Форумџика на годината 2020

Пијанки

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од mar17, 30 октомври 2010.

  1. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    105
    Со моето друштво еднаш во викендот одиме во кафана или преку еден викенд,за да си го направиме меракот,да се напиеме и почастиме.Најчесто пиеме вино ама во одредени количини,значи никако опивање,поготово затоа што сме женско друштво.. и по некое машко :lol:
    Практикуваме кафана,ама последниве неколку недели ми се одвраќа одењето во кафана затоа што прво што приметувам се собрале 16 годишни девочиња,порачале 3-4 шишиња вино и се налеваат како да не виделе...Потоа пијано ја напуштаат кафаната и одат во дискотека и таму продолжуваат со пиење...Искрено изгледаат бедно и мизерно,без достоинство..

    Колку често одите на пијанки и што подразбирате под овој поим?
    Што прво ви паѓа во очи влегувајќи во кафаната,меаната,кафичот...?
    Со кој практикувате да одите,женско друштво или мешано ?
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Не се собираме многу често, само кога има повод. Не одиме по кафани туку се собираме кај некоја другарка или другар што таа вечер е сам/а дома. Се собираме само женско друштво а понекогаш и мешано (зависи од поводот). Пиеме само пиво, а понекогаш и вотка (ја сечеме). Секогаш сме пиеле во одредени количини и пазиме како се однесуваме (ако испиеме малку повеќе но ретко се случува тоа).
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.470
    Порано почесто, многу често. :D
    Сега и не толку многу.
    Во кафана прво гледам кој има, што народ се збрало, обрнувам внимание на музиката и каде е нашата маса.
    Одиме мешано друштво, дури и повеќе машки сигурно, така што секој пат пола и више од собраното е пијано. :D
     
  4. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    212
    Додека бев средношколка излегував со друштвото во парк и пиевме, некогаш и пред свирка ќе пиеме и така, ама сега тоа слабо...
     
  5. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Хмм...кафани :^)
    Во наше време- се собиравме по дома, во парк или негде низ на клупа, пред продавничка :lol: и таму си пивнувавме. Башка и поевтино ни беше од налевање по кафичи.Ама тогаш важеа поинакви закони, без проблем се купуваше и вино и пиво и вотка по 21ч. А после тоа на журка :rock: :rock:
    За пиење по кафани, па уште и певаљка, ми делува :drunk: :drunk: :drunk: - ај ке речам патетично.
    Инаку да-дефинитивно сум за пијанка, посебно со женско друштво. А со оглед на тоа што поодамна не сум пиела од и од 2 пива-ке летнам :rock:
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.774
    Ми се чини подостарев за пијанки. Пред три години некаде секој викенд организиравме со друштвото, ама сега некако не ми е по мерак. Кога ќе видиш девојчишта пијани е многу грда слика :x
    Инаку читам нешто кафани ова-она... за мене пијанка е кога ќе се собереме друштво некаде надвор, во природа, во парк (иако сега тоа е скоро невозможно: поради новите закони полицајците не‘ ловат на невидено) или евентуално кај некого дома, ако е сам/а. Си купуваме пиење (се разбира пред 19 часот :lol: ), обавезно и грицки или ако сме дома приготвуваме нешто и се веселиме до миле волје.
     
  7. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    212

    Еј ќути, порано друго беше времето, а сега мислам од 5то одд. се пијанчат, излегуваат полуголи по дискотеки ау, катастрофа :?: и тоа што викаш со цајканиве, нас пред нос ни го истурале пивото :o А сега исто си потпивнувам јас ама не до крај да не можам да стојам што се вика... :) :rock:
     
  8. BubeFeminka

    BubeFeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    порано во тинејџ годините се собиравме секој викенд и пиевме како лудиии, еееј алкохоличарка колку само алкохол имам испиено во животот....црниот дроб ќе ми фати цироза :D :D :D :D но сега веќе по ретко, не дека не пиеме веќеее, ама мислам дека малце пораснавме за да продолжиме со детските понашања...тетеравење по улици, повраќање, лигавење... :puke:
     
  9. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    221
    Леле кога бев во средно училиште,па и 1-ва или 2-ра на факултет излегувавме многу како по дискотеки,кафичи секаде и знаевме да се опиеме добро и паќаа разни заебанции.Но,тоа траеше негде околку четири години.Додуша и сега со добро друштво знам да се напијам неколку чаши алкохол ,но со мера. :lol: :lol:
     
  10. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    180
    Омилена работа со другарките...седнуваме по дома и пуздер се праиме барем 3 пати годишно...мора и тоа да има :D
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619
    Најомразеното нешто на мајка ми и на него.
    Куплерај, што вика мама :lol:

    Често се збираме на вакви пијанки, често се опијануваме и правиме глупости. Што е најжално, често по овие пијанки излегуваме во јавност :tmi:
    Една или еден ќе се опие, сите го мкнат. До сега немало некои поголеми бруки во јавноста, ама меѓу нас и тоа како... :$
    Знаеме убаво да си поминуваме. И кога сме со машки и кога сме само ние :drunk:

    добро де, има некогаш и досадни пијанки, ама тоа се зависи од друштво :)
     
  12. Lily52

    Lily52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    36
    На нова година се опијеа моите другарки :) но јас и мојата др другарка не
     
  13. lady11

    lady11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    71
    Mногу ретко :drunk:
     
  14. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    55.607
    Ја пронајдов темева, па да го кажам моето мислење...
    Спагам во категоријата на луѓе (најверојатно многу мала!!!) кои никогаш во животот не се опијаниле, никогаш не испиле ниту една чаша алкохол. Не дека не сум пробала алкохол, но ниеден вид не ми се допаднал - пиво, вино, жестоки пијалоци... Па затоа, едноставно пијам само сок и вода!!! Некои мои пријатели ме убедувале - напи се малку, само за да наздравиш, но јас сметам дека тоа не сум ЈАС и дека може да се наздрави и со сок. Така ги воспитувам и моите синови (24 и 16 години) - за се во животот треба да се биде умерен!!!
    Се ближи Нова Година, па сликата на пијани млади луѓе по улиците ме ужаснува. Мој апел до сите ФЕМИНКИ - пијте алкохол во ограничени количини, за добро расположение и убава забава треба да се биде трезен!!!
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    51.792
    Пол:
    Женски
    Ретко, во кафани не одиме, кога излегуваме тогаш излегуваме во некој клуб без претходно да се запиеме некаде. Ако организираме пијанка тогаш тоа е пијанка во студентскиот дом со тамошното друштво.