Јас не се согласувам со тоа дека пијаниот човек бил искрен човек. Ако некој алкохолизиран нешто тврди не се лажете дека тоа го мислел, но го признавал. Едноставно не расудува таков човек и тоа е тоа. Алкохолот има дејство врз централниот нервен систем на различни нивоа и центри, делувајќи различно и со тоа може да се поремети расудувањето, перцепцијата, размислувањето, изразувањето, нагоните.. И баш ме интересира од кај ви е тоа дека алкохолот стимулира искреност?!
Па понекогаш и е искрен и не.Може да кажува се што ќе му дојде на ум,а некогаш кажува и чиста вистина.
Не е точно ова. Зависи какво му е расположението, така и ќе зборува. Ако во главата му влегле новите чевли, на пример, тој ќе ви зборува за нив дури и да го прашувате нешто друго. А тоа дека не може да мисли, воопшто не е така. Секако дека размислува, само не може да го каже токму она што го мисли. Му се смешуваат центрите и кажува нешто друго.
Мене само запирката ми пречи. Инаку, дечко ми кога е пијан, за жал многу ретко, е срце човек кој е брутално искрен и кој секогаш вика, да не сум волку пијан, ова нкогаш нема да го чуеш, ама многу те сакам И повеќе му верувам отколку на секојдневното „те сакам“.
Директен и индиректен предмет. Во овој случај и двете се точни. Исто како што може да кажеш "на него" и "нему".
Епа сега...ја зборувал или не ја зборувал вистината. Да, јас сметам дека пијаниот човек е поискрен него кога не би бил пијан, така си е опуштен и си мисли утре ,,нема,, па ај да си кажам што ми лежи на душа. НО, ако е дрво пијан (што би рекле), тогаш не праиме муабет ни за искреност ни за бутур. Тогаш при изгубена свест се тресат глупости и се прават глупости кои се ван памети. Значи ипак има разлика од поднапиен до ,,дрвосан,,
Јас би рекла пивнат човек е искрен човек. Пијан човек веќе не е свесен што прави, а правењето глупости сигурно не е дел од искреноста.
Пијан човек според мене е само пијан човек. За искреност во пијанство ич не сум сигурна и затоа ако некој сака да му се верува или да му се почитува муабетот поарно нека си отрезни и нека се труди што поретко да се опива. Оти во спротивно пијанството има само контраефект.
Е тој што ја отворил темава дали има видено пијан човек во животот свој? Најозбилно. Пијан човек кажува што ќе му падне на памет прво, што не значи дека е вистина. А веќе кога е пијан дрво, не е ни свесен што зборува, само ги плетка зборовите.