барам правописот, кој е зафрлен во некоја фиока дома Спојлер: I и II глава I “Среќен роденден Теа!’’ извика мајката, гледајќи кон својата ќерка со широка насмевка.Пред себе ја гледаше својата ќерка во нејзините омилени пижами со мини маус.Теа имаше навика долниот дел од пижамите да го става над горниот, така се чуствуваше покомотно.Двете жени седеа на лулашката која се наоѓаше на малата тераса од нивната скромна куќа.Небото сјаеше со безброј ѕвези. “Не можеше да дочекаш, а да не ми честиташ на полноќ.’’ шеговито се насмевна девојката во пижами. “Сепак, фала мамо, ете денес твојата ќерка со полна брзина зачекори во дваесетите, не сум веќе дете’’ сакаше да изгледа самоуверено младата девојка. Соња, која беше горда на својата ќерка возврати “За мене секогаш ќе останеш дете, мило мое, ќе ме разбереш еден ден кога ќе станеш роднител.’’ На овие зборови Теа се вознемири одвнатре, но одлично ја задржа насмевката на лицето “Кога јас еден ден ќе станам родител, знам дека моето дете ќе ја има најдобрата баба.’’ уверено кимна со главата. Мајката и младата ќерка сакаа да го поминуваат времето заедно, осбено во доцните часови.Тие не се богати, живеат скромен живот.Соња има бутик за долна облека во Градскиот Трговски Центар во Скопје.Заработува доволно за да и пружи се на својата ќерка. Теа иако е дваесет годишна девојка сепак е детинеста.Но таа знае да биде и вртоглаво атрактивна девојка.Млада е, убава, секогаш со две страни-розеви пижами со мини маус или кратко црно фустанче со високи потпетици.Златна средина не постои. “Мене ми е ладно, ќе одам во соба, доцна е веќе.’’ изусти Теа. “Хмм...јас ќе го погледам небово уште малце, ретко кога имаме ваков поглед’’ се насмевна мајката и се пови со мекото ќебе кое висеше на сушарата.Теа не одговори ништо, само се намурти и замина во соба. Таа немаше навика да се смее, всушност Теа има сериозен лик со убави и изразени црти.Насмевката ја даваше само да не ги направи луѓето околу неа да се чуствуваат одбивно. Таа често се гледаше во огледало и знаеше дека е убава.Имаше чоколаден тен, лице со крупни сини очи, кои беа нејзин заштитен знак.Веднаш над очите се гледаа убаво обликуваните веѓи, а по нивната линија се спушташе малиот нос.Имаше средно-полни усни кои и го даваа совршениот изглед на целто лице.Беше прилично висока, со фит тело, па не се чудеше зошто привлекува погледи околку себе.Девојките и завидуваа, момчињата ја сонуваа, а малите девојчиња посакуваа да бидат како неа кога ќе пораснат.Беше безпрекорна и го знаеше тоа, веруваше и се сакаше себе си. Таа веќе легна на удобниот кревет со многу перници и западна во длабоки мисли, набргу таа заспа. II Алармот заѕвоне толку гласно, па Теа не можеше да се воздржи, а да не го удри силно и да го стиши.Таа стана, за кратко време го намести креветот, се спреми и излета од собата.Соња уште не беше станата, па Теа искористи да излезе од дома без да дава рапорт.Ја имаше пуштено бујната коса да ја следи играта на ветерот.Беше понеделник, ден за црно по календарот на Теа, па ги носеше црните мат потпетици, црни кожни хеланки, црна маичка на прерамки и кожна црна јакна со златни поцки која ја носеше во раце.Факултетот за Драмски уметности беше блиску па Теа реши да пешачи.Таа беше одлична актерка, вистински талент.Теа не ги сакаше предавањата бидејќи мислеше дека не и се потребни.Пред да почне првото предавање, до неа седна убава девојка со долга, златна коса.Теа сакаше да се дружи со атрактивно и кул друштво, па не чекаше ни секудна и прозборе. “Нова си? Не те имам видено до сега.’’ се обидуваше да остави добар впечаток, а насмевката која мораше да ја држи на лице ја убиваше. “Хммм...да, ќе ти пречи ако седам до тебе?’’ невино праша плавата двојка. “Секако дека не ми пречи, како се викаш?’’ се држеше со фин и добар став. “Јана’’ изусти плавата девојка.