1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    :hai:
    Ве читам често и наидов на еден онлајн курс со оваа тематика - Start writing fiction.
    Воглавно се фокусира на идеите и на креирањето ликови, содржината и слично. Плус ќе има и интервјуа со неколку познати писатели кои го откриваат начинот на кој што тие ги напишале своите дела.

    Гледајте го трејлерот, објаснето е повеќе.
    Јас имам супер искуство со онлајн курсеви, моментално следам 2 на edX, одлични се. :)

    Курсот започнува на 28 април, ќе трае 8 недели и проценето потрошено време на него е 3 часа неделно.

    Се надевам информацијава ќе ви е од корист.
    Среќно, девојки. :wasntme:
     
    На simonna.a и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Адријан,Димитар,Вилијам,Харисон... :!:
     
  3. Bennet

    Bennet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    Здраво дечки. Пред две години имав напишав некој модерен вид на бајка. Сакав да прерасне во книга, но за жал се уште сум таму кај што застанав. Сега почнав да пишувам нешто ново. Но засега, бидејќи сум уште на првата страна имам само еден лик-женски чии карактеристики, желби, сонови се присвоени од мојот живот. Девојката е сопственичка на книжарница бидејќи многу сака книги,модерна е, има створено некои навики на здраво живеење, сака да отвори издавачка куќа итн( значи да не се разбереме погрешно не е некоја која што само чита и чита и ништо друго не прави, туку има и многу пријатели, излегува, се дружи), но се уште е сингл. Не знам како понатаму ќе одат работите се уште не сум размислувала многу. Сакав да прашам дали кога пишувате спомнувате точни имиња на... не знам објекти, улици или измислувате, затоа што кога ја пишував бајката дејството се случуваше демек во Лондон, но секако не спомнував ниту имиња на улици ниту ништо сл. А, што знам некако не ми се пишува како дејството се случува во Македонија, би сакала да изберам некој убав европски град како Париз на пример ( сеа си правам филмови, не мора да е Париз). Инаку, пишувам и белешки така од секојдневното искуство што ме импресионира, а истовремено и што ме иритира. :) ;) позз
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    И јас размислував за тоа каде да се случуваат дејствата и некако не ми е интересно ако пишувам македонски места . Некако по возбудливо ми е кога пишувам странски градови , улици училишта , ресторани ....и сл .
     
    На Bennet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Јас утре ќе ви напишам делче од мојата книга,то ест книџуле хахах
    :*
     
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Ви го пишам воведот (1 страна е,не сум Балзак 30 страни за вовед)од мојата книга Дневникот која зафати 46 страни..мала,ама ко за почеток арна е :D
    Три другарки ми ја прочитаа и сите ми велат преубо сум пишела,мило ми е,арно ама многу плачеле на оваа книга...ете Николасица Спаркица сум сега :lol:

    Како што минуваа деновите,така и здивот за малку запираше,така и очите гледаа со заслепеност,така и срцето...
    Срцето мое е сега старо,но разни удирања го бодеа,се раскинуваше-ама ете денес сеуште е живо...Треперев и сеуште ќе треперам...Мојата судбина се ткае од случајноста.

    Заминувањето беше најтешката работа што тогаш се случи.Бев бебе,но болката остана во мене иста.Како што ми кажуваше тетка ми...:

    ’’Врнеше дожд,мило.А гром како да се
    навестуваше.Одевме со мајка ти брзајќи
    до малечката болница,носејќи со нас
    болките што и’ ги задаваше во стомакот.
    Но,не беше така.Моравме прибежиште да
    бараме во колибата што...Откако се роди
    ти срцето ми трепереше исто како рацете
    што ми те држеа,но и солзите одненадеж
    во тажни преминаа...таа веќе отиде на
    пат.Од тогаш ми те зедоа од раце и
    еве после десет години те најдов во колибата
    што...Има многу работи што не ги знаеш,
    немам јас сили и храброст-животот
    ќе ти ја докаже приказната што...’’

    Тие зборови копаа во мене се додека на седумнаесет години се случи неочекуваното од очекуваното. Зошто велам вака?Денес не сум сама,со мене се моите внуци и ќерки и зетот.Другиот ли зет?Болен настан што потаму ќе напишам.А сега теророт започна со...


    И коментари? :?:
     
    На sanja.burgundy, Someonespecial, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Да ви напишам и некое поглавје?
    во спојлер? :D
     
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Да, баш ме заинтересира ;)
    Јас мојата книга конечно ја завршив :clap: За име не сум сигурна, ама мислам дека ќе биде „Плод на потсвеста“ :) :D
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    аууу па стави и ти делче тука мор ^_^
    јас деновиве ќе ставам нешто од Прва глава,да се ослободам чекам малце од обврските ;)
     
  10. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Јас сега ќе почнам дневник да пишувам, во вид на книга (Без вистински имиња,се разбира) но само седум дена т.е. само случувањата од последните седум дена ќе ги напишам во него. Во Понеделник, Вторник, би требало да си го испечатам, но само онака, за мене.. Колку да се потсеќам на овие денови некогаш. :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Сакате јас да ви ја напишам I глава од книгата?
    Засега и само таа е, летово кога ќе имам повеќе време ќе продолжам да ја пишувам. :)


