Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Ок , фала за информацијата :)
    Јас ке заминувам во странство за брзо , па ке видиме таму .....
    Инаку би сакала да бидеме во контакт , имам уште нешто да те прашам во врска со издавачките куки и процесот :)
     
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Нема проблем... :)
    Всушност, неколку од книгите (кои инаку сите се на англиски) ги пишувам додека престојувам во мкд и би требало после една година, кога ќе се вратам назад во Канада, повторно да ја контактирам издавачката куќа за објавување и за исплата на авторските права.
    Но можеби и порано ќе ги контактирам, зависи од околностите...
     
    Последна измена: 18 март 2018
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Јас спремав роман совет од една тетка да напишам книга за мојот живот пошто по случувањата баш е роман но не се осмелувам да го издадам. Не сум информирана колку се трошоците колку е заработувачката....
     
  4. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, гледам дека подолго време нема напишано ништо на оваа тема. Јас имам напишано книга со која учествував на конкурс на издаваќка куќа и влезена сум во потесен круг. Сега чекам финални резултати и се надевам дека ќе испадне нешто од ова. Инаку мое мислење е дека последниве години времињата се сменија и сега повеќе се чита, па дури и повеќе им се дава шанса на мк автори. Што мислите вие? Има ли некој издадено книга и какво е неговото мислење околу исплатливоста на сето тоа?
     
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845


    Конкурс на издавачка куќа за издавање на роман? Првпат слушам за нешто такво... Јавно беше или ?
     
  6. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Да, и стои отворен на страницата на издавачката куќа Сакам Книги.
     
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845

    Аааа, тоа... Ама, тоа има временски интервал од кога до кога е активно? Мислев дека е постојано...
     
  8. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Па може и да е постојано, не знам искрено. Јас пратив книга и ми пратија одговор после 2-3 месеци дека мојата е влезена во потесен круг. Мислам дека рекоа до септември треба да се одлучат која книга ќе биде избрана за објавување.
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Зависи што подразбираш под "исплатливост". Не верувам дека постои македонски писател што живее од тоа. Таткото на една другарка е успешен писател, добива награди, признанија, но оскудни финансии од тоа. Не можат ни од кредити да се одглават.
    Мала е читателската публика во Мк, пред се затоа што и нашата популација е мала. Два милиони сепак се само едно преградие во некој од поголемите градови во светот. Ако сакаш финансиски да ти се исплати, пишувај на некој од познатите светски јазици.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки.
    Дали некој знае дали овде прават лектура на книга напишана на англиски јазик и колку чини тоа?
     
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Ако имаш професор по Англиски, препорачливо на факултет, можеби тој може да сподели информации за неговиот лектор кој му ги лекторира трудовите на англиски.

    И покрај тоа што ќе почнам да ги објавувам книгите дома (во странство), сепак и во МК можеш да најдеш лектор по англиски, иако не знам колку чини, но сигурна сум дека имаат пристојни цени.

    Знам една американска лекторка која се вика Corrie, која ми беше препорачана од еден мој професор по англиски. Ако си заинтересирана, можам да ти го дадам и нејзиниот број.
     
  12. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Заинтересирана сум да. Иако уште не сум завршила со пишувањето, сепак би можела во меѓувреме да се информирам.
    Ти благодарам
     
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    071 246 468
     
  14. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу
     
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    За момент сета напнатост се вгнездува во тишината.Толку е тивко што можам да си ги слушнам отчукувањата на моето срце.И потоа бум ја чуствувам неговата студена рака како распарчувајки ја тишината вгнездува болка на моето лице.Неколку капки крв се тркалаат и паѓаат на подот.(ајде феминки да ја разработиме темава,ова е извадок од мојата книга)Сакам коментарии
     
  16. Т. Н.

    Т. Н. Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште сум доста мала. Имам само 14 години а за неколку месеци сакам да ја издадам мојата прва книга. Премногу се плашам околу тоа бидејќи има многу личности што ме исмејуваат поради моите напишани зборови. Како да се справам со тоа? И каде се да се упатам за да ја издадам книгата?
     
    На WildMk и Danyy им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Дали има некој/a што пишувал книга на македонски? Кој од македонскиве фонтови ги користите? Или користите латински фонтови со кирилична поддршка?
     
  18. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Macedonian times фонт избираш. Или пак њу тајмс роман па кликаш мак. поддршка. Исто ти иде.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Македонска подршка. Ако сакаш да ја испратиш до издавачка куќа секако ќе ти бараат да ти биде така пишувана.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    А зошто да не може со познативе Microsoft office фонтови што имаат Alt+Shift кирилична поддршка?