Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    3.365
    Пол:
    Женски
    Ако си сеуште заинтересирана бујрум :D
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Каде?
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Ти среди. Објави? Ако да, прати ми во инбокс тука, ќе читам и ќе ти пишам мислење. Инаку, сакав да прашам за Ана Горд од Србија, дали сте читале нешто? Какво мислење имате? Гледам наплаќа за тоа да дели совети. Добро не е тоа премногу? Уметноста ако ја претвориш во бизнис, веќе не е уметност за мене.
     
  4. Iv531

    Iv531 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Цело време се убедувам да продолжам да пишувам... И желба имам и сѐ, ама како да станав алергична на тоа. Седнам ли да пишувам, веднаш станувам. What's wrong with me :(
     
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Имам текст ама не знам како оди процедурата понатаму. :$
     
  6. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Неколку пати сум се обидувала, ќе отворам word на pc две три страници ќе напишам :D и после некој ден фокусот ми бега ;( не сум стрплива јас за пишување книга и воопшто не е едноставно.:sweat:
     
  7. Iv531

    Iv531 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Те разбирам целосно. И јас го имав истиот проблем, највеќе 4 страни напишав и толку, после неколку дена престанав а многу сакам да пишувам и тоа ми е сон. Но, ако до сега си пишувала на Ворд, пробај во тетратка. Ни јас не мислев дека има толкава разлика, ама еве сега сум на 5 поглавје и навистина ми е поубаво и позабавно во тетратка. И да, навистина е тешко ама не давај тоа да те обесхрабри. И не ги слушај тие што ти велат ,,лесно е", демек тие некогаш напишале книга па доаѓаат да ти мудруваат. И те молам, не отварај веб страни и статии за тоа како полесно да пишуваш и трикови за тоа. Исто како што претходно напишав, тие се само набљудувачи, воопшто не знаат како е. А ако имаш проблем со инспирација, мојот совет е да прочиташ две-три страни од тоа што си напишала претходно или пак да читаш книги. Не мора да се на иста тема, само да читаш. И самата се изненадив колку добро ова функционира. (Извини вака ако ти личи дека се правам нешто паметна ко којзнае колку книги да сум напишала, ама твојот пост ми се чинеше како јас да сум го напишала :))
    Колку долг е текстот? Можеби можеш да пробаш да го продолжиш или целиот да го зголемиш, како на пример замисли текстот е состав кој се пишува во училиште за лектира. Само тука, ,,лектирата" ја правиш по ,,составот", а не составот по лектирата :) А ако проблем ти претставуваат поглавјата, замисли си ги како епизоди од твојата омилена емисија или серија. Мора да биде како целина, но да го остави читателот во неизвесност на крајот. Не мора да имаат наслови и поглавје може да биде долго од една страна до 100 (секако и повеќе, ова како пример го напишав).

    Инаку мене пак ми тргна со книгава, досега уште 3 страни напишав. Како ролеркостер е пишувањето, цело време горе-доле, никогаш не е континуирано :)
     
    На sweet dreams ** му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Што е најтрагично имам инспирација и идеи а не ги реализирам и тоа уште повеќе ме фрустрира. Како некоја хиперактивност да ме обзема и станувам не можам да продолжам.
    А за во тетратка не ми се свиѓа ракописот. :D
     
  9. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Имаш премногу мисли во главата.Дали ова вака ќе биде,дали ќе биде добро,што ако не.
    Не мисли на тоа само пишувај.:)
     
    На Iv531 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    во тетратка ми е средено. Како проза. Секој расказ своја приказна ама за на компјутер треба малку поестетски. И откако ќе се заврши што понатаму? Финансиски колку се потребни средства за да издадеш книга? И се има ли некоја добивка од продажбата?
     
  11. Iv531

    Iv531 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Епа просечно се издаваат 500 копии и можеш да одиш преку издавачка куќа или самата. Ако сакаш самата да издадеш не знам баш многу за тоа, ама мислам дека цената е отприлика како таа со издавачката куќа. А ако одиш со издавачка куќа, тие ти средуваат и лектор, корица, продажба... Сѐ на сѐ, отприлика 500-1000, па и 2000 евра. Дали се исплати паа, не знам баш, не сакам да те обесхрабрувам, ама ништо не е сигурно.
     
    На Tanjamm и marchi-cool им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    за преку издавачка куќа мислам дека издавачките куќи предност им даваат на веќе истакнати писатели а не некои кои прв пат издаваат така да најдобро е се да ти е спремено. Како и да е се надевам дека ќе дојдам до таа крајност да завршам целосно си пишување па потоа ќе барам спонзори, издавачки куќи и се тоа со ред. А тоа дали се исплати или не може да кажат тие што имаат искуство со издавање, или евентуално она "ако не пробаш нема да знаеш"
     
    На Tanjamm и Iv531 им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Не се исплати воопшто. Да не ве разочарувам. Знам издавачи, а имам и колешки писателки. Дека ќе имате ќар нема да имате, ама ако имате амбиција делото да ја види светлината на денот, пробајте.
     
    На marchi-cool и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  14. Плава коса

    Плава коса Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум нова и јас имам една книга што почна да ја пишувам вака за внука ми Далија за нејзиниот роденден па да дадете предлог некој
     
  15. Milsyy12

    Milsyy12 Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2023
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, имам веќе 15 години и најголема желба ми е да објавам книга, веќе сум при крај ама се прашувам дали да ја допишувам, дали вреди, не знам дали можам на 15 години (дека сум малолетна) да ја објавам, па ако може искуство да ми даде некоја малолетна писателка или некој друг што се разбира во тоа?:)
     
  16. Плава коса

    Плава коса Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    еве слушај ако е некаква убава или добра книгата можеш да ја објавеш тука за да ја видеме сите
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Не, никако не ја објавувај тука. Додека не ја објавиш книгата, чувај си ја за тебе, не објавувај ни извадоци никаде. Секако дека можеш малолетна да објавиш книга, барај си издавач.
     
    На NoirSerpentine и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  18. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    3.365
    Пол:
    Женски
    Јави се во неколку издавачки куќи.... За жал мислам дека ќе треба да си покриеш се сама, освен ако нема некој конкурс... Како за почетник не очекувај големите издавачи да ти се нафатат, за жал.... Но можам да ти предложам неколку помали. Соработката им е океј, и цените релно... Продажбата сама ќе треба да си ја организираш.

    И уште ова, како што претходно членката те советуваше, додека не ја испечатиш НИКАКО не ја објавувај никаде, на никој не праќај.... Потоа ќе имаш проблеми, можеби.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Имам отворено тема тука за плагијат, како уловија „препишана поезија“. Ако некој ти украде од твоето творештво, има секакви опседнати луѓе кај нас што сакаат да бидат поети, писатели, можат да си препишат, па во иднина да изгледа дека ти си крадела нечие дело. Пробај со малите издавачи, попристапни се и попристапни со цените. Лично, кај мене ми имаат стигнато, односно ми праќале книги кои не биле објавени, за мислење. Што ако сум нестабилна и ако украдев цела книга?
     
  20. Плава коса

    Плава коса Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    ааа пази што правеш затоа што крадеш книги