    Инаку Симона мене ми се допаѓа, добро е. :up:
     
  12. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391

    Ајде, што чекаш? Би сакала да го прочитам, да видам што си сторила со Ксенија ;)
     
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Епа еве ја I глава од книгата „Одмазда“. :)

    I
    Беше убав, сончев ден, започнуваше учебната година за сите основци и средношколци.
    Ксенија, 16 годишна девојка со преубави зелени очи, бело лице и прекрасна долга, плава коса, богата девојка, самобендисана.Таа веќе доцнеше на училиште, па набрзина се подготви и трчајќи излезе од дома. Толку беше занесена што не гледаше каде оди, а занесеноста можеше да ја чини живот. Одеднаш пред неа излезе еден мотор, а само малку фалеше да ја удри, но за среќа момчето закочи. Тоа беше новото момче, Мартин, 17 годишно момче со небесно сини очи, со светло кафена коса, желно за одмазда. Долго време тој мечтаеше за таа средба, средба која што толку долго ја планираше и конечно дојде и тој ден, тој се запозна со Ксенија, ќерка на луѓето кои што го уништиле животот на неговата фамилија одземајќи им се што им припаѓа. Тој во себе рече: - „Дојде време за одмазда, конечно“, а потоа започна разговор со Ксенија.
    - Навистина ми е жал што те удрив, брзав за на училиште.
    - Да, и јас брзам за на училиште, но барем внимавам каде одам.
    - Мхм, да - се насмеа хистерично Мартин. - А како се викаш?
    - За малку ќе ме прегазеше, а сега ме прашуваш како се викам? Навистина? Воопшто немаш срам?
    - Веќе се извинив, што сакаш повеќе? Да те однесам до училиште како знак за извинување? Може?
    - Во ред. Благодарам. И така немам друг избор. Тој и ја подаде кацигата, се качија на моторот и како да летаа кон училиште, за неполни десетина минути стигнаа во училиште.
    - Благодарам. Инаку, се викам Ксенија. - едвај изусти и возбудена замина девојка.

    Добредојдени се критики и пофалби. :)
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Убаво е ми се допаѓа, добра ти е идејата :clap: .
    Само имам две забелешки: Малку е премало за една глава и второ премногу дејствиа си сместила во една мала глава... На пример првите глави секогаш се опишување на атмосферата, да се обидеш да допреш и да го внесеш читателот во тоа, да се почуствува како тој да е таму.
    Така за прва глава доволно би ти било да ја опишеш поопширно Ксенија и физички и карактерно. Потоа да опишуваш нешто за времето за атмосферата, за живото на Ксенија. Во втора глава може да се појави Мартин и полека да и се приближува. Да глуми добар а да му ги пишуваш и мислите (како тоа дека во себе си помислил...)
    Ете тоа поправи го инаку цела книга ја собираш во 3 глави вака одолговлечувај си создавај атмосфера, но во секоја глава да има нешто карактеристично.
    Инаку ти е добра идејата.

    Едно време и јас почнав да пишувам книга и ја прекинав токму поради оваа причина, бидејки се пишував пребрзо и целото главно дејствие го сместив во една глава, дури после си ја увидов грешката, па во слободно време ќе почнам повторно да пишувам, но овојпат подобро. ;)
     
    На cresa-jagoda, Lella и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Ајде јас ќе ви напишам дел од претпоследната глава :P
    Да ве внесам во дејството малку, како прво :D Вака, се случува откако девојчето Мија ќе се излечи психички (имаше проблеми поради смрт на другарка и (Ивана) која на крај испадна дека е жива) и со другарките излегуваат на шетање и таа го гледа дечко и Алекс како се бакнува со Нина (девојчето што го мрази бидејки и ја украде првата љубов - Марко). Потоа таа бега, а Нина на роденден на другака и го опила Алекс и го искористила за одмазна на Мија. Утредента другарките на Мија некако договараат да се видат со Алекс и да разговараат. И нели разговараат, па Мија истрчува за да биде малку сама, ама ја напаѓа крадец (ја прободува со нож). Па Алекс ја наоѓа во крв, ја носи во болница и Марко дава крв за неа. После операцијата Мија не се сеќава на ништо бидејќи кога паднала удрила на глава. Се сеќава само на Марко, ама нешто и се измешало и мисли дека тој и е дечко, ама после другарките ќе и објаснат, ќе и го донесат дневникот, албуми итн. Е сега Алекс влегува во собата на Мија (во болница) за прв пат да разговараат
    Алекс влезе во собата и седна до Мија. Таа иако не се сеќаваше знаеше се и му беше лута на Алекс и не сакаше да го погледне во очи.
    - Лута си ми? - тој ја праша.
    - А кој не би би бил?
    - Ама Мија јас ти раскажав!
    - Уште да се сеќавам...
    - Нина ме опила и ме искористила за одмазда. Ни јас не се сеќавам на тоа, бев пијан. Ми раскажаа...
    - Нина беше таа што ја мразам?
    - Да, таа. Зошто не ме гледаш во очи?
    Со тоа прашање нешто светна во Мија, кога погледна длабоко во сините очи на Алекс. Престана да дише. Часовникот престана да отчукува. Срцето престана да чука. Зениците престанаа да се шират, Крвта престана да тече. Се запре за секунда од само еден поглед, предизвикан од едно прашање. Мија се сети кога Алекс и го постави истото прашање на неговиот роденден. веднаш потоа брзи слики почнаа да поминуваат пред нејзините очи. Од првиот пат кога ги виде очите на Алекс, нивното запознавање, караниците, седењето на дрво, случајот со Нина, се до кога не и беше забоден нож. Целиот досегашен живот и помина пред очи, од случајот со Ивана, излегувањата си другарките, запознавањето со мајка и. Кога сите спомени во забрзана снимка и поминаа низ очите, се запре во очите на Алекс. Ја издиша воздишлата. Продолжи да дише. Часовникот продолжи да отчукува. Срцето продолжи да чука. Зениците продолжија да се шират. Крвта продолжи да тече. И за крај, меморијата проработи. Празниот лист се исполни.
    - Алекс! - рече Мија ставајќи ги рацете врз неговите образи - На се се сетив. На се!

