Ќе ви напишам на кратко а вие кажете дали е добро за една моја книга да напишам Роуз.Таа нема родители тие ја оставиле кога била бебе (знчи уште се живи) и нема никого.Сега во оваа книга ќе се раскажува како таа живее во дом за сираци,подоцна и прават местенка и ја исфрлаат од таму.Па на крајот ќе и овозможи животот да се сретне со своите родители,тие да и објаснат зошто ја оставиле! Сакам да и докажам на читателите на мојата книга дека секогаш животот знае да биде немилосрден,суров и лош.Ама животот е тркало,ако денес е лошо,утре ќе се заврти кон подобро Е сега кажете дали да ја почнам книата дали ви се допадна? Прифатам секакви коментари
Девојкиии, тука сте? Ми треба совет и мислење. Значи вака. Имав планирано нели Ник да умре и да има тажен крај, така и ќе биде. И не ме предомислувајте ве молам. Причината беше дека ќе го убијат, и тоа некој со кој има нераздрешени сметки, така нешто, или (не)пријател на мајката или очувот. Тој дел го немам разработено бидејќи немам идеи. Тоа што сакам да кажам е да не откривам никаква причина за убиството, туку само нешто малку (и за ова малкуво како да го претворам ќе ми помогнете ) Е, сега. После тажниот крај на книгата, би сакала да напишам втор дел во кој Амелија одеднаш се претвора во јак детектив и е решена да го открие убиецот на Ник. Сакам да кажам, првиот дел ќе биде нели љубов, романтика, дрн, дрн, дрн... А вториот крими. :geek: Не знам дали ќе успеам и затоа ми требаат многу идеи. Па, што мислите, добра ли е идејава или да не се занесувам? Ако имате предлози за содржината, имиња за ликовите, и најважно што да напишам во првиот дел во врска со убиството бидејќи не можам така да го оставам, ве молам кажете ми Нестрплива сум за одговорите
Ќе бидам кратка. Се надевам и јасна Направи Амелија додека го истражува убиецот на Ник,дека всушност во текот на истрагата среќава еден стар пријател и се вљубува во него.А тој пријател е другар на Ник.Нека има тежина книгава. Од кај ми текна ова? Од една серија на фифти сент-моќ.
Размислував за ова да знаеш, како не сум. И нема Мели во никој да се заљуби, бидејќи цел прв дел ја опишувам големата љубов, за тоа колку таа тешко се заљубува во него, и плус тоа, после смртта и илјадниците пролеани солзи по нега (а таа е нели „девојката што никогаш не плаче“) таа станува тотално бесчуствителна и срцето не и’ е отворено за никој друг освен за Ник. Така да, нема да има љубов во вториот, туку само криминал. Всушност, ќе се сретне со стариот пријател, ама тој ќе остане тоа - најдобар пријател. И заедно ќе истражуваат. А именце за него? Како да го крстам, што викате?
Не можеш една иста книга, односно делови, во кои читателите можеби ке се вљубат во романсата, да ја претвориш во крими роман. Јас би го убила Ник, а таа по неколку години го преболува и наоѓа нов дечко. Почнува да работи ко детектив, не помошник, да е пореално и на крајот сфаќа дека убиецот е човекот во кој е вљубена. Истата вечер кога оди да му каже дека дознала тој ја бара за жена. Дај роматика и во вториот дел, иста книга е иако се два дела.
Не сум запознаена со твојата книга (а баш би сакала да прочитам барем еден дел од неа), но ќе се обидам да ти помогнам барем малку со идеите. Може имал некој другар кој почнал да користи дрога (да речеме Мајк дека се вика другарот). И сега, Ник дознава дека Мајк користи дрога, сака да го спаси од тоа, да му помогне. Оди таму каде што Мајк треба да се сретне со дилерот (Арџи), се обидува да го предомисли Мајк во врска со дрогава, но Мајк е веќе "надуван". Се тепаат, и овде настапува Арџи, кој бил всушност голем мафијаш и не сакал некој да му го уништи бизнисот. Го зема пиштолот и пука. Ник умира. Подоцна, полицијата го наоѓа. И немам веќе идеи, но ако подоцна ми текне нешто, ќе ти пишам. Ти секо, ќе го обработиш подлабоко и со чувства.