“Паа, Јана, многу ми е мило што се запознавме, јас сум Теа.’’ едвај ја задржуваше насмевката.“И мене’’ благо се насмевна плавушата. Предавањето почна, наредните три часа Теа беше закована за место.Не го следеше предавањето туку се впушти во мислите.“Нешто е чудно кај таа залтокоса’’ помисли “Што ли крие? Приметив дека едвај се држеше во љубезен став. Која ли си ти Јана?’’ “Теа’’ прозборе си мил глас плавата девојка.“Кажи’’ се стаписа Теа но за миг се врати во нормала.Не очекуваше, а не ни сакаше да има контакт со плавата се додека не дозаеше која е таа. “Ајде да те честам кафе’’ предложи Јана. “Ова е добра идеја, вака ќе те запознаам’’ помисли “Но што ако оваа златокоса има план да ме прочита? се двоумеше Теа, но набрзо возврати “Океј, чим ти плаќаш’’ шеговито се подбиваше. Двете девојки чекореа до најблиското кафуле.Јана наликуваше на Теа. “Понеделник ден за црно, го имаме истиот каледар...Види ги тие крупни очи, се чудам што се кафеави, ако беа сини ќе личеа на моите...Теодоро што си тропаш глупости, кој може да биде уникатен како тебе...’’ “Што да ве послужам?’’ ги прекина мислите на Теа, младиот, згоден келнер. “За мене макијато’’ порача Јана. “Ахх..долго експресо со малку шеќер’’ не заинтересирано одговори Теа. Келнерот ги запиша нарачките и замина. “Знам што си ти’’ со сериозен израз на лицето изусти плавата девојка. “Молам?’’ праша Теа. “Знаев! Ме откри! Смири се Теа, ќе смислиш ти план’’ “Ахх...оплескав’’ се обидуваше да се извади од кашата во која навлезе. “Извини Теа, не знаев дека не си упатена во тоа, дури сега те прочитав’’ нервозно се насмевна плавата. “Ти сериозно не знаеш, која сум јас, кутра златокосе’’ “Ме прочита? Чекај, што? Види навистина немам време да играм вакви игри.’’ се бранеше Теа. “Ти си дел од нас...’’ не успеа да доврши “Дел од кој? За што зборуваш, кој вие, кој јас, кој нас, исусе помогни!’’ се вознемири Теа “Мора да ме сослушаш.Знам дека е ново и збунувачко, нема да ми веруваш на зборовите, но кога ќе видиш со свои очи ќе сватиш.’’ се овидуваше да и објасни. “Уф златокосо, како ли налетав на тебе, сега и лекции ќе ми држиш.УФ!’’ се вртеа мисли во главата на Теа, но сепак остануваше присебна “Да слушам што? Веќе почни еднаш!’’ со посмирен тон одговори. “Види вака, ти си дел од нас, ти си бесмртиник.’’ беше кратка и јасна. Теа почна да се смее, нејзините образи поцрвенеа, очите почнаа да и солзат, не можеше да престане да се смее. “Ти си многу шеговита личност, мила Јана, успеа да ме насмееш од срце’’ Плавата девојка се намурти “Не е смешно, не се смеј! Работава е озбилна!’’ “Да, да, да.Уште да ми кажеш дека постојат вампири и врколаци и ќе ме убедиш.Види вака, имам изгледано многу серии и филмови со вампири, ама безсмртници, е тоа не!’’ сеуште се смееше додека во главата мислеше “Овде има нешто.Чим таа знае, ја имаат испратено да ме најде’’. “За жал ќе ти кажам дека постојат и вампири и врколаци дури и вештерки.Ти не си свесна дека си дел од тој свет, но јас ќе ти докажам’’ со заканувачки тон и се обрати. Теа веќе се заозбили, сакаше да дознае повеќе. “Добро, ќе те ислушам, но не ти верувам се додека не видам со свои очи.’’ “Сега се брзам, ќе те контактирам за некој ден, теба да се подготвам за да ти го откријам нашиот свет. Заминувам, ќе те барам’’ плавушата забрзано го напушти кафулето и исчезна. “Барем сметката да ја платеше...Додека ти златокосо си даваш денови да скроиш план, јас веќе го имам скроено мојот...Ако беше вистински безсмртник ќе ме фатеше живва дека ти допуштив да го прочиташ мојот ум но само она што јас сакав да го прочиташ.Кој и да те пратил по мене, ќе зажали...’’ извади пари од паричникот и ги остави на маса, ја зема јакната и тргна кон дома.Беше спремна на се, го имаше планот само го чекаше моментот, За наслов мислам да ставам “Тајното брадство-Безсмртници’’ но можеби со тек на време ќе ми текне нешто поубаво
