Пред да надигнеш - промешаш.Така талог ке нема.Секако дека не се раствара во целост некои 10 до 5 % останува да са таложи ,ама не е така страшно.
Прво да нагласам дека ова се прави 6 дена, а потоа се враќате наназад. Сега ќе објаснам: Во едно ипол литро вода се цедат лимони, така што првиот ден само 2 лимони, вториот ден-3 лимони, третиот ден-4 лимони, четвртиот ден-5 лимони, петтиот ден-6 лимони и шестиот ден-7 лимони. Тоа литро ипол „сок“ треба да го испиете во рок од 1 ден, ии кога ќе поминат тие 6 дена потоа се враќате назад. Значи сте завршиле со последниот ден-7 лимони, и ако има ефект и ако сакате да симнувате уште килца, продолжувате со тоа што се враќате назад, значи 6 лимони, па потоа 5.. итн. Другарка го пие ова, и има симнато неколку килца до сега. А и да додадам дека не е пожелно да јадете после 6/7 часот.
Не знаев која тема би била соодветна за да прашам, ама мислам дека тука е во ред ако не е нека гу преместат модераторите прашањето. Вака, денес ми е 6 ден од диетата и не планирам да ја прекинам, но откако почнав со диета прв пат ми е да излезам навечер во клуб и сега не знам што да пијам? Што да си нарачам, што е најниско калорично?
10 - 12 килограми за еден месец со овој пијалок. dieti/voda-sasi-sassy-oslabnete-10-12-kg-za-eden-mesec-t18357/
Само да знаете, дека ако претерате со оцет и лимонов сок наутро, пред да внесете било што друго, може да си направите проблем со желудникот.
дечки со водата тоа од цвеклото мене ме заситува,валјда не е висококалорична..и цвекло јадам(конзервирано нели).Добро е за слабеење?
Sakam da go probam ova so limonot imam visok na stomakot samo a jadenjeto treba da go namalam ili normalno da si jadam iako ne jadam po mnogu I posle 18h ne jadam
Јас си ја пиев саси водата со лимон краставица ѓумбир и нане за освежување и зошто ми беше вкусна, не ја пиев со намера да ослабам, а сега гледам сум заслабната и тоа можи 2 кила, што за мене е премногу. Е сега дали е од неа, дали е од тоа што имам понапорна со работа недела, па можи немам време да јадам , или па е од водава... не знам Знам само дека нема повеќе да ја пијам и од денес ќе јадам ко луда за да си ги вратам тие 2 килца горе-долу
Лековит напиток од ленено семе: Ги исфрла токсините, го топи целулитот, помага за чир и гастритис Освен за губење на вишокот килограми, одличен е и за одржување на посакуваната телесна тежина. Препорачан е од многу нутриционисти, а корисен е и за луѓе кои патат од гастритис, чир на желудник, хроничен запек и хемороиди. Помага и за лечење на циститис и пиелонефритис. Начин на подготовка: Напитокот треба да се подготви еден ден претходно. Пред спиење прелијте 3 лажици ленено семе со еден литар зовриена вода и оставете го да отстои преку ноќ. Најдобро е да користите термос, но доколку немате можете да користите тенџере со капак. Наутро процедете. Би требало да добиете малку густа, желатинозна смеса. Напитокот секогаш се подготвува навечер за да биде свеж утредента. Затоа не правете залихи. Начин на козумирање: Конзумирајте по 150 мл од напитокот, 3-4 пати во текот на денот, половина час пред оброк. На ваков начин конзумирајте од напитокот 10 дена, после што треба да направите пауза од 10 дена, а потоа продолжувате така сѐ до постигнување на саканите резултати. На тој начин ќе ја регулирате телесната тежина, а што е најважно, ќе слабеете здраво и сигурно. Ефектите се индивидуални, но за да се намали телесната тежина потребни се 3-5 вакви третмани. Овој напиток можете да го конзумирате како појадок и вечера, а за подобар вкус можете да го засладите со мед. Со редовно конзумирање ќе забележите позитивни промени на кожата, која ќе постане поздрава, затегната и еластична. Со овој еликсир, во текот на слабеењето, кожата нема да се опушти, напротив, дури ќе ги растопи масните наслаги на целулитот. *Мислам дека овој напиток навистина помага во слабеењето
Имам слушнато дека брзо се слабеело со лимон. Првиот ден 1 лимон и како што се зголемуваат деновите додаваш уште еден лимон + од претходниот ден. Тоа би дошло 1 ден- 1 лимон, 2 ден- 2 лимона итн. Не е претпорачливо повеќе од 1 недела да се конзумира оваа "терапија" . Лимоните цедете ги и пијте ги со вода, количината на вода не е битна.
Ако ви е потребнo брзо да намалите некој килограм, ова е совршеното решение… За оние кои сакаат во краток рок да изгубат неколку килограми, нормално без гаранција дека тиe подоцна ќе се вратат, можеби е идеален овој напиток за кој велат дека во рок од 5 дена може да ви намали 3 килограми. Состојки – половина китка магдонос – 1 лимон – 1 чаша вода Подготовка Магдоносот исецкајте го (најдобро во блендер), исцедете го сокот од лимон и налејте го со вода. Начин на консумирање Сокот би требало да го пиете наутро на празен стомак, само 5 дена, а потоа да направите пауза од 10 дена. Овој сок помага при согорување на калориите, го храни нашето тело со витамини и минерали. Освен тоа, магдоносот го подобрува варењето и овозможува брзо ослободување од наталожените течности во организмот. За пет дена можете да ослабите до три килограми. Дали сте пробале да го пиете?
Не постој напиток кој топи сало. Постој исхрана и тренинг кој топат сало а суплементите се само додатоци.
Здраво. Сакам да прашам дали некој има ослабнато со лимон и сода бикербона наутро пиење? Искуство има ли некој? Како реагира?