    И? Чекам критики :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    ^Баш интересно. :angel: Само внимавај повеќе на грешкичките, и да, поубаво би било да ставиш надредни знакови.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Е, се наканив и јас да пишувам. Конечно најдов слободно време. Започнав приказна, ми остана уште малку да ја „дооформам“ но, сепак почнав со пишување. Сеуште немам одредено наслов, понатаму ќе смислам. :D Еве ја првата глава. Чекам критики и кажете дали ви се допаѓа. Инаку не ја пишував толку долга, мислам дека ова е доволно.
    I Глава
    Се чувствува мирисот на расцветаните цвеќиња во градината, по улиците постојано врви народ. Постарите седат под дебела сенка во паркот, ја бришат потта од челото. Сонцето пече, иако е мај. Тивок ветар се чувствува наоколу, прамените од мојата долга коса, смеѓа боја, се плеткаат. Сончевите зраци, чинам продираат низ моите сиви очи, чија боја ја наследив од мојата мајка, која патем не знам ниту каде е. Тешко е да се живее со еден родител, зарем не? Татко, кој го гледам ретко во седмицата, помала сестра која ми го исполнува животот- Јоана. Таа е мало човече што ми го исполнува денот. Слаткиот глас кој предизвикува насмевка на моето лице. Животот беше безмилосен, но никој не го прашува што да прави, нели ? Точно седум години како ја нема мајка ми.
    Седам во дворот, на штотуку исчистената кафена клупа. Иако се кревам на прсти да ги докачам црешите од втората гранка, сепак вреди. Досадата мора некако да ја снема, кога веќе немаш што да правиш, плус си научил за тестот по математика. Бесценето чувство!
    - Антони...Антонијааа! – извика.
    Веднаш го препознав тоа гласче. Зачекорив кон влезната врата од куќата.
    - Е, веќе време ти е за на училиште ?
    - Да. Учителката рече дека денес ќе имаме помалку часови!
    - А, во ред. Јас денес подоцна треба да одам во гимназијата.
    - Да те бакнам, може ? Па ќе одам. – направи умилкувачки лик, толку сладок, та да го изедеш. Не до тој степен на канибализам, не! Се шегувам.
    - Може. Инаку, клучот знаеш каде е, кога ќе дојдеш. Тато нема да е дома.– ја прегрнав најсилно, а потоа ја испратив до портата.
    Патем, училиштето е една улица подолу од нашата голема, бела куќа, опколена со солитери, парк и други куќи.
    Подоцна ги добрав црешите, а потоа се сладев со нив. Црвени, крупни, подобри од најслаткото бонбонче! Седнав на клупата и разгледував наоколу, чиниш странец сум. Пред портата поминуваа многу луѓе, од кои само на еден му обрнав поголемо внимание, момче- имаше црна коса, долга до рамениците. Ме погледна со остар поглед, но сепак во неговите очи постоеше некоја мекост што ми велеше дека не е лош човек. Изгледа како да сакаше да ми каже нешто, но се тргна. Ја зедов чинијата со црешите и влегов во дневната соба. Не помислив ниту еднаш на него.
    Веќе беше време да одам во гимназијата.
     
    На Cka, Mahidevranfan, dence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Се изначекав, каде се критиките ? :lol: Да сте останале без зборови не ми се верува, а проблем може да е и тоа што малку го прочитале.
    Ако сакате ќе ја напишам и втората глава. :D
    Инаку се извинувам за мислењето едно под друго.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Секако дека е убаво. :D Критика, пааа да вмимаваш повеќе на грешките како тоа се прашалникот, треба да биде залепен, без празно место. Инаку за содржински е супер. :up:
     
  20. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    ^ Првпат слушам за такво нешто, ама нема врска, прифаќам критики. :) Благодарам.