Темава не е нешто активна, но сепак ќе си прашам, па ако има некој да одговори океј Сакам да знам, дали кога пишувате книга предходно имате кратка содржина или распоред по кој ќе се водите додека пишувате. Под распоред мислам на: прва глава тоа и тоа, втора глава тоа и тоа? Истражував на интернет за пишување книга и еден сајт вика да имаме распоред и кратка содржина, друг вика да пишуваме како ни доаѓаат мислите, но сето тоа да има смисла едно со друго. Јас почнав на пишувам пред три дена во Ворд и имам 4 глави, 8 страни и 3 326 збора. Идејата како што кажав ја добив од серии и филмови. Мене ми е многу полесно на начинот на кој пишувам сега, односно без никаков распоред. Си пишувам како ќе ми дојде во моментот, секако се тоа е поврзано со приказната и кога мислам дека е соодветен крај за една глава тогаш го ставам. Просто, мислам дека ако имам распоред и мала содржина покрај мене ќе се изгубам. Можеби ќе сакам да променам нешто па морам промената прво во кратката содржина да ја правам. Или ако се ограничувам 500 збора во ден ќе морам да стојам на тоа ораничување па ни буква помалку или повеќе да напишам. Знам дека можеби е многу рано да коментирам за тоа како пишувам, бидејќи нели, крајот го краси делото. Но ова ми е прва книга која си ја сватив многу сериозно бидејќи го обожавам овој жанр и си ја обожавам приказната. Толку сакам да ја пренесам мојата фантазија што давам се од себе да ја направам оваа книга успешна. Секако не планирам да ја издадам, но сакам, кога ќе ја завршам во PDF форма да ја дадам на кој било од форумов да ја прочита, исто и на моето семејство и пријатели. Највеќе сакам да слушнам кометар од мојот дедо кој има своја лична, мала библиотека, со можеби 70-80 книги и кој може да ми даде најјасна критика бидејќи човекот е начитан. И друго што приметив. Порано мислев дека пишувањето книга е лесна работа, но сега сватив дека не е така. Сватив дека морам да ги најдам соодветните зборови и некогаш морам да претерам со објаснување што мислам дека е многу важно само за книгата да не ми заврши со 50 стани како Силјан Шркот на пример. Исто така, сватив дека највеќе инспирација имам за делот што го планирам да биде пресврт на се, а далеку сум до тој дел. Всушност ако сакам можам одма да стигнам до тој дел, но книгата ќе нема смисла. Иако знам се што и како ќе се одвива во книгава, за крајот немам појма. Ќе видиме како ќе тече приказната, па можеби со тек на времето ќе ми текне подобар пресврт од кој и самата ќе бидам воодушевена. Па ајде да не ве трујам со мојов реферат. Како вие пишувате? Со план или од рака што се вели? И доколку имате план, каков е тој, дајте пример. Исто така, секој што пишува би сакала да вметне некој дел или првата глава. Јас си ја прочитав целата тема и морам да кажам дека навистина имало таленти во нашава земја. Ајде нека живне темава малце
Секој индивидуално тоа го прави, И јас пишувам без никаков распоред имам во главата идеа само но текстот е производ на мојата сегашна состојба. Сепак мораш да имаш претстава како ќе изгледа тоа и како ќе го пишуваш дејтвото. Не се води од редослед понекогаш иако знаеш што одприлика теба да стои во нарената глава едноставно неможеш да го споиш зборовите ама па затоа можеш да напишеш нешто што би требало да е нареден текст. Не постојат правила се додека зборовите извираат од тебе
@srhsejbsk Не е важно дали имаш план или не, најважно е да тече приказната и со леснотија да пишуваш. Јас периодов не пишувам, имам многу обрвски, книгата се наоѓа во една долга пауза, но на лист го имам планот со број на глави и сето тоа. Таму ми се запишани и имињата на главите, па така се ориентирам кога што треба да се случи и каде да ставам foreshadowing. Но, ако ти оди и вака, тогаш сосема е во ред.
