1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    кажи им де шо...не е тоа некоја тајна кој знае каква ;)
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    :clap: :clap: :clap:
    Мене лично ми се свиѓа. Не те коментирам оти не се разбирам во коментирање. :$

    Ни ја им немам кажано дека пишувам книга, ама според мене не е нешто шо официално мора да се соопшти. :D Кажи им онака, додека си праите муабет, не гледам ништо страшно тука. :)
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓаат вашите извадоци од книгите што ги пишувате. :)

    Ме потикнавте да размислам да почнам да пишувам книга.
    Само знам дека ако решам да седнам да пишувам нема да има помалку од 100 страни. :)

    Ако се случи да почнам да пишувам книга, вие ќе бидете први кои ќе прочитате извадоци. ;)
     
  4. SM12

    SM12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Епа вака, јас до сега имам само напишано еден расказ од 3-4 страни на англиски со крими содржина и сега некако добив идеја да почнам да пишувам нешто повеќе. Ја имам замислено целата приказна, главните случувања, ама она што треба да се случува измеѓу некако немам инспирација што да напишам. Знаете, на пример некои рандом разговори меѓу ликовите што треба само да пополнуваат страни во книгата што немаат врска со главното случување, тие не можамд а ги доловам. Дали има некој тука што има почнато нешто вакво, и од каде ја црпи инспирацијата за таквите делови?
     
  5. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав ова како јас да сум го напишала. :D :D Си добив јас инспирација од филм што многу си го сакам ( се разбира не турски :D :D американски е) и сеа си викам дај да напишам нешто слично јас. Си напишав и концепт као демек за што се работи почнав дури и 20тина стр и баталив, матура ова она и така ми остана. Денес конечно седнав и читам ама некако нечини не е исто ама некоја бледа копија на филмот,а тоа не личи на мене и се отиде на делит . Ќе има нешто и од тоа ама ќе биде ново , различно и поинтересно. Си смислив и некои именца е сега презимиња нема ама ке се најдат. Па се надевам овој пат ќе бидам по креативна :D :D
     
  6. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да пишувам книга и моите мисли сами си идеа една по друга,инспирацијата ја црпев од филмови,книги,нешто што мене ми се случило како и од самиот живот на луѓето.Инаку книгата се вика Неисполнети соништа.
    Значи се работи за двајца гимназијалци.Мај и Марко и двајцата имаат 17 години.Мај живее со мајка и и е доста успешна ученичка,и фер девојка.Марко е син на сопественик на болница и е размазен,ужива да вози скапи автомобили и да биде над другите.Една непријатна случка ќе ги спои овие различни карактери и ќе се заљубат еден во друг.Тоа е воведот и самиот почеток.Еве мал извадок:
    Мај седна на клупата со штотуку купениот сендвич,ас отспротива доаѓаше Теа нејзината најдобра другарка.
    -Еј девојко,што се случува со тебе?!-викна Теа.
    -На што мислиш Теа?-прша Мај.
    -Па девојко цело училиште зборува како утрово си го оладила(добил силна шлаканица) Марко-рече Теа.
    -А тоа ли?-сосем спокојно рече Мај.
    -Еј девојко,луда моја прво морам да ти честитам на храброста.Но,тука почнуваат проблеми.Тешко тебе,тешко нас-рече Теа.
    -Види Теа,јас го мразам тој глупак.Всушност ја заборавив таа случка.Небитна работа,колку луѓе во светот денес добиваат лекција по примерност?-рече Мај.
    -Еј девојко,мила,знаеш ли ти кој е Марко?Тој пред се е син на сопственикот на болницата,а потоа е главна фаца-рече Теа.
    -Не ме интересира Теа.И те молам престани да ми зборуваш за тоа,тоа се небитни работи-рече Мај...
    Прифаќам секакви критики.Дали ми е добро напишано?
     
    На SummerGirl12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chennole

    Chennole Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    23
    Вака.. Јас веќе некое време се мислам дали да започнам да пишувам книга и овде додека читав, сретнав некаде Животот на една тинејџерка и би сакала да го искористам како наслов... Инспирацијата ми е лично мојот живот... Но, сакав најпрво да се консултирам со вас. Што мислите вие? Ви благодарам однапред! :)
     
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Убава ти е идејата,почни веќе со пишување девојко не чекај!
    Ако го опишуваш твојот живот внеси во книгата и некои измислени случки-за да биде уште поинтересна и преточи ги твоите емоции,чувства во зборови,направи ја да изгледа како да во секој момент нешто ќе се дознае,ќе се случи,како да сакаш читателот да го оставиш во неизвеснот се додека не почни да ја чита и следната глава или поглавје...Немој да и даваш премногу темнина на книгата,внеси и светлина така интересно-комично,тажни моменти се помалку.Зошто вака ти кажувам?Од искуство,кога ја напишав мојата книга повеќе имаше тажни моменти отколку среќни и кога ми ја читаа книгата заплакуваа и ми предложија наредниот пат ако пишам повторно некоја книга,да има застапеност повеќе на среќа,а не на тага.Знам дека можеби ќе си пишуваш како шо се чувствуваш,но не е лошо да си додадеш во книгата и измислени мигови,освен ако не пишуваш биографија или некоја трагична драма.

