Одамна сакам да се запишам на некој спорт но никако да го пронајдам вистинскиот и конечно решив Планинарење. Ќе може ли некој од вас да ми препорача место каде да се зачленам, дали има некакво друштво кое се бави со овој спорт и каде може да го најдам. Фала многу
Се зависи од кој град си,и дали воопшто постои таква група,ке треба да се распрашаш во твојата околина,инаку си избрала навистина прекрасна активност,јас порано одеев на планинарење и навистина е убаво,се чувствуваш исполнета,свежа (малку уморна од одење али првиот пат,после си навикната) Имам изодено најмногу 45км и стварно времето ти минува неосетно уживаш во природата и забораваш на се друго! Со среќа!!!
Jas sum od Skopje i dosega kogo i da prasav, site mi se cudat zastos um odbrala toa, i navistina, iskacuvanjeto na planina i pogledot nadolu e fantasticen ))))))))))))[mod-kirilica:wn0fec76][/mod-kirilica:wn0fec76]
Epa vaka zenska imam slusnato za planinarsko drustvo korab od skopje: http://www.korab.org.mk na ovoj sajt ke mozes da doznaes podetalni raboti,inaku stvarno odlicen izbor imas napraveno! pozzz i so srekja [mod-kirilica:35eqqlpi][/mod-kirilica:35eqqlpi]
Да си у Кочани...шо мора група...фани си патчето под нозе и од дома до Осогово(Поника(поточно додека можеш))и те ти спорт а сакаш трчи,оди,лази... шо сакаш прај.. ем шеташ ем слабееш...ејјј шо ја на тебе ти предложувам а шо ааа да не распуштат ја одма зимам точако и на Пониква...ако сака некој нека дојде
Јас планинарев некои 2-3 години заедно со мајка ми.. Таа одеше и надвор од Македонија со планинарското друштво додека јас само тука ^^ Како и да е таа почна да се бави и со велосипедизам низ планините и ја скрши раката и престана,а со тоа престанав и јас..Нешто за што многу се каам. И ме интересира дали има и некои други групи освен Кораб? низ Скопје? А иначе планинарење како спорт е одличен избор
Не планинарам редовно, ама имам членувано во две друштаво: Кораб и Китка. За помлади препорачувам Македон бидејќи слушам таму иделе многу млади луѓе и тама забавно да биде покрај саати и саати пешачење по планини Мора да кажам дека најубавиод дел од тинејџерството ми беше баш кога идев на планинарење и на слетовите во Србија. Повели страница на македон http://www.makedon.mk/, па јави им се, оти никој поинаку нема да те викне да планинариш Инаку не ти препорачувам да одиш баш сега, почни напролет, освен ако имаат некоја навистина добро организирана тура.
http://www.mkdmount.org/planinarski_sportovi/planinarstvo/planinarski_drustva.html феминки на овој линк може да најдете контакти од планинарски друштва и слични организации. Кој колку се активни и колку млади членови имаат не знам, ама знам дека љубовта кон планините е нешто најдобро што можеше да ми се деси Јас лично сум од 19 години по планини и претежно на лето. Не членувам во ниеден клуб. Преку факултет одевме. Не знам за вас ама мислам дека полека почна опсесија да ми станува. Прво си купив обувки, па ранец голем, па шушкави панталони, па лампи, па гамашни, па термосче.... последно нешто ми беше вреќата за спиење и подлогата. Уште шатор ми фали и ич дома да не се вратам. Едвај чекам да запролети малце барем да се стопи снегов. До душа се мислам да се уклучам на една тура на ПСК Бистра сега на 3 и 4 март на Пелистер можеби ако затопли малце времево ааа, да во Македон се млади дечки и знам дека огранизираат голема журка на Бегово поле на Јакупица
Многу ми е интересно да се качвам по планини. Среќна сум шо тука во близина ми е Пелистер, а има и други места ако сакаш да се оттргниш од градот и малку да смениш Во последно време не планинарам баш оти немам доволно време Ама сега пролетта ќе почнам, чесен збор
Ај јас да ја освежам темата со еден линк т.е. поход http://www.pskbistra.org/izvestai.php?u ... 04/pokana/ (оваа покана е од јавен карактер нели објавена на нивната веб страна и со тоа не рекламирам ниедно ПСК или ПСД) пролетно планинарење мх мх мх едвај чекам кажувајте ако одите
Јас порано планинарев и баш ми е мило што си го одбрала овој спорт. Ќе се изнагледаш убавини, а не си ни свесна какво е чувството кога ќе искачиш некој врв!! Преубаво! Кораб се доста активни, меѓутоа таму останаа само повозрасни планинари. Помладите се одвоија и го формираа друштвото Македон. Ти препорачувам таму да се зачлениш.
Луѓе ме интересира дали се има некој качувано на Солунска глава на Јакупица?Планирам да посетам,но ми кажаа дека е многу тешко за качување но и пусто,немало ништо освен еден планинарски домчС
Hola amigos, ¿qué tal? Деновиве баш размислував дали на форумов се наоѓа по некој колега-планинар, кој ја дели истата пасија кон троа повисочки ридчиња. Ако ве има, дигнете два прста. Да се преброиме де. Годинава ми беше исполнета со доста планинарски подвизи, насекаде низ нашава нѝ држава. Некои скромни, некои понапорни, но сите исполнувачки и мотивирачки. The cherry on top of the cake годинава ќе ми биде прославата и дочекот на Новата во планинарскиот дом Караџица. Мисљим, има ли боље журка, од журка на планина? Nope.
Не најдов друга слична тема поврзана за ова. Ме интересира дали некаде во Скопје се изнајмуваат чевли за планинарење?
гледам темава не е многу активна, штета што нема многу планнинарки па да споделиме искуства и убави моменти поминати на планина.Јас до пред 2 години бев активен планинар. Не само во Мк , имаме искачувано и во соседна Бугарија( Вихрем, Мусала,Маљовица,Врв Тодорка) ,Грција Олимп(Митика),Црна гора-Дурмитор(Боботов кук).А низ нашата преубава земја сум била Кораб,Титов врв,Солунска глава,Меденица,Лиска,Илинска планина, Јабланица,Аџина река...............и не ми текнува други во моментов. Инаку одевме често и со шатори.Е тоа беше доживување. Друштво , оган запален, на стапче закачени кобасичиња, армоника со нас,песни ,винце.............мераци. Убави моменти и во планинарскиот дома во тајмиште имаше. Секако пак ќе почнам, сега поради обврски неможам често како порано ,меѓутоа еднаш месечно може да се дозволи.
Здраво. Би сакала да ве прашам дали може до Лешница да се оди со кола? Или каде може да ја оставиме колата и колку имаме за качување плус ? Фала ви однапред
И мене ме интересира ова, дали е обележано за пешачење или сепак мора да се оди со некоја организирана тура а не на своја рака. Дали успеавте да отидете?
Ајде да ја освежиме тематава https://facebook.com/events/s/планинарски-марш-црн-камен-202/503677790746837/ Се работи за искачување на Црн Камен Јабланица, Магаро на Галичица беше вчера ... Слободно праќајте настани