со мојата втора книга луѓенца јас сум до шесто поглавје првиот дел..за вториот дел чекам мала искра за да го запалам огнот
Прочитав некаде погоре дека губите инспирација за книгите. Еден топол совет... Кога ќе добиете некоја идеја, зборувајте на глас и снимајте. Понекогаш мислите итаат премногу брзо, па со пишувањето само ќе ги блокирате. Инаку јас имам напишано две книги и тоа од пред 5-6 години и си ги чувам. Не мислам ништо сериозно иако сите кои ги прочитале мислат дека треба да пробам да ги издадам
Јас мојата книга како што знаете веќе ја напишав. Ја имам и во ракопис и на компјутер. Сега ја уредувам на компјутер и размислувам за тоа да го сменам крајот. Спојлер При крајот се зборува за тоа како главниот лик од книгата Мија и нејзниното момче Алекс се разделуваат, па неа ја напаѓа крадец и таа завршува во болница, затоа што крадецот ја прободува во нож и таа паѓа на глава и одреден период има амнезија. Како и да е, ќе закрепне од се, ама нема да се смират со Алекс, се до нејзиниот роденден каде тој ѝ прави инзенадување и ѝ признава дека ја сака. Така книгата има среќен крај. 1. Размислував за тоа главниот карактер т.е. Мија да умре, а по неа и сите останати, кој од убивство, кој од самоубиство и книгата да има несреќен крај? 2. Или да направам да изгледа како да има несреќен крај, а тоа да испадне дека било визија и сепак да заврши среќно? Кој го гледал последниот дел од Самрак ќе ме свати што сакам да кажам. Спојлер Поточно, кога Мија ќе излезе од болница да се случи несреќа и таа и полубрат ѝ да умрат, по нив да се самоубие мајка им и нејзиниот маж, бабата да добие срцев удар (и така скоро сите ликови да умрат), АМА тоа да испадне визија на Мија која ја добила кога излегува од болница и да го сменат правецот и да не се случи несреќа и да продолжам со тоа што го имам напишано т.е. среќниот крај?
Прво, фала на сите за советите, оној на Чка баш ми се допадна, некако ќе изменам, ќе додадам можеби и романса, сепак повеќе ќе се задржам на криминалот. Баш не те разбрав во оној дел кога велиш почнува да работи ко детектив, не помошник, да е пореално. Не те сфатив, јас планирам таа да стане детектив, не помошник. Не знам каде виде помошник. Како и да е. Баш убава идеја, оној со кој работела да е всушност убиецот, нели најтемно е под светилката. ColousOfTheRainbow - Немој те молам она со умирањето. Ќе упропасти се. Јас мислам дека е добро така како што е, не менувај ништо. И она со визијата, некако не ми се допаѓа. А и штом велиш дека идејата ти е од друга книга, тогаш ништо. Вака е добро мислам.
^ Не, не ми е идеата од друга книга, само ми текна да направам таква споредба за да разберете за што зборувам
Мислев дека ако е млада, 25-10 години не може да е детектив. Премногу американски и видено е тоа. Повеке би ја ставила помошник некаде во полиција и случајно дознава се... Премногу на виделина ке биде ако се се врти околу неа. Иако зависи од тебе, како ке го изработиш тој дел. Наеднаш да стане дететктив е премнуги пресврт за психичко и кариерно градење на личност. Сепак, од тебе зависи.
ColoursOfTheRainbow - ти посакувам многу среќа на конкурсот, и силно се надевам деќа ќе одберат да ја испечатат твојата книга.
До каде сте со пишување на книгите? Пишите нешто ти реков-ми рече? Што има ново во светот на писателите? Иначе јас сега се занимавам со седмото поглавје и сеуште наслов немам баш смислено.Сакам да биде нешто така оригинално и привлечно. На пример: -Еј,абе ја прочита онаа книгата на Симона? -Како,насловот како е? -Возот ги прегази шините. Сега не до толку зезнато,ама насловот да привлечи читатели..иф ју ноу ват ај мин
Почнав да пишувам криминалистички роман, приказната ми е во глава, напишав неколку страни паралелно на англиски и македонски и одеднаш добив блокада, која трае веќе неколку месеци. Едноставно неможам да ја продолжам приказната. Како да го надминам овој период? Некој совет?
Ти мор па, кажи за што се работи, ќе ти дадеме предлогчиња. Читај многу книги и гледај многу филмови. Единствено тоа ти помага. Или евентуално ако не сакаш, изведувај ритуали за повикување инспирација. Тоа.