1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Девојки, започнав нешто да пишувам.... не знам што ми стана ми надојдоа мисли идеи, па се фатив за работа :D
    Е сега не знам што ќе излезе од оваа, но накратко приказната е оваа: Се работи за една девојка, која неодамна ја губи својата љубов, скршена од животот, но сепак продолжува. Се запознава со нов дечко, и некако е привлечена од него, на почетокот мисли дека имаат иста судбина.... но животот и носи нови изненадувања... :)

    Не знам колку идејата ми добра, но ќе продолжам ќе видам што ќе излезе на крај....
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Леле сте се изнапишале овдека а јас ништо не сум видела...ај да најдам повеќе слободно време и ќе ве читнам шо сте напишале а и ќе ви напишам некое делче и јас од мојата книга... ^_^
    иначе Дани интересна ти е идејата,веќе почнаа и идеи во главата да ми се развиваат за твојата тематика на книгата ;)
     
  3. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Богами, не очекував до волку добри дела да сретнам. Браво за сите! :clap: :wasntme:

    Епа вака сеа:
    Мнгоу пати ми дошол налив на инспирација, ама додека се натокмам да седнам да пишувам, ќе остарам и внуци ќе дочекам. :D

    Во главава имам нешто замислено, за наслов кој знае колку време изгубив и па не ми текна, а во најголема дилема сум поради местото на дејствието, т.е. се мислам дали да ја правам книгава во Македонија.
    Мислам дека би било глупо затоа шо, (како шо прочитав негде погоре) сакам да биде во некој европски град, ама уште еден проблем е тоа шо мене е од европски град не ми текнува, не па да седнам книга да напишам. :D

    Сакам да биде книга во која ќе раскажува седумнаесет годишната Александра, (главниот лик) , духовита, убава (добро сеа не да паѓаме у несвест ама не ни некоја грдотија), со зелени очи и смеѓа коса, која има две најдобри другарки и го сака Бојан. Сакам и да биде прикажана во позитивна смисла, да има некоја хумористична содржина шо може да го засмејува читателот, разбирате? Да се вратам на книгата. Ќе има многу сплетки, кавги, глупости шо ќе ги прави поради одредена работа итн. Може сега вака од почеток изгледа ептен досадно и некако монотоно, ама ја како сум си замислила има да биде книга и пол. :D ;) :rock:
    Според имињава шо си ги замислив, изгледа дејствието сепак ќе се одвива во Македонија. :D
    За наслов да ме утепате стварно ништо не ми текнува. :$ :lol:
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ивана, ти почни да ја пишуваш книгата, насловот сам ќе дојде. Јас досега што сум пишувала книги, насловот бил на крај. :) Не се секирај за насловот, тој сепак и не е толку важен. Содржината е многу потешка. А најтешко е да се заврши започнатото. Можеби ќе седнеш, ќе напишеш нешто и ќе ти помине меракот. :)

    Ај со среќа. :D :)
     
  5. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Ивана,најважно е прво да имаш инспирација и идеја!Се друго ќе оди полесно! :)
    А гледам веќе си го смислила можеби воведот,но треба да знаеш што потоа! :)
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    А јас не можам да чекам додека да стигне овој дел, затоа еве го фамозниот говор под зајдисонце. :D

    (Ник зборува) Те сакам колку силата на ѕвездите, колку што ветрот тивко дувка и го шепоти твоето име, колку руменилото на зајдисонцете под кое ги кажувам најискрените зборови што некогаш сум ги кажал на најубавата личност што некогаш сум ја сретнал. Те сакам колку синилото на твоите очи кои ги гледам и кога сум во темница, колку што имам надеж кога беспомошен ќе ја видам твојата насмевка и ќе се сетам дека нема ништо поубаво од тоа да бидеш со мене, а ќе бидеш, тоа го знам, засекогаш ќе бидеш тука, до мене, во моето срце.

    Малку личи на тралалајка, ама каков е - таков е, мој си е. :D Вие што викате?
    Инаку со овој говор завршува книгата исто така. Тогаш Амелија стои на тоа место каде што се среќавале, дува ветер, и’ ја вее наметката, а таа си го мисли ова. :D Истите зборови што тој и ги кажал.
    За тие што не знаат, Ник на крајот умира. И ништо нема да ме разубеди да не е така, не ми требаат среќни краеви, најважна е приказната :)
     
    На Ketchup, Someonespecial, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Лела девојко..алал да тие..тии само заврши ја книгава и знај дека јас ќе бидам првата што ќе ја купам.
    Преубав дел..сигурна сум дека и останатиот дел од книгата е преубав..Секоја чест..алал да тие :bow:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    А,може ли некој да ме информира кај кои издавачки куќи мислите да печатите кога ќе ја завршите книгата?
    :wasntme:
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Јас уште не сум мислела за печатење, не знам можеби и тоа ќе биде. Јас да ја завршам, па... :D
    И да, ако знаете колку се плаќа итн. кажете. :$ :D
     
  10. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Преубаво :clap:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Девојки, би сакала да ви постирам една страница од мојата започната книга...чисто онака да "чујам" и ваши мислења :) ... инаку незнам дали е добро или не, но премногу обрнувам внимание на нештата гледам да ги опишам што е можно посликовито :$ .... значи сеуште немам наслов... ваљда со текот на пишувањето ќе дојдам и до тоа... Епааа еве вака....