Здраво, девојки! Баш ми е мило што има ваква тема, јас обожавам да пишувам. (Иако во последно време ни зборче немам напишано .) Пред некој месец се зафатив да пишувам книга: најдов имиња, план, дури и сцени си имам врежано во мозочето, мотивација никаква! Сеуште сум на прологот и имам напишано неколку случки онака. Книгата е мешавина од мистерија, акција и драма. Ќе се обидам да напишам нешто деновиве, па ќе ви пишам! Поздрав
Браво луѓе за вашата креативност, туку да ве прашам, книгите кои сте ги напишале дали ги имате издадено или само така ви стојат во лаптоп? Јас досега имав две обиди за книги но снемав инспирација и се откажав. Сега имам други идеи и ќе пишувам, само не знам дали ќе ги издадам, сакам, но појма немам од тие процедури... Ако некоја има искуство ја замолувам да ми пише. Инаку, едната книга што почнав да ја пишувам беше со раскази, неповрзани еден со друг, ги поврзуваше само темата, сите беа хорор, мистериозни раскази во кои дејствијата се случуваа на непостоечки, измислени места, а втората беше книга за млада студентка, бруцош која се вселува во стан во Скопје каде што се случуваат мистериозни и необјасниви настани и притоа сретнува еден дечко со кој ќе се вљубат еден во друг, но дечкото всушност беше дух. Сега сакам да напишам книга во која ќе вметнам елементи од мојот живот но ќе додадам и многу фантазија, ќе биде тоа љубовна но и тажна приказна за двајца млади.
Полека ми тргна со пишувањево. Многу сум среќна што ми дојде оваа инспирација за пишување. Главниот лик ратура бре *не сум сигурна дали книгата е толку добра колку што мојата нарцисоидност излегува на виделина Еве некои поомилени делчиња Прво да се разбереме Теа и Ева се истата личност. Спојлер Мартин ја зграбчи Теа преку рамо и ја одвлечка кон првиот кат. “Пушти ме!’’ врескаше Теа удирајќи по неговиот грб. “Каде ме носиш, идиоту? Каде го однесовте Бобан? Само ако му направите нешто!’’ викаше Теа. “Прекини да зборуваш! И не ме удирај веќе, ми го испржи грбот! Од каде ти толку силна?’’ и возврати Мартин. “И капак на тоа, како жирафа си, едвај те држам, имај милост.’’ “Јас жирафа? Кој ти е крив кога си се родил таков кепец!’’ викаше Теа. “Ааа, прекини веќе, не си играј со постари од тебе!’’ ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------- “Понекогаш се случува да некоја личност ја сакаш толку многу што мораш да ја напуштиш. Кога знаеш дека ако нешто не се прекине се осудува на пропаст тогаш знаеш дека е време да заминеш. Тоа е таа борба на срцето и умот. Тоа е болка неопишлива, но како поминува времето, ти се навикнуваш на таа болка. Тоа нешто нема никогаш да згасне, но ти се навикнуваш да живееш без тоа, без љубов.’’ Спојлер ---------------------------------------------------------------------------------------------------- “Вие навистина не знаете која сум јас, нели?’’ дофрли Ева станувајќи на нозе. “Зарем сте толку плитки?’’ се насмевна цинично и го извлече мечот од нејзиното срце. Сите во просторијата гледаа кон неа. Сите лица кои беа присутни пребледеа. “Што е? Ајде зборувајте. Неми сте?’’ гледаше победнички кон сите. Во еден миг со својата ,,вамп’’ брзина се најде пред Марко. Со мечот помина кон неговото тело како да го дели на два дела. Марко дишеше забрзано, неговиот страв се гледаше низ неговиот израз. “Што си пребледел Марко? Зар толку сум страшна?’’ со мил глас праша. “Што си ти? Која си ти?’’ прашуваше исплашено. “Јас? Зарем не ме познаваш Марко? Зар ме заборави? Сите ме заборавивте како да сум ништо! Вие не ме препознавате! Вие сте толку неблагодарни и мизерни! Вие сте непотребни на овој свет!’’ врескаше. “Како не ви е срам? До толку ли не ви значев? Зар не вреди трудот кој го вложив во вас? Не сте задоволни што ви оставив толкаво братство? Ве изгледав, ве учев, ве сакав, а вие сега сакате да ме убиете, да се ослободите од мене?’’ врескаше се посилно покажувајќи со мечот кон сите присутни. “Ева...’’ проговори Марко “Зар тоа си ти?’’ праша. “Се сети?!’’ вресна и почна да му ракоплеска во лице. “Барем еден од вас да се сетеше! Барем еден од вас да ме сакаше како што ве сакав јас! Ве сметав и сакав како свои деца!’’ врескаше. “Се прашувам дали некогаш сте кажале убави зборови за мене на вашите нови поттрчковци! Дали тие знаат која сум јас? Ме паметат ли како ангелот или како ѓаволот? Знаат ли тие колку јас се мачев за вас, па вие така да ме отфрлите?’’ врескаше. “Ева...Еве клекнувам пред тебе, и нозе ќе ти бакнувам, прости ми. Погрешив и сега и пред многу години, прости ми!’’ молеше Марко. “Богами ќе клечиш! Ајде бакнувај ако веќе толку сакаш!’’ врескаше и го фати за коса, го удираше од нејзините стапала. “Ајде бакнувај, ајде! Го можеш ти тоа!’’ викаше смешкајќи се. “Кој последен се смее, најслатко се смее, само да те потсетам!’’ викаше.