    Христина-т
    Ппрекрасна идеја и добро ти е напишано.Само ако сакаш да пишиш политературно то небитно да го претвориш во неважно.Мислам да дојди до израз македонскиот јазик,бидејќи небитно ти е како србизам,дијалект ова-она,ме разбираш мислам.Ситница мала,ама јас да си кажам.Продолжи си натака :wasntme:
     
    На Hristina-t и Chennole им се допаѓа ова.
  9. Chennole

    Chennole Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    23
    Ти благодарам на поддршката :P
    Инаку.. За сиве овие мои 17 години само болки трпев и конечно сега (барем јас така мислам) се е подобро. Секогаш постапував храбро и кога и да зборував со некого (и да е непознат), ми велеа: "Девојче сигурна си дека си 17 години? Со вакво размислување би ти дала околу 24/25 години.." И секогаш сум била и ќе продолжам да бидам позитивна, како да не сум преживеела ниту една болка. И да, јас секогаш барам да се дознае вистината ма колку и да е болна. И спремна сум секого да ислушам и ако можам да му помогнам на некој начин. Бидејќи се ставам на нивно место и можеби не знам како се чувствува токму таа личност во моментот, но знам како би ми било мене на нивно место... Се надевам ќе успеам да ја напишам книгата. Уште еднаш БЛАГОДАРАМ на поддршката! :*
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Chennole - јас како и секогаш само критики давам |( Ама ете, морам да ти пишам. Насловот некако не ми се допаѓа, знаеш, ме потсетува на некои „приказни“ на фејсбук што ги пишуваат десетгодишни девојчиња. Би можело да и дадеш некој поубав наслов кој ќе ги заинтересира сите.
    Ако не можеш да се сетиш, опиши ја накратко содржината, јас или другите феминки ќе ти дадеме некоа идеја. :)

    Hristina-t - Убава е содржината, има некои делови слични со моите... :D Симона ти рече за „небитно“, а јас ќе ти речам за грешките како прша, ас итн. Бидејќи мене лично ми е баш невкусно да сретнам вакви грешки. Но тоа е најмал проблем, ако решиш за издавање, ќе си ја препрочиташ убаво за да ги поправиш овие грешки.
    И уште нешто, не знам дали е непишано правило или така некако, ама кога пишуваш на компјутер (ако книгата ти е на копјутер) треба да ставаш празно место позади секој интерпункциски знак. И јас во мојата прва книга тоа не го знаев, и 2-3 глави требаше да поправам насекаде. Затоа, ако немаш многу напишано, поправи го, ама ако имаш, не мачи се :D
    Воглавно тоа, како што гледаш јас само за правописот се фаќам, содржината не може да биде лоша. :!:
    Продолжи така и со среќа :hai:
     
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Јас имам разни идеи во главата моја и се си мислам да почнам да пишувам втора книга...да има нешто поинтересна љубовна тематика или нешто крими?Збрка ми е во мозокот и не знам за каква тематика да се одлучам... :?:
     
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Почнав да пишувам книга но неможам да најдам наслов и имиња за двете другарки помош
    Еве го воведот:

    Ова го напишав набрзина ќе има некој поправки во иднина.
    И како ви се допаѓа?
     
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Насловот ќе си дојди сам по себе.Вака ова шо го читнав веднаш ме заинтересира и кога ќе ја завршиш би сакала да ми дадеш цела книга да ти ја прочитам.Најискрено.Мене едноставно многу ми се допадна.Терај понатаму,ќе биде нешто ;)
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    И официјално ја пишувам мојата втора книга!Го завршив првото поглавје.Приказната е за две скршени срца кои по игра на случајноста ќе се сретнат во единственото место каде најдуваат мир,далеку од сите..Во шумата.Таа е тука во шумата многу кратко,а тој само неколку дена...Еден негов поглед и еден нејзин допир по раката,дали тоа значи дека тие ќе се спојат.Тој се вика Питер,а таа..е на неа сеуште немам смислено име.Првото поглавје ми има 3 страни,а утре ќе продолжам со пишење на второто поглавје,кога тие ќе се запознаат и дали нивните скршени срца ќе ги најдат своите делови,да се подготват за нова љубов?Е тоа луѓенца ќе се види потака..ту би континуед.Наслов?Сеуште не смислен.Но се во свое време.Кога ќе му дојди времето,тогаш...А?Како ви се допаѓа ова малку шо ве воведов во мојата нова книга? :!:
     
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Еве и делче од мојата книга(сеуште без наслов :$ )...љубовна песна која Питер со измешани емоции несвесно ја посветува на Јулија :inlove:

