1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пишување книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lella, 27 јануари 2014.

  1. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Тоа е книга што ти ја пишуваш, треба да си ја земеш целосната слобода и да пишуваш без граници, искажи си ја секоја емоција што се разбудила во тебе и на кој начин сакаш ти, на тој :D Ова е таков период, период без ограничувања, слобода, со иновативни мислења, анархисти, парадокси, кога сами си го кроиме нашиот пат... Јас дури си смислив свој начин на пишување роман, не е неразбирлив, ама сепак е нешто ново :rofl: фали уште да го допишам и да се охрабрам да го издадам.
     
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Благодарам;)
    А..се мислев дали да му кажам на професорката по македонски дека пишувам книга или да не испадни дека се лижам ова она за оценка демек па да не и’ кажувам?Што велите?:?:
     
    Последна измена: 24 декември 2014
  3. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    јас би ти рекла да и кажеш....нема со тоа никакво лижење за оценки!Јас и кажав на мојата и ја однесов првата глава чисто да видам дали идам во права насока и да не насочи и затоа никад не зажалив.Ме упати и во издавање и во пишувањето а и ветив дека кога ке биде готова ќе и ја дадам да ја прочита и исто и на проф по историја со која сум најблиска.И македонски е толку строга жена и спремна да ти помогне али од друга стран ти става што заслузуваш и нема никакво лижење за оценка.
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @simonna.a Јас би ти препорачала да не и’ кажуваш.
    Не дека таа ќе помисли така, ама соучениците твои ако дознаат ќе зажалиш, верувај.
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    И моите другарки истото ми го рекоа
    и јас сепак се одлучив да си молчам поарно:nod:
     
  6. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    немора ти пред сите да и кажеш.....а и плус тоаа ако не знаеш како д аи кажеш не кажувај,а за соучениците ич да не ти е гајле они ако немаат попаметна работа треба ти нив да ги жалиш
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.193
    Пол:
    Женски
    Јас решив да направам збирка од сите текстови што сум ги напишала и да си ја испечатам. :)
     
    На cresa-jagoda и SwanMay им се допаѓа ова.
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Извадок од мојата книга на која сеуште му немам бапнато наслов::$

    Дождот намигнува и
    лее капка по капка,
    додека гласниот ветер
    со болна јачина
    в грб тапка...
    Дури и највеселата птица
    повеќе не пее
    од што тагата
    со голема јачина се сее.
    Нека осаменоста
    во некој ќош се скрие,
    а крвта во вените немирно тече,
    доста е,доста е...
    болно е,јако,многу јако врие!
    А и плачот во очите силно пече...
    на новиот почеток,
    дај радоста да е кум
    и насмевката да рече:
    “да бидам тоа што треба да сум!’’
     
    На WarriorMind, Marossa, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Со мојата втора книга сум кон средината,а може и наскори и насловот да никне,што ќе ви го соопштам.Во десетто поглавје некако се му се ’’враќа во нормала’’ на моите гулапчиња,но некако...Сега ќе ви го прикажам писмото на Јулија која го испраќа кон Питер преку потокот во шумата.И сакам да ми коментирате дали е убаво вака склопено и дали идеите што ви ги прикажувам личат на нешто.
    Habeo gratiam magnam(имам голема благодарност на латински):$
    ’’Сакам да ми ја земе раката и јас ќе бидам кралица на светот....Сакам да ми биде најубавиот принц како некогаш.Уморна сум?Не.Сакам тој да ме замори.Сакам да ме разигра,да се чувствувам како дете.Да бидам повторно дете.Да се смеам,да се радувам,да прегрнувам.Прашувам:каде ми е утехата?Каде ми исчезнала таа поубава младост во душава?Затоа што се чуствувам како беспомошна старица која седи овде и шета низ шумата,се двоуми дали ова да го прати во својот гласник...еве го праќам...и сакам да стигне до мојот избраник.Но дали е тој таму каде што мислам?Или не е воопшто во нашето прво сместувалиште?Го нема веќе една недела,а мене толку ми недостасува.Знам зошто отиде.Знам и како да го вратам.Тој ќе дојди,но се плаши да не биде исто.Не е исто повеќе.Се’ е сменато.Дознав.Што дознав?Многу.Брат ми,јас сеуште си го викам брат,без разлика што не ја делиме истата крв,во една неизбежна ситуација ме запозна со мојата вистинска мајка.Па бев многу рамнодушна кога се запознавме.Таа веднаш следниот ден ми пратила порака дека не сака да ме види ако јас не сакам.Не сакала ништо присилно.Никој не е виновен што на таков начин не’ разделија.Но јас не чувствувам ништо кон неа.А мајка ми е.Не...ја нема таа топлина како Клаудија.И не се видовме повеќе од тогаш.Не.А Филип?Тој ја продал куќата. Заминал,Бог знае каде.А сакав да отидам да го прегрнам и се’ лошо што си сторивме и рековме да исчезне,да пропадне во бунарот на заборавот.Но не.Тој си замина...уште едно машко во мојот живот заминува.Не сакам и мојата најсикрена љубов.Не можам да работам ако не е тој тука,до мене,да ме смее,да ми ја враќа радоста,да ме потсети на животот.Без него,ова моево не е живот.Душевен затвор е.Затвор!Ќе го барам каде знам низ шумава,затоа што мора да е тука!Ние двајцата сме ’’злосторници’’ на едно наше ’’лошо’’ дело.Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторот.Тука ние ја убивме нашата тага и болка и ја родивме нашата радост и живост.И повторно ја убивме.Не се заситивме од едно убиство.Но сега мора да си ја поправиме грешката.Да не убиваме повеќе,да прекинеме,да свртиме еден лист кон нашата заедничка книга.Јас половина свртив,но тешко е.Треба цел лист за да се испише.Другата половина сакам да ја отвори ТОЈ.ТОЈ и никој друг.Излези...знаеш каде’’
     