Ммм, интересно е. Јас многу би сакала да започнам нешто да напишам, чисто онака колку да го потрошам моето време на пишување, а не на социјалните мрежи. Проблемот е што немам никаква инспирација, ама баш ништо. Постојано се обидувам нешто да почнам, но сето тоа завршува со кинење на листовите (преферирам да пишувам на листови, отколку на компјутер). Чувствувам дека доаѓа некоја инспирација и во моментот кога ќе го допрам моливот истата исчезнува и почнувам глупости да пишувам. Едноставно, не ме бидува. Како и да е, сега сум во потрага по нов начин како да го исполнам времето, а да не сум по социјални мрежи.
Имам многу инспирации но некако кога седнам не ми доаѓаат зборови..Веројатно треба да научам уште како се правилно пишува...или незнам можеби тие инспирации ќе си останат длабоко во мене..
Јаааааааас имам 5 книги напишано. Работам и студирам на литературство, втората книга сите мој соучесници, колеги, професори ми ја имаат прочитано.. И ми рекоа да ја споделам со светот, бидејќи ја имам и во Англиски примерок, и сеуште имам трема да објавам книга, а да бидам писател ми е една остварлива желба а јас пак се плашам ..
Навистина? Литературство? Каде во Бугарија заврши? Мора да е одлична книгата, штом сите твоЈ соучесници ја имаат прочитано. Сподели мал извадок тука, да ти дадеме поддршка да престанеш да се срамуваш да издадеш книга, желба пуста да ти се оствари!
Јас скоро ја завршив мојата четврта книга. Се вика „Лавиринтот на Анабел“ и во неа претставувам две семејства, од кои едното е религиозни католици, а другото професори и научниците. Дејството се одвива во Рим, во 1995/96. Имам малку научна фантастика во книгата, затоа што Анабел ми е претставена како најпаметната жена во светот која што се омажила со маж од религиозното семејство и во неговата куќа починала во пожар. Таа го креирала малиот микрочип во кој што ги сокрила тајните на универзумот и оставила траги за својата ќерка Мелоди како да се дојде до тој микрочип. Детективот Себастијан Мартин кој што работи за поранешното семејство на Анабел ќе и помогне на нејзината ќерка Мелоди да се спаси од пеколот во кој живее со релилиозното семејство и заедно ќе ја откријат вистината за смртта на нејзината мајка и каде е сокриен микрочипот.
Јас а верувам и многу други пишуваат на Microsoft Office Word и го чувам документот на компјутерот. Многу е полесно и почитко на компјутер отколку рачно. Книгата долго време ја пишувам, кога ќе ја завршам нема да ја објавам само ќе им ја дадам на најблиските да ја прочитаат Едит: Делови од книгата Спојлер “Ќе можеш ли да поднесеш сила од повеќе врколаци?’’ “Какво е тоа прашање, будалче едно. Јас планетата и универзумот ги држам на свој грб, вие ќе ми бидете проблем?’’ цинично се насмевна. “Па не знам, до вчера беше самобендисан готик, а денес моќен ангел на пеколот. Колку си стара, по ѓаволите?’’ “Неколку милиони години. Уште не постоеја луѓе кога универзумот ме создаде мене. Се беше дивина, високи дрвја и треви, бесни животни. Јас бев најбесна, немав придружник, бев сама на земјата, опколена со луди мајмуни од кои направив луѓе. Благодарение на мене денес сите живеете.’’ одговори. “На крајот испадна дека мојата најверна пријателка е постара од дедо Ное.’’ рече момчето. “Па, ова и не беше така лош комплимент.’’ возврати. --------------------------------------------------------------------------------------------------- “Не ме гледај така, се топам.’’ рече девојката. “Не ми пречи додека се топиш во мои раце.’’ возврати и ја бакна.
