1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пламен Сјај (Трејси Шевалие)

Дискусија во 'Книги' започната од MotherMonsterI, 7 јануари 2013.

  1. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Приказната што догорува... Пламен Сјај го следи семејството Kellaway кое ја остава зад себе трагедијата во руралното село Дорсет и доаѓа кон крајот на 18-тиот век во Лондон.

    Семејството Kellaway се преселува во соседната врата до еден радикален сликар и поет Вилијам Блејк. Се создава пријателство каде сѐ се сведува на еден драматичен тек.

    Семејството наоѓа работа во близина на циркусот, а најмладиот член на семејството се запознава со една девојка на својата возраст. Отелотворување на спротивните карактеристики - Меги Butterfield е црнокоса, личност која знае лесно да се снајде на улица, додека Џим Kellaway е тивко русо момче.

    Децата формираат цврста врска, додека се запознаваат со нивниот невообичаен сосед и неговата сопруга.

    Пламен Сјај ги истражува состојбите на невиност и искуство исто како што Блејк ги одбира тие две теми за наслови за своите најпознати поеми на невиноста и на искуството.

    Пламен Сјај од авторката Трејси Шевалие е роман кој не се пропушта... роман за пожари и погреби, циркуски претстави и заведување, соседи и голотија ... роман кој врие од драматика, интересни страници кои оживуваат една епоха на сликовитост и верност... Пламен Сјај е вистинско ремек дело на
    Шевалие.



    Сте ја читале ли книгава и какви се вашите впечатоци ?
     
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Пламен Сјај - Трејси Шевалие

    Не ја имам читано, но описот доста ме заинтригира.
    Ја има ли во охридската библиотека? :)
     
  3. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    па би требало да ја има...јас ја дочитав пред некој ден и ти ја препорачувам
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав летото и навистина книгата остаава впечаток, еве и сега се сеќавам скоро на се.
    Ќе се самоцитирам, имам пишано во темата Предизвик за Фемина читачите.