    На Marossa, nevermet18, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Miss.Grey

    Miss.Grey Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Долго време веќе размислувам да започнам да пишувам книга ама некако тешко наогам време. Како и да е сега се решив да започнам и да одам до крај. Само ми е потребна вашата поддршка, коментари и критики.

    Главната тема сакам да ми е заминување во странство односно судбината на една девојка која како и секоја македонка сон и е еден ден да ја напушти татковината и да замине во една од богите земји трагајки по својата среќа. Ама што ако сонот и стане јаве, таа би требало да замине. Да ја искуси среќата, парите, сама. Вреди ли?
     
  11. shewolf *__*

    shewolf *__* Нов член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно вереди.. Јас имам почнато да пишивам книга ама исто како тебе ретко наоѓам време. Мојата тема е фантазија поточно паранормал и од мене ја имаш поддршката да почниеш со книгата па чекам да ме известиш дали си почнала :* :D
     
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Тој спиеше.Низ собата се чувствуваше одвратен мирис на алкохол и цигари измешан со некоја колонска вода.На моменти се поместуваше и испушташе некои чудни звуци.Како да доаѓаа од самиот пекол.
    Неговата обелена и проретчена коса беше разбуавена.И ако покриен ,под покривката се забележуваше слабо и изнемоштено тело.
    Лицето му се грчеше,па опушташе.Црвенилото полека го сменуваше и тој бледеше.Едвај да имаше образи.
    Само две длабоки бразди се спуштаа до брадата.Неговите усни и ако од страните имаа нешто налик на бела пења,покажуваа дека тој бил привлечен во младоста.
    Имаше рамно плочнавесто чело,издлабено со бразди.
    Неговите очи и ако затворени,го одаваа неговиот порок.Се гледаше дека долго време му се има одадено.
    За чудо спиеше спокојно.
    Наспроти него седеше средновечна жена.Погледот и шеташе на две места, на неговото лице,и во плетивото кое го држеше во рацете.Долго го чекаше да се прибере за да ручаат.Ручекот го чуваше топол на шпоретот, но тој стоеше не ѓибнат.Конечно стана да го тргне од шпоретот.Чекорот и тежеше, гладта што ја чувствуваше ја снема,само неколку солзи и се стркалаа по образите.
    Се напи неколку голтќи вода.Погледна низ прозероцот.Надвор веќе се стемнуваше.
    Се обидуваше да смири,рацете и се стресоа, почувствува како и се превртува утробата, некоја остра болка проструи низ целото нејзино тело и таа залудно се обидуваше да ги задржи солзите.
    Седна на триножното столче,до шпоретот.
    Се обиде да се сети,на нешто убаво.Тогаш благо се насмевна.
    Секогаш кога ќе се сетеше дека е мајка, ѓи бришеше солзите.
    Повторно погледна низ прозорецот.

    Феминки ова е само пример како би изгледал обидот за роман.Сакам да слушнам критиќи.Знам дека е полн со негативен набој,но ке се обидам да напишам и нешто позитивно за да не му биде досадно на читателот.Пред се сакам да пренесам една многу важна порака.
    Нема да знам ако не се обидам нели .
     
