1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Планинарење за почетници

Дискусија во 'Слободно време' започната од FroggyLover, 27 јули 2023.

  1. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Предложете ми некоја тура што е добра за почетник. За кондиција, се качувам на водно, матка, имам одено од водно до матка, идам во теретана. Дали еЉуботен пр. океј за некој кој не планинарел многу?
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.592
    Допаѓања:
    14.870
    Пол:
    Женски
    @FroggyLover а да се зачлениш во планинарско друштво? Мислам дека имаат некоја програма за почетници.
     
  3. perduv

    perduv Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Каде да најдам планинарско друштво? Не сум видела ниедно за да се зачленам
     
  4. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    876
    @perduv I love hiking, PSK Skopska Crna Gora,Планинарски клуб Јелак од Тетово, побарај ги на фб, сите имаат страни, објавуваат тури и сл.
     
    На INNERBEAUTY и zence им се допаѓа ова.
  5. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.302
    А дали се поделени по групи?
    Пример:Дали има тура за почетници,полесна?Па за средно ниво,за професионалци?
    За да можат и тие што немаат поголемо искуство да се пријават а сакаат,на некои полесни искачувња.
     
  6. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    876
    @Sophitas не се поделени по групи, но за секоја тура пишува дали е лесна, средно-тешка итн, дали е за почетници погодна или за искусни...
     
    На Sophitas му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.239
    Какви обувки најчесто носите?
    Дали мора да бидат специјализирани планински, гледав во спортскиве продавници ги има, бидејќи секојдневниве спортски ми делуваат некако лизгави?

    Дали може некој околу опремата да објасни подетално, облека, обувки..

    Имам желба да одам ама некако не сум баш опремена.
     
  8. _iKarmen

    _iKarmen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Како релативно искусна планинарка, рачунај дека на Водно одам со планинарски чизми, народски кажано гојзерици.Мора едноставно, за лизгав терен, за кал, за да ногата е добро прицврстена за заштита на зглобот значи за се... Мора да се оди со добри чизми, бројот да им е таман за да можеш да облечеш пар дебели чорапи. Што се однесува до облеката-многу слоеви. Маица по прерамки, маица по кратки, блузон или дукс обавезно. Ветровка и јакна што штити од студ и ветер.Панталони за планинарење, мене искрено ми е најубав оној ветровка материјалот.Високи чорапи, дебели. Капа или бандана,пожелно е и кабаница да се има секогаш.
     
    На Sielo❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.239
    Фала ти, претпоставувам ова е за во поладни услови, ме интересира како е во лето?
     
  10. _iKarmen

    _iKarmen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Истата работа заради тоа што температурата стално варира, и летно време носам се од ова, плус капа, крем за сонце, и шорцеви обавезно. За минута се менува времето, и летно време може да стане опасно, не се залажувајте со тоа.