What!? Кога толку брзо? Дај стави некое извадоче? И на Ворд ја пишуваш нели? Колку страници има? Мојата првата не е многу голема. Има 72 страни, ама во печатена форма сигурно би имало повеќе. И за да си пресметам колку би била голема, од други книги што ги имам си наоѓам до 72 страна и се чудам како сум успеала толку да напишам. Не е многу до душа ама ај... Инаку би можело, ќе размислам за пресврт.
Да најдам слободно време и одма ќе оставам извадок Во една тетратка си пишам...оти некогаш ми доаѓаат мисли па ја земам и пишам,а не можам сега на секое да го уклучувам компјутерот...кога ќе завршам ќе го напишам чудово од мене на Ворд,оти другарка ми сака да читне од книџево и така....да размислиш,тогаш најинтересното ќе биде! Да му го завртиш паметот на читателот моето е можеби мал роман,не ќе да има баш многу страници така накај 70-60 не е баш..ама големи мисли де (40 или 50 нз точно колку страни..ќе избројам кога ќе ја завршам )
До каде сте со книџулињата срцки? Мојава уште околу 6 странички планирам да си допишам и туто комплето
Почнав да пишувам една, многу нормално дека љубовна ама поим неам кога ќе ја допишам и дали воопшто ке ја допишам
Честитки... Успеа женска. Јас за мојава имдм инспирацијс и сѐ, но, пусто време не стасува. Преска за да ме ја оставам во ве-це си пишував. Така ми е кога сум презафатена Што да правам, што да чинам? Кетрин мора на крај да ја доживее смрта толку неочекувано. Мора да напишам сплет за крај ..
Здраво И јас пишувам книга. Инспирација добив еднаш кога се возев накај Штип. Спојлер Во мојата книга главниот лик е Мија. На кратко се зборува за едно девојче што живее со мајка и (Анастазија), татко и (Илија) и сестра и. Со мајка и и сестра и не се согласуваат. Мија може да предвидува некои работи, медитира. Неа ја интересира едно неисполнето ветување од Марко, и ветил дека ќе бидат заедно еден ден, но отишол со Нина (ќерка на директорот). Таа еден ден ќе го слушне како тој ја навредува и ќе му удри бокс, па ќе ја пратат кај директорот. Додека си зборува со другарка и на час, наставничката ги преместува и ја става Мија да седо до Алекс. Мија наоѓа многу сличности со него, но не сака да го засака. Мија станува расеана поради Алекс. Тие стануваат најдобри другари. Мајка и и татко ја викаат да разговараат и таа помислува дека ќе и соопштат дека е посвоена, но тие само сакале да и кажат дека може да тренира кошарка. Потоа Мија ќе доживее несреќа, убиство на другарка и Ивана. Тоа прво ќе се води како несреќен случај, но Мија и другарките ќе дознаат дека се работи за убиство (Мија ја сонува Ивана како и вели „Не беше несреќен случај). Поради загубата таа се депресира и се изолира од светот, се обидува да го повика духот на Ивана, надвор оди само за тренинг кошарка. Потоа таа и Алекс се зближуваат на неговиот родеден, а на Марко почнува да му смета што Алекс се зближува со Мија (Алекс и Марко се најдобри другари) и ќе почне натпревар меѓу нив двајца. Мија се одлучува за Алекс иако не го преболела Марко. Натаму не ми е продолжено ама планирам Ивана да испадне жива, на крајот планирам Анастазија да не и е мајка на Мија туку маќеа. Вистинската мајка на Мија и татко и Илија мн. се сакале, но тој ја изневерил со Анастазија, а мајка и отишла со друг. Потоа одлучиле дека не можат еден без друг и се простиле, се земале и ја имале Мија, но мајка и имала некои психички проблеми (уште не знам поради што) и Анастазија ќе го уцени Илија и ќе ја земат Мија и ќе бегаат. (А мајка и на Мија се вратила со тој претходниот) и Мија да дознае која и е вистинската мајка. И планирам Алекс да се смени спрема Мија, да престане да ја цени, да ја игнорира и не знам дали да се разделат или да остане со него? Или да заврше со смрт? Некоја идеа?
Па, јас би ти предложила да заврши среќно и Мија да остане со Алекс. Јас првин бев повеќе по невозмони работи, како на пр. тоа со Ивана да оснане жива. Сега не ми се допаѓаат баш такви работи, но сепак тоа е твој избор. Инаку, јас мојата многу ја запоставив, немам време. Еве сега нешто ќе пишувам. Симонке, решив да нема пресврт во мојата. Некако мислам дека нема да е верно. Ќе умре Ник навистина. За да може да се покаже нејзината тага.
А да испадне Миа дека исто така има психичка болест која ја наследила од мајка и? Ако одиш во тој правец може тоа да биде причина да не може да биде со Алекс... и тн итн итн
Lella од каде волку инспирација? Прекрасна ти е идеата за твојата книга, само продолжи да ја пишуваш.
Па кога немам што да правам, мислам дијалози, дури имам и уште еден куп идеи, ама не може секоја идеја книга да стане.
Браво мор Лело..кај мене права драматика Другарка ми ја читаше книгава моја и солзи и потекоа Си велам добро бе толку ли знам книги да пишам?
Во мојата книга е опишам животот на Кетрин, богата девојка на која ѝ недостасува љубов од семејството и од момче. Еден ден доаѓа ново момче во училиште, Ник. Се запознаваат, зспочнуваат љубовна врска, но мајка му починува од рак. Тој мора да замине во Русија и да ја заборави неа цели две години. Разделба. Таа заминува во Мексико кај тетка Мери на ранчот без да каже на родителите. Се враќа, на аеродромот еден човек ѝ кажува дека Ник ја чека во колата. Во колата има еден непознат човек, Рикардо. Разговараат, одат на едно место и тој ѝ кажува дека е посвоена, иако таа немаше ни сомнежи дека не е. Ѝ кажува дека тој е нејзиниот татко, мајка ѝ починала на пораѓај. До тука сум. Во моментот Кетрин и Рикардо седат на висока гранка на едно дрво и тој ѝ објаснува. Натаму немав време да го довршам делот. Кога ќе сум слободна ќе преминам на нешто друго. На крајот Кетрин би требало да почине веднаш по средбата со Ник... Но, во меѓувреме незнам што да напишам.. Помош малку?
Не ја завршувај тажно Кетрин нека се зближи со татко и, нека разговара за својата љубов со Ник, а татко и да ја охрабри да се бори до крај за љубовта на нејзиниот живот.И после уште некои случки (напиши нешто што читателот би сакал да ја прочита и наредната страница за да дознае што ќе се случи) и се разбира среќен крај
Ќе видиме. Сѐ зависи од моите расположенија. Кога сум тажна пишувам тажни настани и чувства, а кога сум среќна пишувам среќни нешта... Се надевам дека ќе ја завршам во среќен момент.. Инаку сега татко ѝ и раскажа за смртта на. мајка ѝ нејзиното посвојување. Останува та да го прифати и да се запознаат. малку подобро. За натаму не се знае..