1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пијанистка (Елфриде Јелинек )

Дискусија во 'Книги' започната од XstrongerX, 27 мај 2015.

  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Книгата е добитник на Нобеловата награда.


    Компексен судир на личности со сериозни психијатриски нарушувања замаскирани во просечни луѓе, како незабележлив дел од толпата. Ерика се претопува во џганот секојдневно и се надева дека ќе остане незабележана. Негува страсти несвојствени за нејзината појава, незамисливи за ликот кој го презенира во јавноста. Бесчувствително си нанесува болка себеси. Не си дозволува крајно уживање во нејзините изопачени интереси. Гаи воајерски склоности но од нив не извлекува никакво особено задоволство.

    Болната опсесија на мајка и ги немилосрдно ги урива сите граници на приватноста на еден поединец. Посесивно го следи секој чекор на Ерика и сурово ја казнува како таков упад во приватноста да не е казна сам по себе.
    Уште од описот на раните денови, се добива впечаток дека мајката на Ерика се труди од неа да направи битие имуно на живот, склоно кој понизност, покорност и манипулација. И го одзема правото да има било каков контакт со светот освен службен со објансување дека тоа би и го одвлекувало вниманието од приоритетите - кариерата и единствената божица мајката.
    Се имаат една со друга, само тие две на овој свет - безбеден меур кој го создаде мајката и Ерика не смее да се осмели да го распрсне. Силните емоции и натрупаниот бес во еден момент еруптираaт во тотален хаос, во следен се стишува и дневната рутина е вратена. Ерика е дома на време, посветена на музиката и нејзиното величество мајката.

    Тука се појавува натрапникот. Ерика нема храброст лице в лице себеси да му се претстави онаква каква што е и планира тоа да го прави преку серија љубовни писма што се покажува како неуспешен метод. Првото ( и единствено ) писмо содржи инструкции околу тоа како тој да продре во нејзините најдлабоки страсти и неотповикливо да го исполни. Шокиран, ученикот одбива да биде дел од такви гадости.
    Нејзината чудна природа која вика за внимание и копнее да биде предмет на посакување, незаинтересирана за туѓите чувства и потреби го буди бесот во него. Ерика го доживува тоа што го посакуваше, но не онака како што имаше замислено.

    На крајот се предава на чувствата и копнежот кон изгубеното време и младост ја обзема. Конечно станува однадвор она што е од внатре. Мајката доста доцна ги забележува недостатоците во воспитувањето и јадосаниот плод од истото. Ќерката- големиот уметник кој никогаш до крај не ги оствари очекувањата на мајката, примерната и бездушна учителка по пијано, среде бел ден станува предмет на потсмев.

    Богата содржина. Дело кое секако се чита во еден здив и остава без здив. Ме привлекуваат дела со контраверзна содржина.

    Кои се вашите размислувања ? Сте ја прочитале книгата ?