    Ти никогаш нема да знаеш колку многу те сакам
    ти никогаш нема да знаеш колку се грижам
    ти ми даваш треска...
    јас сакам да бидам како тебе душо
    толку убавина на тебе ме прави од љубов болен
    моите очи се смеат толку долго
    моесто срце лудо танцува
    и моето лице стои така мирно
    тоа е замрзнато кога ја почувствува твојата омраза
    но дали тоа е мојата казна,
    да бидам така лесен во љубовта,
    каков вид на треска си ти?
    Дали ќе ме убиеш со еден убав бакнеж?
    Да,ти убавице
    ти ме направи како гладен лав
    кој сака да си го чува пленот
    затоа што наскоро ќе биде гладен
    но душо,јас сум исполнет со твојот глас
    ти си мојата омилена треска
    само држи ме цврсто
    ти мора да ме сакаш...
    колку тешко и да изгледа тоа
    на моето срце му треба оваа наредба
    бидејќи го прави толку исполнето.
    Душо,те преколнувам
    само еден поглед со тие магични очи...
    душо,внатре,во тебе
    многу длабоко,дали ме обожаваш и
    го чувствуваш истото што го чувствувам и јас?
    Дали е како порано
    или ова е само измислена игра?
    Ох,ми треба прва помош
    јас имам тешка љубовна треска!

    Се надевам ви се допадна :$ 8)
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Ух,добро е најдов ваква тема.Пишувам книга од секогаш сакам ама почнам,завршам,почнам,завршам и сега веќе се одлучив да пишувам.Мислам дека е интересна и дека ќе им се допадне на другите (барем така мислам ) Сега ја пишувам во тефтер ама подоцна сакам сите да дознаат за неа и каде да се обратам кајј наставничката по македноски или на некое друго место ? :?:
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.193
    Пол:
    Женски
    Кажи и на наставничката, нека ја прочита, па ќе ти каже дали треба нешто да измениш, ова она... И ако сакаш можеш да ја испечатиш...
     
  18. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Во ред :*
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Не се лути. Не се лути, да повторам, не се лути.

    Прво, не знам дали три дена потоа дојде во третата реченица или не се дојдени тие три дена. Не знам за кој автобус зборуваш, оној со кој си одат од училиштето, или оној со кој одат на одмор. Не знам што е битно дека има авотбус во 6 и во 22. Автобусот застана и вративе кои се отвораат се од некоја куќа, порта е тоа некоја или зборуваме за вратите од автобусот? Оти никој автобус не мириса на рајот, мириса на автобус, смрди. И како во еден пасос имаме рај и палата и мрак? Како дојде заплетот, а нема ништо пред него?

    Второ, неможеш се пишува не можеш. После тоа ти следува запирка. Некои поправки, не некој. Внимавај на правописот, освен ако не ангажираш лектор после.

    Трето, пробај пак, ама полека раскажувај. Ако е роман, твојов на две страни ке заврши. Затоа, полека. Јас не пишувам книги, ама читам страшно многу. Мислам дека за да напишеш книга треба минимум 100 романи да прочиташ. Или да ги изживееш.



    Која е ТАА мајска ноќ? Позната ли му е на читателот? Или е една мајкса ноќ?
    Зошто воздухот е пријатен како никогаш досега? Каде се звуците на природата? На обичен читател звуци му се колите и автобусите, ако не кажеш дека си во дивина, звуци на природата е прдење во граскиот живот. Затоа, опиши кои се тие, птици, мачки, дрвја, ветришта? Лавови?

    Како во движење носена од природата, здогледуваш момче кое можеш да го анализираш? Не седите некаде за да посветиш внимание на неговитечувства, оти имаш твои маки, одземено ти е најдрагото нешто. Автобус нема да видиш кога ти е тешко, не па момче.

    Како се надеваш на прекрасен ден која некој ти го одзел најдрагоценото нешто? И кога ќе се разбудиш, пак ти е тешко. Можеш да се надеваш дека ке го преживеш денот, дека ке е подобар, ама прекрасен...тешко.

    Тоа се прашањата кои му се нејасни на читателот. Или јас многу го читам Достоевски :) Значи, поопширно, или ако е кратко нека е јасно. Да нема неодговорени ситници од прашања, оти прават дупки во читањето и не те носи мислата. Место да се занесе читателот во читање, он ке бара одговори и ништо на крај.

    Поопширна биди.
     
    На AziskaStrslenka и Lella им се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Пишувам книга но во последно време немам инспирација бидејќи ми се чини дека секоја игра на зборови веќе ми е одгатната и напишана.
    Постојат моменти кога инспирацијата ми шета андреналински по нервиве, па од толкав наплив пишувам без престан 100 на саат, со тоа што кога се враќам назад ја корегирам секоја проклета реченица бидејќи увидувам дека многу по концизно сум можела да ја изразам а притоа да ја доловам поентата.
    Ама како и да е, за ова е потребно талент, и умешност така да не секој знае како.
    Мислам, сите ние пишуваме ама колку добро го правиме тоа пошироката публика треба да одлучи, а не родителот или другарката. Бидејќи од нив реална критика се сомневам дека ќе добиете...
    Секоја чест на искрените, иако таквите ретко ги има.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.