1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Може, може. :) Ај да прочитаме нешто и од тебе :)
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за пишување, преферирам поезија. Своеволно не сум пишувала проза, или можеби некогаш сум пробала, ама не се сеќавам. Некако со стихови ми оди полесно.
    Арно ама, во последно време ми никнуваат многу идеи во глава, па пред некој ден решив да седнам и да почнам да пишувам. Бев инспирирана од еден прекрасен цитат од Toni Morrison кој го прочитав неодамна, а вели вака: 'If there's a book that you want to read, but it hasn't been written yet, then you must write it.'

    Имам разработено концепт, бидејќи ако само така почнам да куцам што ќе ми дојде, голема е веројатноста дека ќе се изгубам. Вака звучи едноставно да се седне и да се пишува, ама прво треба да се осмисли и да се разработи идејата. Да ја имате приказната во глава, да ги обработите ликовите, да ги дефинирате карактерите, па дури после да почнете да пишувате. А кога редовно читате книги, многу е полесно да го направите тоа. Јас почнав да пишувам на англиски, затоа што самите мисли ми доаѓаат како такви :wasntme: Можеби затоа што повеќе читам книги на англиски, особено во последно време.
    Не знам до каде ќе стигнам и дали ќе успеам, ама ќе се обидам.
     
    На glosipgirl, QueenElena, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Леле луѓенца таман се решив да ви извадам овде делче од книгава-толку ли на Толстој,Достоевски и не знам кој мавам?Абре зедоа другарките сега сакале да ми ја читаат..ај јас нека читаат..ќе ја прочитат брзо не е голема,па кога ќе си ја добијам ќе ви напиашм нешто овде... 8)
    Бидејќи има 10 глави од која глава делче да ви извадам? :^)
    м? :wasntme:
     
  4. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Па од првата. Колку да бидеме во тек со книгата, да ја запознаеме. :)
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    океееви
    нека ја дочитаат кога ќе биде пак во мои раце ќе ви ја напишам цела прва глава и така една страна ми фати ;)
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ана, и мене ми доаѓаат мисли на англиски, ама на македонски ја пишувам, иако многу поубава на англиски би била.
    Навистина би сакала да прочитам и јас таква книга како што пишувам, ама морам прво да ја напишам. :D

    Симонке, ти сакаш да не пукнеш? :D
    Во мојата книга уште сум на почеток, сега пишував нешто. Сега не е многу убав дел, ама ајде, колку мерак да ми помине, едно делче само:

    „Не, мислев, шеташ сама, и тоа во парк, мислев дека повеќе си за во кафичи, барови, шопинг.“
    „Сум. Ама зошто не би се шетала во парк?“
    Продолжија да одат заедно.
    „Не знам. Така мислев. Ајде да ја смениме темава.“
    Таа замолче.
    „Кое ти е омилено јадење?“
    „Што?“
    „Па, гледаш, веќе не знам што да ти зборувам, се чувствувам како идиот.“
    „Јас не те натерав да се чувствуваш како идиот.“
    „Многу си паметна.“
    „Лазањи со зеленчук.“
    „Што?“
    „Ме праша кое е моето омилено јадење.“
    „Е, да.“
    „Ајде раскажи ми за твоето семејство.“
    „Јас речиси немам семејство. Татко ми починал уште пред да се родам. А мајка ми почина пред една година.“
    „Оф, жал ми е.“
    „ Во ред е. Бевме богати, ама тоа ништо не вредеше. Таа кога бев пет години се омажи со друг човек. Тој постојано ми викаше и ме караше, понекогаш ме тепаше. А кога мајка ми не беше дома, и тој беше излезен, а ако беше дома, постојано разговараше на телефон. Сега ретко го гледам. А и да го видам, не разговарам со него.“

    Едвај ги чекам тие делови за кога имам најмногу инспирација. Овој дел на почеток некако не знам како да го поминам. Немам инспирација за овој дел.
    А и се уште сум во дилема за тоа дали да има среќен или тажен крај? :?:
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Еве извадок од моето недовршено дело:

    На 17 мај речиси пред крајот на оваа учебна година Кетрин доби повик за средба со Ник. Тие често се среќаваа, некогаш целиот ден го минуваа заедно, па Кетрин не беше потготвена за ништо друго освен за обичен ден исполнет со радости.
    Кога се сретнаа на вообичаеното место, пред старата куќа на госпоѓа Теверсон, Ник беше вознемирен.
    - Ќе влеземе?
    - Во ред... Ник, нема да ми кажеш што се случува?-Го праша Кетрин кога влегоа во нејзината соба.
    Тој не можеше да зборува за прв пат.Силно ја гушна својата љубена и почна да плаче. Кетрин незнаеше што се случува, па од возбуда и нејзиното срце почна да чука брзо како никогаш. И таа почна да плаче, па така плачеа и двајцата подолг период.
    - Кетрин, имам проблем. Ситуацијата на мајка ми е се полоша.Докторите ѝ рекоа дека нема да живее подолго од еден месец.- Плачејќи зборуваше Ник.- Ако тоа се случи јас ќе морам да живеам во куќата на татко ми. Во Вирџинија.
    -Не! Јас нема да дозволам тоа да се случи! Ќе разговарам со татко ти, ќе ви ја подарам куќата на госпоѓа Теверсон... Те проколнувам, Ник, немој да ме оставиш. Не сакам повторно да бидам осамена. Не сакам повторно да бидам без тебе...
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. loveyou313

