1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Плазмалифтинг и/или ботокс

Дискусија во 'Лице' започната од kikikikirika, 31 јули 2020.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки

    Веќе некое време се мислам да почнам со некој третман за превенција и "пеглање" на брчките.
    Порано не ме интересирало тоа и сите поими ми се нови па би сакала да прочитам ваши искуства за плазмалифтинг и ботокс.

    Плазмалифтинг се прави со сопствена крвна плазма (вампирски третман), нема несакани дејства, може да се комбинира со други третмани, резултатите се подолготрајни, но сепак треба да се повторува.

    Ботоксот се вбризгува дирек на брчките да се пополнат. Треба да се повтори 2-3 пати годишно.

    Прашање ми е:

    • Кога има смисла да се прави ботокс а кога плазмалифтинг?
    • На која возраст од прилика е најдобро са се почне со овие техники?
    • Каде во МК (освен кај Анчевски) се прават овие терапии, која е цената, на што треба да се внимава при изборот и какви се резултатите?
    • Кои комбинирани техники ги има и што е најдобро на пример за брчки меѓу веѓите или околу очите?