Самите автори ми праќале необјавен ракопис, во смисла да видам и да им кажам мислење. Има секакви луѓе. Некој така може нешто да препише, украде и после отиде возот, само нервози. На пример една сега веќе покојна пензионерка во зборник си објавила песна од Маџиров. Ја потпишала со своето име.
Дали некоја од вас има издадено книга кај нас скоро ? Имам напишано и издадено книга самостојно, на англиски, и знам како оди процесот ако сакам и следната да биде така, но сакам оваа да ја напишам на мајчин јазик. Која е процедурата, има ли воопшто профит? Во наша издавачка куќа имам само преведувано за смешни пари, па не знам како оди за автори.
Дали има некој што пишува моментално? Јас имам идеа што мислам дека е добра како замисла, ама мотивација за да седнам и да работам на неа некако немам
Исто како мене, веќе подолго време пишувам ако може така да се каже и имам неколку разликни книги како драфтови од по 20 до 30 страни ама да седнам да ги допишам слабо ми оди. Гледам дека многу автори веќе користат некои програми за помош при блокада ама некако комплицирано ми се виде. Ај веројатно кога ќе залади ќе имам повеќе време па ќе завршам конечно нешто. Жал ни е затоа што на приказните долго работев и некои од нив барем според мене имаат потенцијал. Иначе на кој јазик пишуваш? Македонски или англиски?
Креативна блокада е многу реална, но јас се наоѓам често во ситуација кога имам идеа, дури и неколку, но ете едноставно неможам да се натерам да седнам и да пишувам подолго време. Тоа што го правам, затоа што идеа може да ми дојде сосема рандом и надвор, отварам и во кратка или кратки реченици си запишувам на телефон или си праќам дури сам порака на инстаграм, за да не заборавам каде сум пратил а и да ја имам идеата за подоцна кога ќе седнам да пишувам. Дел од проблемот е тоа што сакаме да биде перфеткно, но треба понекогаш да се фокусираме само да ни е наш забавно тоа што го правиме, мислам тоа е лекот хахаха. Инаку пишувам на Македонски, мислам дека така е полесно еден ден ако дојде да ја издадам. Ти што жанра пишуваш и на кој јазик?
На Англиски ми е полесно за објавување преку Кдп а на Македонски имам мислење дека е тешко да се дојде до издавач ама на Англиски на крај ќе ми треба едитор а на Македонски лектор, едиторот ќе биде скап. Имам неколку книги иначе ама ете не се завршени како што треба. Можеби ќе успеам да завршам, се надевам дека после неколку години пишување на крај ќе успеам барем 1 или 2 да завршам.