Првата книга ја пишував рачно, а потоа ја препишав во ворд, а сега дирекно си ги пишувам во ворд. Немам издадено затоа што немам доволно финансии, а баш би сакала Скоро ја почнав својата нова книга, уште не знам како ќе се вика, затоа што сум на почеток. Во спојлер ставив извадоци од „Лавиринтот на Анабел“. Спојлер - Што правш ти тука, Ем? – само што дедо ѝ ја напушти просторијата Мелоди го праша Мартин. - Јас сум вашиот нов професор. - Да, многу смешно. - Се сеќавам јас на тебе – Чарли му се закани со прстот. - Напушти ја ти просторијата, морам да зборувам со Мелоди. - Можеш да му веруваш на Чарли. Тој ми е како брат. - Добро. Не знаев ни јас за ова. Ама Давид, мислам, мојот газда инсистираше на ова. Морам да бидам блиску до тебе. Дали ги имаш апчињата. - Да – Мелоди од џебот ги извади апчињата завиткани во бело крпче и му ги подаде. - Одлично. Колку време трае часот? - Шеесет минути. - Супер. Мелоди, сега мораме да зборуваме насамо. - Можеш да ми кажеш се пред Чарли. - Ќе соработуваш? – Ем го погледна Чарли заканувачки. - Секако. Иако си ми сомнителен. - Мелоди, ти објаснив дека мајка ти не била луда, туку била болна од епилепсија. Со ова – ги подигна апчињата во воздух – ќе се докаже дека ни ти не си луда. - Секако дека не е – Чарли го погледна луто Мартин. - На овој лист е запишана првобитната идеја на твојата мајка. Таа сакала да креира микрочип. Тоа е еден прилично мал електронски уред. ******************************************************************************************* - Баш е тешко тебе човек да те убие, зарем не? - Ти беше цело време? - Не прави голема драма од тоа. Вечерва со сигурност ќе те убијам. - Ти ме правеше луда цело време? - Не си толку паметна како што сите мислат. Јас сум овде само шест години. Знаеш ли кој е со тебе откако почина кучката Анабел? - Дадилката? – рече Мелоди со неверување. - Твојата дадилка е моја мајка, Мелоди - Таа ми ги заменувала лековите. Таа ми давала дроги. А ти, ти ми ги ставаше овие инекции? – Мелоди рече тивко покажувајќи го својот врат. - Секако и јас пробав да те убијам. Јас бев онаа вечер кога некој сакаше да те задуши. Јас бев секогаш кога почувствува болка во вратот. Јас ти ставив отров на чинијата. Чарли беше во право, тој секогаш мора да ми се најде на патот. Е, ама затоа ногата му беше лангета и сега потскокнува кога оди. - Што рече за ногата на Чарли? Зошто му е во лангета? - Затоа што е многу паметен. Можеше да стои на страна од тебе и тој слупав Себастијан Мартин. Можеше на мирен начин да си умреш, а не да мораш да се самоубиеш. Ама Чарли откри дека некој ти става инекции, се погрижи да не јадеш отруена храна, те спаси од отровот. Синоќе дури си се сокрила во неговата соба. Ова ми преостанува. - Да се самоубијам? – збунета рече Мелоди потсетувајќи се на она попладне кога разговараа со Чарли како некој помина во ходникот. Тоа била Даниела и ги слушнала за што разговараат. За среќа Чарли се сети дека морат да бидат претпазливи и ѝ го шепна планот. Даниела не знаеше дека Мелоди има пиштол под постелата.
Ми се виде интересно, па да споделам со вас: https://makedonikasite.wordpress.com/about/ Имено, се работи за проект на УНЕСКО и промовирање на млади автори, меѓутоа мора да исполнувате услов за над 18 години. Мислам дека е прекрасна шанса да покажете ваше дело, па вреди да се искористи, ништо не губите.
Чииисто да најавам. После 8 изминати години конечно имав храброст да предадам една од мојте напишани книги. Не само книга, поточно да го предадам својот поминат живот со оваа книга. „Слаба помеѓу јаките“, се работи за слабо, кутро, изнемоштено девојче, кое од своите 11 години пробува да биде своја, да не ја променат, но ја променуваат, се раскажува животот нејзин, поточно мојот, и како таа со текот на времето станува се по јака и по јака, книгава ја напишав точно кога имав 16 години. Секој кој ја прочита ми кажа дека е предобра (првата книга која сум дозволила некој да ја прочита), ако успеам, верувам дека и вие ќе ја прочитате, и дека нема да се покаете. Главен лик е “Кејт“ исто како што сум на овде Кејтнајд.