Плагијат е мислам кога некој се обидува да ја украде музиката, оваа ако не се лажам купена е и задржани се авторските права.
Да, всушност голем дел од балканските хитови се компнирани од грчкиот Фивос и со негова дозвола се преработени во српска, турска, бугарска и македонска верзија. Но има и доста грчки и бугарски хитови кои се арапски и израелски. Насловот можеби треба да се надополни во Преработки и плагијати. А еве уште еден пример на откупена песна: Грчкиот оргинал:
KeSha - Take it Off не е плагијат но е преработка на мелодија од песната Streets of Cairo од крајот на 19 век и со променет текст: оргиналот:
И уште една преработка - Dick Dale - Misirlou користена во филмот Pulp Fiction(1994): оргиналот Мисирлу (грчки=Египтјанка) настанал за време на отоманската империја, авторот е непознат но најстарата изведба која успеав да ја најдам е од Тетос Димитријадис во 1927 - брзината на јутјуб плеерот ако ја поставите на 1.75 или 2 ќе звучи како горната преработка :
Бугарски плагиат Српски плагиат Оргиналот Македонски плагиат Оргиналот Смешно е што Бугарија и Аспарух во текстот се заменети со Македонија и Александар
Напротив, македонската е оргиналната но напишана е во Канбера, Австралија за време на турнејата на Војо Стојановски 1992 година. Е сега дали е бугарската плагијат или со откупени права во поглед на мелодијата не знам, но македонската е постара. http://www.mn.mk/makedonski-legendi/9071
Не е баш плагијат, повеќе преработка: Песнава е стара неколку векови. Постојат недокажани претпоставки дека се базира врз друга песна од 16 век! Но во секој случај била позната веќе кон крајот на 19. и поетокот на 20. век. Најпопуларна верзија е во изведба на The Animals од 1964 год. a во поранешна Југославија истата година ја отпеал Мики Јевремовиќ.
Boney M - Rasputin ( 1978 ) но снимката е од 1979. Safiye Ayla - Uskudara gideriken aldida bir yagmur (1940)