    На tessie, Serafima, Sunshine.Sunshine и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @vinozito1
    Мене навистина ми се допаѓа. Мислам дека ќе можеш да ја напишеш книгата.
    Јас не знам за што точно се работи, но сепак интересен извадок.
    Од мене имаш палче нагоре. (y)
     
    На vinozito1, cresa-jagoda и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Тој спиеше. Низ собата се чувствуваше одвратен мирис на алкохол и цигари измешан со некоја колонска вода. На моменти во сонот тој се поместуваше и испушташе некои чудни звуци. Како да доаѓаа од самиот пекол. (треба да има некаква врска со претходната реченица, да се знае дека тој се поместуваше)
    Неговата обелена и проретчена коса беше разбушавена. Иако беше покриен, под покривката се забележуваше слабо и изнемоштено тело.
    Лицето му се стегаше во грч, па се опушташе. Црвенилото полека го сменуваше и тој бледнееше. Едвај да имаше образи.
    Само две длабоки бразди се спуштаа до брадата. Неговите усни, иако од страните имаа нешто налик на бела пена, беа доказ дека тој бил привлечен во младоста.
    Имаше рамно, плочесто чело и нос кој...(погоре имаш пишано дека има бразди на лицето, да не се повторуваш можеш да напишеш некоја друга карактеристика на лицето)
    Неговите очи, иако затворени, го оддаваа неговиот порок. По неговата истоштеност се гледаше дека веќе долго време му се има оддадено.
    За чудо спиеше спокојно.
    Наспроти него седеше средновечна жена. Погледот и шеташе на две места, на неговото лице и во плетивото кое го држеше во рацете. Долго го чекаше да се прибере за да ручаат. Ручекот го чуваше топол на шпоретот, но тој стоеше негибнат. Конечно стана да го тргне од шпоретот. Чекорот и тежеше, гладта што ја чувствуваше ја снема, само неколку солзи и се стркалаа по образите.
    Се напи неколку голтки вода и погледна низ прозорецот. Надвор веќе го снемуваше синилото, небото се обојуваше со темна боја, исто како и нејзините мисли.
    И покрај тоа што се обидуваше да се смири рацете и се стресоа, почувствува како и се превртува утробата, некоја остра болка проструи низ целото нејзино тело и таа залудно се обидуваше да ги задржи солзите. (и таа ги остави солзите слободно да течат.) веќе имаш пишано погоре дека и се стркалале солзите, малку нелогично е да се обидува да ги задржи кога веќе потекле.
    Седна на триножното столче до шпоретот.
    Се обиде да се сети на нешто убаво. Тогаш благо се насмевна.
    Секогаш кога ќе се сетеше дека е мајка ги бришеше солзите.
    Повторно погледна низ прозорецот.

    Јас ти напишав некои забелешки кои и не мора да ги прифатиш. :) Обрни малку внимание на поврзувањето на речениците, да тече полесно текстот. И малку е сув, нафрлани реченици, некој епитет и компарација нема да биде на одмет. И пак ќе повторам, чисто мое лаичко мислење.
    Инаку, те читав негде дека сакаш да напишеш книга и дека имаш приказна за раскажување, а и од овој извадок мене ми стои дека приказната ќе биде одлична.
     
    На vinozito1, cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    RainBowgи прифаќам критиките,посебно што знам дека се добронамерни ќе ги земам во предвид.Целосно си во право за се што напиша и драго ми е што ми даде подршка.Не се воздржувајте критикувајте на тој начин ќе ми помогнете.Знам дека треба да се дотера затоа ќе замолам некоја професорка по македонски да ми помогне но штом ќе имам повеќе материјал.
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    На неколку места имаш правописни грешки и никаде не оставаш празно место после интерпункциски знак. Извини за замерката, ама ми бодеше очи.
    Исто така, некако имав чувство како да можеш повеќе кратки реченици да споиш во една подолга, вака ми делуваат како нагло да прекинуваат и да нафрлаш многу информации. Внимавај со сврзници, кратки заменски форми и потруди се мислата да ти тече полесно и побавно.

    Не сум ни јас јазичар, ова е само тоа што мене ми падна во очи, како читател. :)
     
    На Lella и vinozito1 им се допаѓа ова.
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Критика на место.И верувај она дека речениците се кратки и самата го помислив.Едно знам со сигурност штом ме подржувате вреди да се проба.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Кратките реченици се добри, ама на одредено место и во одредена мера, создаваат поголем набој и исчекување. Само ако е целата книга таква се добива обратен впечаток.
    Да, добра идеја ти е да работиш со професор по македонски, ама мислам книгата секако лектор ја коригира.
    Па постирај пак некој извадок тука кога ќе можеш, ќе гледаме да помогнеме колку е во нашите способности. :)
    Да бидам искрена јас не би читала ваква книга. Книгите од нашите автори претежно тоа се, оди македонче/македонка си ја бара среќата по светот, печали, дрн-дрн, се мачи и тоа па тоа.
     
    На corto.maltese, Hipica, vinozito1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Ако некогаш дочекам пензија или пристојна старост и ако изворот на инспирација не пресуши, ќе пишувам романи. Според мене, со по некој исклучок, добар роман може да напише изживеан човек, во зрели или поодминати години.
    Поезијата е поинаку.