    loveyou313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4
    Вака јас исто сакам да пишувам роман за девојка која се заљубува во нешто невозможно и не се откажува од тоа пати многу секој ден и нанесуваат некои личности болка, а таа останува храбра и на крај ќе се издигне над поразите и ќе им се смее на сите во лице за правдината, (настаните се реални, завршниот дел нема да биде реален ќе биде крај каков што сакам јас да ставам и лошите за завршат лошо, секој да си го добие тоа што си го заслужува). Имам почнато со ова, но немам име за книгата...Има време и за другите ред, ред работи само да ми дадете предлог име... Ве молам. Благодарам од напред :).
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Инаку да напишам и јас мал дел, на пр. кога Алекс и Мија се зближуваат на неговиот роденден? :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На loveyou313 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    И јас ова во потписот го имам. :D
    Можеш да ставиш, зошто да не? :)
     
  11. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Јас пишувам книга. Не сум некој си којзнае колкав и каков поет, но тоа ме смирува, ме прави среќна. Кога ќе ја завршам оваа сакам да напишам и друѓи. Сакам цел живот да пишувам. Моменатално пишувам љубовен роман. Ја пишувам во тетратка. Поинтересно ми е така. Имам напишано 45 страни, сеуште сум на почеток, се надевам ќе ја довршам.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Јас веќе имам идеја за што ќе пишувам, летово ќе почнав со пишување. :)
    Една интересна приказна, а идејата започна со дел од вистинскиот живот, а дел од еден сон. :)
    Се надевам некогаш ќе биде објавена не се знае. :)
    Сепак, ако и така ќе имам слободно време, па не е лошо да напишам книга. :)
    A во иднина ќе ви напишам и дел. :)
    Што викате ќе бидне работава? Еве бар вие кои знаете како се изразувам, или да почекам понатаму, кога ќе имам побогат вокабулар? :P :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Синоќе сонував како сум пишувала книга и таа книга се претворила во реалност... и тоа јас сум била жртва и сведок на се! Мислам дека ова ме насочи да пишувам книга. :D Сакам да ја почнам веднаш. :$ Негативците веќе знам како да ги крстам... по едни девојчиња кои ме закачаа во градинка. :devil: :lol:
    Едит:
    Благодарам за одговорот Ана. :) Инаку, се мислам меѓу имињата Карина и Луана. :?: Карина е љубовно име, а Луана е име за весела личност.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ На компјутер.
    Побрзо е, а и полесно можеш да се ориентираш колку страници си напишала според бројот на зборови.
    Еден просечен роман (напишан со 1,5 проред и 12ка фонт Times New Roman) има од 80 000 до 120 000 зборови.

    Вака ако рачно почнеш да пишуваш, ракописно/печатно, нема ни приближно да имаш ориентација колку си напишала. Освен тоа, на компјутер многу е полесно да ги организираш поглавјата како сакаш, да бришеш, да вметнуваш пасуси и слично.

    Јас завршив пред некој ден со првите 10 000 зборови. Не пишувам хронолошки, како ќе ми дојде според расположение. Приказната ја имам во глава, ликовите ми се добро психолошки обработени, временската рамка на сите настани ми е дефинирана, за да нема никакви нелогичности. Само уште да седнам и да се изнапишувам :)
     
    На cresa-jagoda, Lella, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Моето мало книџуле уште не ми е в раце ;(
    сега една другарка заврши со читкање,друга продолжува...нека читаат таму 8)
    како кој знае каква класика да сум напишала :!: ..ама мило ми е шо си читаат барем нешто :wasntme:
    а да си почнам да пишувам уште една книга,не е лошо а? :^)
     
  16. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Моите желби да бидам писателка згаснаа. Сѐ се случи наеднаш... Мојата започната книга ја избришав, а друга не планирам да почнам. Не се интересирам веќе во книгите до толку. Сеуште сакам да читам, но не и да пишувам. А полна инспирации сум. Но, мрзата уште што ли нема да направи. Така, јас се збогував со моите книги и авторството. Чао чао. Ги поздравувам сите ликови. :*
     
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    ау мор
    јас си реков колешки ќе си станиме :D
     
  18. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Здаво девојки ,
    Јас сум нова на форумов и ги разгледував темите и баш ми е мило што има и една ваква.
    Инако и јас пишувам книга . Прво милсев да биде некоја поромантична ама сфатив дека не сум јас тој романтичен тип са затоа внесувам и малку акција .
    Се е како што треба ама ми фалат имиња... Најмногу машко име . Се работи за храбар , силен , млад па по малку и романтичен тип кој е телохранител на главниот лик . Теа е главен лик , млада девојка , интелигентна и амбициозна постојано е во потрага на нешто ново.
    Дајте ми некоја идеја предлог за некое има , моментално не ми текнува некое што ке ми одговара :)
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Од машки имиња најомилено ми е Феликс. :D Значи весел и ведар. Ама ако не е толку весел, незнам.. :(
     
    На VictoriaSan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Феликс- интересно име . Ме потсетува на среќа :D Можеби ќе го искористам за некој лик. За дечково мислев да ставам некое име кое ќе наликува на посериозен тип. :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.