Многу јако филмче,со Брук Шилдс.Во 2012 излезе нов дел The Blue Lagoon the aweking,па кога ќе најдам време морам и него да го изгледам.Кое е вашето мислење за филмов? Мене искрено ми беше премногу интересно,а и дека авантуристичко филмче(мојот омилен жанр на филмови после хорор)со задоволство го гледав.
Како помала ова ми беше еден од поомилените филмови. Инаку оној со Мила Јовович го имам гледано и апсолутно е прекрасна во тој филм, интересно е дејствието, малку поразлично за разлика од филмовите кои се снимале тогаш додека пак денес има се повеќе со ваква слична тематика. Инаку Дрим, тој филмот од 2012 што го спомна го гледав и можам да кажам дека апсолутно си нема врска со оваа Плава лагуна освен тоа што и они се губат на остров. А и глумата на актерите во тој филм е катастрофална. Го имам гледано и овој со Брук Шилдс ама сепак тој со Јовович ми е најомилениот.
се пуштам на фемина со цел да прашам за нешто за плавата лагуна и викам ако нема тема да направам,ама гледам Dream била побрза Инаку филмов го имам гледано незнам ни јас самата колку пати,и секој пат ми е преубав и многу интересен.Баш сега го гледав го даваа на Сител Едно не ми е јасно,дали децава беа брат и сестра? И што значи тоа на крајот не се мртви спијат,дали стварно се отруја од бобинките или преживеаа?
Не беа брат и сестра,туку деца изгубени на островот,од потонатиот брод со Педи,само тие преживеале и дека цело време заедно се засакаа и да само спиеја,па еве овој филмот новиот значи плавата лагуна, будење,значи само спиеле. Стварно предобро филмче и јас го имам неколку пати гледано.
Филмов е стварно интересен, го имав гледано и порано мајка ми ми го имаше препорачано И мене ме збуни ова на крајот, мртви ли беа? И одприлика колку години имаат?
За време на снимањето девојчето имало 14 а момчето 19 години Иначе прекрасен филм. јас првпат на сител вчера го гледав
Да, и мене многу ми се допадна. Ама нели е малку чудно, оти сепак, ако е продолжение од првиот дел, тие ќе бидат тинејџери, а не повторно деца? Али ај, сепак останува да видиме.
Од првиот дел (The Blue Lagoon) децата умреа, а нивното дете остана живо и и го дадоа на една жена од бродот да го чува, така да вториот дел (Return To The Blue Lagoon) се работи за вистинското девојче на жената и детето на овие двајцата оти и они заглавија на истиот остров. А третиот дел (Blue Lagoon: The Awakening) си нема врска со овие два филма.
Авв обожавам вакви филмови Иначе ги имам гледано сите делови и сите се добри.Последниот нешто помалку ми се свиѓа ама не е премногу лош.Просечен.
Не ми се допадна никој ден. Многу очигледна приказна и плус не сум фан на некои такви филмови. Добро е за губење време, за релаксација.
Трите филмови се 10ка.Девојките во сите филмови се прекрасни,а момците само во третиот.И голем фан на вакви филмчиња си сум. Нешто да се надоврзам надвор од темава. Спојлер Понекогаш со една другарка велиме „Ех,шо убо ќе биди таму да сме двете,убајни“. А еднаш наставникот по географија ни вели:А бе не вие двете сами,туку со дечковци таму да сте.Тогаш убајни ќе си помините.
Најубав ми е тој филм со Брук Шилдс. Приказната е совршена, глумците ми се прекрасни. Реализацијата е исто така предобра. Еден од омилените филмови ми е, култен е филмов едноставно. Колку ми се допаѓа таа нивна наивност и безгрижност додека растат, додека го преживуваат пубертетот, прашањата зошто и е толкав стомакот како тоа од каде дојде бебето ахх... Преубаво им е живеалиштето. Колку само поубаво си живеаа одколку луѓето по градовите. Пред некое време гледав некој најнов Сина Лагуна и уште нешто имаше во името, неможам да се сетам. Мислам дека од 2013 година, со тинејџери исто ќе се случи некоја несреќа ќе се најдат на островот, ама веќе пораснати ќе бидат, многу е лош немојте да го гледате. Глумците тапа, тинејџерчиња некои, нискобуџетно доста...
филмот е прекрасен како првиот така и вториот...од секогаш сум сакала да живеам на остров ама не баш вака како нив
Тој од 2012 го немам гледано. Не знам дали е подобар филмот со Брук Шилдс или со Мила Јовович, ќе ги репризирам и двата за да одлучам. Ми се чини дека првиот дел беше посериозен, вториот поведар и повеќе до израз доаѓа прекрасната локација, така ги памтам. Всушност, тие се втора и трета верзија, има и еден постар од 1940-те. Едит: Променете го насловот во Сината лагуна, плава не е литературен збор , што е ова, на што личи.