    Имам цел куп на идеи, дејства, теми, ликови. Содржините би ја насочиле целата светлина врз ликовите, нивните чувства, размислувања, потези, животи.

    Романче за непознатиот, но многу духовит (дури и кога не сака) стенд ап комичар кој редовно во темнината на малиот урбан локал, за мал паричен надомест неволно ги забавува гостите, навидум пред сите изгледа среќен, се дружи, глуми нормален живот, но поради одредена причина (треба да се одлучам) секој ден е се повеќе скршен. Секојдневно гледајќи насмеани и среќни лица од неговите досетки и настапи, се крши, паѓа во депресија, врши самоубиство и се буди во непознат свет за кој ќе дознае дека е населен и постојано се населува со луѓе кои сами си пресудиле. Во овој свет се е депресивно, сите функционираат онолку колку да живуркаат, без емоции и без каење, на моменти и сурови. Некое време таков живот живее и тој самиот, се додека не сретне девојка во која полека ќе почне да се заљубува. Мора да ја освои, а со што ако не со тоа што најдобро знае да го прави-хуморот. Сега за разлика од претходниот свет, искрено и од срце прави се да внесе хумор во секоја ситуација од секојдневието на девојката и граѓаните. Но колку хуморот ќе има ефект во еден таков свет и врз такви луѓе... Со длабок опис на ликовите, атмосферата, дијалозите, со комични, но и на моменти содржини за длабоко размислување, мислам дека би се извадил еден просек.

    Книга за главата на семејството чија стара семејна куќа и голем имот лежат на археолошко наоѓалиште неинтересно за властите. Поради изградбата на брана десетици километри подалеку, повеќе од дваесеттина години се соочува со немање вода. Упорно копа бунари на еден куп локации на имотот, но наоѓа само стари керамики, коски, метали и парички кои на црниот пазар малку вредат, но доволно неговиот син да студира археологија. Наоѓа лик кој му гарантира дека на едно место во дворот сигурно има вода. При копање бунар на токму тоа место открива гробница на висок благородник закопан заедно со неколку негови лични поданици. Сеедно му е за коските, керамиката и металните предмети од гробницата. Битна му е водата. Тврдоглаво е решен да ја уништи гробницата и да продолжи надолу со копање на бунарот се додека син му на едно од орудијата на еден од закопаните воини чувари не го дешифрира нивното семејно презиме и неговата улога засекогаш да го штити мртвиот владетел. Главниот лик е на моменти тежок, тврд, инат, строг семеен лидер, додека во еден дел се крши, потпаѓа под влијание на неколку дешифрирани зборови кои тотално го менуваат.

    Да не тегавам, ама имам уште многу идеи и инспирација, со наштелувани ликови, многу природа, авантура, активно дејство. Немам појма и дали се или не оригинални. Но сметам дека ќе бидат далеку од љубовните монотони дела и според мене многуте секојдневно издавани подпросеци.

    Ај после едно 3-40 години, ако вртите низ темава може и ќе ме откриете ;)
     
  20. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Порано постојано пишував. Во последниве 2 години ми се случија крупни пресврти во животот кои и не ми оставија многу време за пишување, да не речам воопшто, ете, склопив неколку кратки текстови... Во последно време повторно ми се јави онаа силна желба за пишување, имам повеќе слободно време и сакам да напишам книга, дури и темата ми се врти во глава. Па, ајде да слушнам мислење, вака би требало да се одвиваат работите:

    (Сеуште немам одлучено за имиња на ликовите, па ќе им дадам привремени)
    Ана е 24 годишна девојка, разочарана од љубовта. Откако ја прекинува врската со нејзиниот свршеник Марк, губи надеж дека некогаш ќе го најде оној вистинскиот и дека вистинска љубов постои. Ана се враќа да живее кај мајка и, Линет, (или можеби живеат заедно за целото тоа време, немам одлучено). Во животот Ана ја има само мајка си и неколку роднини од потесното семејство на Линет, татко и починал уште пред таа да се роди. Ана не знае ништо за него, единствен доказ дека тој некогаш постоел се неколкуте слики во старата кутија на Линет. Не прашува за него бидејќи не сака да ја растажува мајка си сега кога конечно има некој во нејзиниот живот. Во еден разговор, за на некој начин да ја утеши очајната Ана, Линет започнува да и раскажува приказна која не само што ќе ја утеши, туку и во целост ќе и го промени животот.

    Не знам дали ќе пишувам наизменично, дел од приказната, па нивната реалност, па пак приказната, ако разбирате како мислам, или пак приказната до крај, па да продолжам со нивните животи накратко до крајот, но приказната ќе биде главна тема на книгата. :)