    Се започна таа мајска ноќ. Сонцето веќе си ги прибираше своите зраци, полека но сигурно паѓаа темните завеси на ноќта. Воздухот беше толку пријатен, како никогаш досега. Тргнав, се препуштив на звуците на природата да ме водат. Одиш некаде, но не знаеш каде, бараш нешто но не знаеш што. Си мислиш некаде таму ќе ги најдиш одговорите на многубројните прашања... прашања што животот ти ги наметнува. Лута сум на него, лута сум што ми го одзема најдрагоценото нешто. Таков е животот ми велат, мораш да продолжиш.
    Шетајќи се така, забележав едно момче. Незнам зошто но некако ми се чинеше како и тој да минува низ истото. Или барем само така си се тешам, барам некој сличен на мене. Сакав да разговарам со некој, да најдам некој што ќе ме слуша, но не можев да му пријдам.... и оставив така. Поминав покрај него, само погледите ни се сретнаа и толку. Некако тие очи ми беа познати, незнам од каде. Се вратив дома и легнав.
    ***
    Будилникот почна да “вреска”, беше време да станам и да го започнам денот. Се надевам дека ќе биде прекрасен ден. Влегов во бањата, се измив за да се расонам и се погледав во огледало. Чудно како да ги гледав неговите очи. Некако длабоко во себе имав желба пак да го сретнам, но знаев дека е невозможно.
    Се подготвив и тргнав на работа. Се решив повторно да се вратам во стариот ресторант, да продолжам од таму каде што застанав. Хм... стариот добар ресторант, никој не го одминува. Тоа е местото чија миризба те враќа во детството. Тој мирис веќе го чуствувам со години, овде пораснав, овде научив да читам, научив да ги приготвувам највкусните јадења на тетка ми Лејла, овде ја запознав љубовта на мојот живот..... но добро нема да се навраќам на тажните спомени, нели животот продолжува.

    Ииии... што велите? :?:
     
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    5.748
    Пол:
    Женски
    немам многу искуство за пишување книги ама колку што се разбирам јас мислам дека е многу добро
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Содржински е супер, само се надевам дека нема да биде копија на Исти очи :wasntme:
    Зборот ми беше за грешките. Незнам се пишува не знам, чувствувам, а не чуствувам. Имаш доста вакви грешки, тие поправи ги и ќе биде добро :)

    Не знам, можеби другите не обрнуваат внимание на овие грешки, ама мене ми бодат очи. :D
     
  14. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Па ете може се поклопило нешто, но сепак е добро што настаните имаат друг правец... :) За да нема "забуни" приказната е друга :!:
    Всушност не се брат и сестра како во Исти очи доколку мислеше на тоа, значи момчето и е познато од минатото од детска љубов, и сега после многу години тој повторно доаѓа во нејзиниот живот. Некако на чуден начин судбината ги спојува. Има мнооогу заплети додека коцките се наредат така како што судбината сакала. :D Доста беше толку некој следен пат ќе издвојам некое делче за вас

    Што се однесува до грешките, во ред е, ќе се поправат не е ништо конечно... ;)
    Толку од мене :)
    Имајте убав ден! :sun:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Во ред штом е така, јас си помислив дека ќе излезат близнаци зашто велиш ги видела неговите очи кога погледала во огледало. :D
    Иако има многу верзии со оваа работа со очите, последна беше Тајната на сините очи, без секиранции, и таму најдов мал милјон грешки, можеби првата книга која сум ја читала со толку многу грешки. Најчесто грешките беа можи, ќе направи. Бидејќи авторката беше битолчанка. :D

    Твоите се најчести грешени правописни грешки, па се надевам дека ќе ги поправиш. Со среќа уште еднаш и не се откажувај. :)
     
    На D-a-n-i му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Фала, фала. :)
    Си ја почнав да ја пишувам. Кога ќе сакате ќе ставам нешто од почетокот, да видите дали ме бива. :D



    Извинете вака пак јас, ама не можев да редактирам. :$
    Иначе јас имав веќе еднаш почнато книга да пишувам, ама ептен немав време од премногу обврски и искрено изгубив и желба. Единствено шо знам е дека не ја довршив. :lol: :P
     
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Јас нема да ја издавам книгата..дома ќе си седи кај мене тетратката во која ја напишав... :D
     
  18. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Леле ај жити се стај некое делче тука, да читнеме и ние нешто. :inlove: :$ :D
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Ај делче од III глава насловена како:Не може...(книгата кажав погоре Дневникот се вика)
    Главните ликови се Кристијан Фултон и Екатерина Каледак Наваро,потоа Фултон.И сега тие на почетокот изгледаа како совршен пар среќно заљубени,но крајот кај нив не го краси делото.Ќе ви прикажам извадок од така нешто смешната песна која Кристијан и ја посвети на Екатерина:
    ’’Кога срцето силно ќе затрепери за миг,
    сонцето што ти осветлува лице...
    ти си како мала темјанушка,
    зрела ли,незрела со усни како јагода...
    Како е погледите да ни се сретнат?
    Да запеам ли посилно,гавран да ми позавиди?
    Само славејот да слушне,ќе пцовиса од тага.’’
    ви се допадна?
    :$
     
    На Marossa и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  20. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    ^ Мене секогаш успеваш да ме воодшевиш.
    Туку да ве прашам за мислење, се мислам за издавање за мојата книга, а уште на моите и немам кажано дека книга сум напишала :worried: