О не.... Не е 1500, 2600 е и доколку се пие два пати на ден трае околу 20 дена доколку се пие еднаш трае 40 дена. Јас го пијам еднаш и за еден месец ослабев 5 кила и 9цм во обем. Но повеќе за ова во Хербалајф темата, нема смисла да се повторуваме
Не дека не се враќа туку и стекнуваш здрави навики за исхрана. Јас сум презадоволна, ова е единствениот начин кој го знам а кој вклучува пристојна исхрана без гладување но делува навистина многу. Е сега доколку го пиеш еден месец и нагло прекинеш па им се фрлиш на тортите и хамбургерите ке ги вратиш нормално. Колку што сфатив тебе не ти се даваат пари, во тој случај пали патиките и на трчање, немаш друго чаре, а ако дома вистински ги запознаеш со производот и ќе те охрабрат да го конзумираш, нема поздрав производ од шејкот дефинитивно.
И да си кажам ја за сите напитоци кои ги имам испиено во животот за слабеење. Прво водата со лимон, и обична и минерална, од еден до 7 секој ден една недела ги накачував лимоните и потоа назад да ги намалувам до еден, што добив а што изгубив, одвај 2 кила намалив а добив страшни болки во желудникот а ми кажаа сум Б крвна група сум можела да ја поднесам оваа напивка, варени круши. Потоа чаеви, сва и свакакви, добив дијареа, едвај го собрав после стомакот а откако помина дејството на чаевите добив тешка опстипација. Сега сум на шејкот Хербалајф, прочитав имал шеќери, ама ве молам какви шеќери, кој паметен Нобеловец ќе стави во напиток предвиден да го регулира нивото на шеќер во организмот еден куп шеќер. Во тој случај ја ослабев не знам како, со оглед на тоа што досега ниеден од претходно наведените напитоци не ми помогна а со шејкот ослабев 5 кила за еден месец и 9 цм во обем. Навистина не планирам да работам со Хербалајф, единствено еве вака да отварам некому очи бидејќи очигледно има навистина многу незапознаени и такви кои шират невистинити гласини, а лиценцата ја купив за да можам да си јадам поефтино, мене ми се исплати навистина, се чувствувам одлично. Да не ширам многу, како и во претходниот пост што напишав, за шејкот имаме веќе тема и таму можете да си се информирате. Со среќа!
- на сабајле можите една чаша млака вода,во неа една супена лајца мед и една супена лајца цимет - една шолја млеко,без шеќер само со едно лајче цимет - една чаша јогурт со едно лајче цимет
Еве некоја некоја си напивка што ја пиела Џенифер Анистон http://style.mnogoo.mk/mk/articles/Nega ... na-aniston
Абе луѓе, ја почнав со диета и читам секаде пишува многу вода да се пие и си пијам ја по литар ипол отприлика на ден, дури и кога не ми се пие и стомакот како на Том ми стана Да не ми се прошири желудникот случајно од водава?
Кељ на пазар, ѓумбир во секој супер маркет. Според мене навистина добар пијалок е секое утро во топличка (млака) вода да се раствори малку лимонов сон, една лажичка мед и малку цимет. Пијте го ова секое утро и ќе има резултати.
Напиток кој го топи салото на струкот Денсека лутајки по интернет страните погледнете што најдов.. па сакав да ве прашам да не пробал некој и да каже ако има резултат Со помош на едноставен напиток кој ќе ве освежи, можете да ги намалите и масните наслаги кои „сакаат“ да се соберат на клучните места на телото.Осум чаши вода се наведува како основа на секоја здрава исхрана. Без разлика дали сакаме да изгубиме килограми или да ја одржиме постоечката тежина, водата помага сите телесни функции работат без поголеми потешкотии. Во зависност од потребата и степенот на физичка активност, препорачаната количина може да се менува, а овошјето и зеленчукот кои во себе содржат висок процент на вода како лубеницата и компирот исто така допринесува за нејзино достигнување. За овој најздрав напиток да биде уште поблаготворен и ефективен при губењето на килограмите, нутриционистката Синтија Сас осмислила напиток кој ја намалува подуеноста и го подобрува варењето. Освежувачката „саси вода“ не е еден од оние невкусни и непријатни мешавини кои ќе мора да ги испиете со затнат нос. Покрај тоа што ќе ве разбуди, ќе го освежи и вашето тело и темелно ќе го исчести од внатре. Саси вода: - 8 чаши вода - 1 кафена лажица рендан корен од ѓумбир - 1 свежа краставица, излупена и исецкана на тенки кришки - 1 лимон исецкан на кришки - 12 листови нане Состојките помешајте ги со водата. Оставете преку ноќ да отстои за да испуштат арома, па конзумирајте го во текот на следниот ден. Осум чаши распоредете ги во текот на денот. Овој напиток нема да направи чуда, но со умерена исхрана поделена на пет помали оброци, редовна физичка активност, вашиот струк ќе стане потенок, а стомакот рамен без ниту еден ден гладување.
напиток кој го топи салото на струкот Го пијам веќе една недела.Мнооогу е освежувачки.Го праам со 2 л вода (8 Чаши) ама го пијам на два дена.Пазам на исхрана ,вежбам по 30 мин на ден.Ептен ми е погоден за топливе денови. За една недела долниот дел од стомахот го намалив за 4 цм,струкот за 2цм.Неможам да кажам дека е баш од напитокот ама се заедно делува
напиток кој го топи салото на струкот нане свежо кај да најдам ? а ѓумбир мелен мислам има во тинексот?м?
напиток кој го топи салото на струкот Нане свежо има на пазар 15 денари е китка ,само чувај те го во фрижидер да не се исуши топло е бајаги.Ѓумбир имаш и пакуван во сите маркети,јас го земав од Биона , има и пакуван и рефус .
Корен од ѓумбир се продава? Затоа што вели рендан корен од ѓумбир. А овој пакуваниов како изгледа и која е цената?
Lets bring this forgotten topic back to life! Баш читав за истава Sassy вода и кога гледам и тука е спомната Баба Меца изгледа продолжи да спие и летово па тек сега го дознавам рецептот. Не боли да се проба. Планирам да почнам да ја пијам од задутре... секако ако успеам утре да најдам корен од ѓумбир... Туку тие што веќе сте почнале да ја користите - има резултати? Задоволни? Освен astra20, она си пишала. Ќе си се измерам и јас утре And more important дали ќе има ефект ако наместо корен (ако не најдам) употребам рендан/прашкест/зачинест во ќесиче што се продава ѓумбир? Онака дискутабилно.... бездруго ќе ја пробам Спојлер Се за лепота со што е можно помалку труд yeaaahhh ...се шалам, ќе вежбам
Ја читав темава па ако мозе некој да ми одговори колку лажици гјумбир да стаам бидејки имам само во прав а таму писува свеж ?
Здраво девојки Сакав да прашам дали ѓумбирот(во прав) вас целосно ви се раствора? веке втора недела го пијам ова но ѓумбирот ми се таложи и малку ми е грозно кога го пијам тоа. Дали треба да го сменам? уште немам некои видливи резулти освен тоа што многу често одам во тоалет ама ќе бидам упорна