1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Епа истото ти е.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.129
    Пол:
    Женски
    Ќе прашам можеби е глупо но ме интересира на што ги пишувате книгите на ком. на microsoft office или на дактилографска машина?
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Ај да ја освежиме темава. Имам прашање што ме мачи.

    Новите параграфи јасно е дека се започнуваат со таб, како што е оваа реченица. Но дали тоа важи и за првите параграфи веднаш по насловот на поглавјето? Постои ли граматичко правило, или останува на избор на писателот?
     
  4. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Дали има некој кој пишува на жанр епска фантастика или воена фантастика да споделиме знаење и мислења? :)
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Имам близок пријател, 2-3 книги има издадено епска фантастика. Ама не е на форумов. Ако не најдеш тука некои, можам да ве поврзам, или да му кажам да направи акаунт тука ако сака :)
     
    На Persephone му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Па супер би било, досега не сум наишла на наш автор кој издал книга од овој жанр, или веројатно не сум доволно во тек, а секако ми е потребна помош од некој кој е веќе внесен во овој жанр. Добредојдени се и такви кои имаат пишувано short stories ако ги има :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. *kate*

    *kate* Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки! Дали може некоја од вас ако знае, или има искуство, да ме упати во процесот на издавање на книга? Мојата е готова, станува збор за книга за деца и ме интересира како може да ја објавам преку некоја издавачка куќа, бидејќи како што прочитав низ форумиве самоиздавањето бара многу ангажман.
     
  8. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Здравоо писателки, гледам има многу овде што пишуваат книги. И јас започнав со мојата книга, љубовен роман е нешто белетристика (тоа и обожавам да читам) па имам еден мал проблем. Во книгата цимерката на мојата хероина е млада забавна личност која е многу откачена. Сакам преку неа да вметнам младешки смешни жаргони, па ако знаете некои или ако имате некоја идеја пишете ми :inlove:
     
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.216
    Читнав пар страници уназад, ништо посебно од инфо и совети. Ај да пробам сега, можеби има некој кој се разбира. Откако ќе напишеш книга, што понатаму?

    1. Пред да ја понудам на издавачка куќа, на што да внимавам? Што се' треба да ми биде средено? Како треба да изгледа?
    [Мојата е напишана на Word: layout size A5, margins narrow, font "Palatino Linotype" со МКД поддршка, font size 12. Менувам параграф таму каде што сметам дека треба за подобро да го објаснам тоа што го зборувам. Имам еден куп подточки, бидејќи споделувам совети и идеи (книгата е self help книга).]

    2. Дали е подобро да ја префрлам на некој друг програм, на пример на InDesign? Или сосема е океј на Word, па потоа издавачката куќа ја средува цакум-пакум?

    3. Дали таква каква што е книгата, се нуди на издавачка куќа, па тие ја проверуваат детално и ја средуваат како што треба да биде? Или пред да ја понудам, морам да најмам професионалец (едитор, ваљда) да ми ја среди? Или самата куќа си има едитор?

    4. Кога ќе ја понудам на издавачка куќа, што да барам? Што е паметно да прифатам од нивна страна, доколку се согласат да ја издадат? На што да внимавам од тој аспект?

    5. Дали доколку се согласи издавачка куќа да ја издаде, ги добиваат сите права на книгата? Односно, тука за наш пазар ќе ја понудам на македонски јазик. Планирам во иднина да ја преведам на англиски јазик, па ме интересира дали смеам во англиска верзија да ја понудам на странска издавачка куќа?

    6. Насловната е мој дизајн, дали тоа е паметно? Исто така, во книгата имам вметнато и графички дизајни и сакам од истите да изработам и букмаркери и принтови со разни дизајни; дали тоа би било дел од договорот со издавачката куќа?

    Сигурна сум дека ме интересираат уште многу нешта, но во моментов на тие можам да се сетам. Секоја информација, совет и идеја се добредојдени!
     
  10. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Луѓе како да издржам да напишам книга до крај?
    Како да си одбележам точки кои ќе ги следам?
    Почнувам возбудена сум и пишувам секој ден, секој момент. Каде и да се најдам пишувам...Тоа трае неколку дена и после крај.:nod:(facepalm)
    А имам многуу идеи од кои би излегле добри книги. Но тоа е мојот проблем за жал|(
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.216
    Штом престануваш после неколку денови, значи нешто те тера да се откажеш, што е тоа? Немањето доволно време? Немањето доволно мотивација во моментот? Попрво би правела нешто друго во моментот, наместо да пишуваш? Немањето доволно креативност? Си се изнапишала во минатиот период и сега веќе ништо не ти текнува?

    Тоа се изговори. Ако вистински сакаш да напишеш книга, едноставно пишувај.
    Пишувај конзистентно без разлика колку време имаш и без разлика колку ќе напишеш.

    Ако имаш дента само 5 минути, пишувај 5 минути. Ако имаш саат време, пишувај саат време. Важно, пишувај.
    Не е важно ни колку. Некогаш ќе успееш да напишеш еден пасус, некогаш неколку страници. А некогаш можеби ќе се трудиш саат време, а нема да успееш да напишеш ниту една реченица. Сето тоа е океј, природно е, нека не те обесхрабрува. Важното е редовно конзистентно да го правиш тоа, дури и кога мотивацијата и креативноста ќе бидат на ептен ниско ниво.
     
    На piksooki и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот.:):l:
    Ќе се обидам повторно а овој пат ќе се потрудам да бидам постојана.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Јас би имала еден „проблем“. Би морала да пишувам во тетратка, зашто на компјутер се изразувам механички и нималку сликовито.
    Роман не сум се нафатила да пишувам. Пред шест години составував поезија, добра беше. А и помалку време одзема од смислување на долго прозно дело. Штета што (мислам дека) ги загубив хартиите.
     
    Последна измена од модератор: 13 декември 2019
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Би ти препорачал LaTeX, Word е нешто најлошо што можеш да си го направиш. Кога ќе се навикнеш целиот процес на пишување е побрз..
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Имам можеби малку глупо прашање. Дали зборот „доловувајќи" е правилен збор?
     
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Да, доловувајќи е глаголски прилог: глагол (доловува) + јќи.
     
    На cresa-jagoda и piksooki им се допаѓа ова.
  17. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    постои ли конкурс од МОН за издавање прирачник/учебник нешто како брошура.... Тоа би било учебник но бидејќи знам дека нема шанси да се интегрира во нашиов образовен систем затоа велам прирачник/брошура кој ќе помогне на луѓе од секоја возраст да ја разберат материјата...
     
  18. Loly Mara

    Loly Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво, фали може некој да ми ја каже процедурата што треба да направам откако ке ја напишам книгата?
     
  19. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Сама ќе ја издаваш или преку издавачка куќа?
     
  20. Loly Mara

    Loly Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Искрено воопшто не сум информирана , како би било подобро ако може да ми кажете ?