Планинарење

Дискусија во 'Фитнес' започната од SV1911, 18 јуни 2024.

  1. @oneday

    @oneday Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2024
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Убава тема за тие што ги привлекува, мене лично не, ја би бетон и асфалт свашта има по планини и ливади, разни животни, змии, итн :)
     
    На Снегулк@23 и SV1911 им се допаѓа ова.
  2. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.541
    Допаѓања:
    106.361
    Пол:
    Женски
    Имам долгогодишна желба за планинарење но никогаш не се ни обидов зошто немам друштво.Маж ми не го интередерииаат вакви работи но еве од есен ми вети дека ќе ме дружи.
    Со кондиција сум доста слаба но еве може да ги пробам еден ден стазиве што се на Водно за почетници.Од некаде и мора да се почне си го меморирав за секој случај и бројчето:D.
     
    На Касија и SV1911 им се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Сите си имаме свои преференци секако :) Само ако е за животните, за овие речиси 4 години активно планинарење, имам наидено на една лисица само, и тоа дека бевме само двајца и не правевме муабет додека се качувавме, па не не слушнала најверојатно. Животните се плашат од нас многу повеќе него ние што се плашиме од нив. Плус, ако се движиш со поголема група, секогаш има неколку луѓе кои што нон-стоп зборуваат па така сите животни од километар знаат дека има луѓе и се кријат.

    Кога ќе сакаш на Водно да ми пишеш. :hug:
     
    На Касија, Milobebence и @oneday им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Да ја освежиме темава малце.

    Секоја година по повод независноста на Р. Македонија ФПСМ заедно со планинарските друштва организираат искачување на врвот Кораб, кој е највисокиот врв во државата.

    Оваа година ќе има и кампинг, планински велосипедизам и искачување. Еве и линк до настанот, за тие што сакате да се пробате.

    Од мое минатогодишнио искуство, немаше вода по патот (изворот што беше наведен во програмата испадна дека е пресушен). Во поголем дел се оди на отворено, така да фактор и капа се задолжителни. Патеката е долга, околу 10 км во правец, и има околу 1300 метри искачување (нешто помалце од 2 пати Водно да го искачил) но воглавно успонот е релативно благ, со исклучоци секако.

    Се препорачува да го имате искачено Водно за да одите на турава.

    Ако ве интересира подетално за опрема, пишав што треба на предходната страница од темава, а и на нивната фејсбук страна обично пишуваат за ова и повеќе околу настанот, организацијата и временската прогноза.

    Се гледаме на планина. :sun:
     
    На simoncelicius, Fraerce4, n.lauda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Фотографии од вчерашната планинарска тура на Кораб.

    IMG_20240908_211831.jpg

    IMG_20240908_154039.jpg

    PANO_20240908_143550.jpg

    IMG_20240908_135510.jpg

    IMG_20240908_134909.jpg

    IMG_20240908_125558.jpg

    IMG_20240908_114810.jpg

    IMG_20240908_104514.jpg

    За наредните тури од разните друштва ќе постирам штом видам објави. Периодот што следи е идеален за планина, се уште е релативно топло, а погледите се прекрасни. :inlove:
     
    На simoncelicius, Seli20, Tinaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Дечки, еве ви линкови од наредни тури периодов:

    Мусала, највисокиот врв на Балканот со ПСК Стратус.
    Дерза со Ај лав хајкинг
    Комови, Црна Гора, со Ај лав хајкинг
    Китка со ЗПЗП Козјак Куманово
    Титов Врв со ПСК Х2О

    Во ноември треба да има и традиционално искачување на Љуботен, со можност за преспивање во планинарскиот дом дента пред искачувањето. Ќе ставам линк штом ја објават турава, ама да знаете дека е многу убава но и малце напорна, поготово ако ја одите цела во еден ден.
     
    На simoncelicius, Milobebence, n.lauda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Машки
    Знае ли некој/а колку време има од Нежилово до п.д. Чеплес?
     
  8. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    Дечки, веќе подолг период одам на Водно еднаш неделно, така да не ми треба којзнае каква опрема. Имам полари неколку, јакна една потенка и една малку подебела од Мекинли. Е сега, дали нешто испуштам не знам, ама многу ми е ладно нагоре а посебно на врв. Обично носам маица драј фит, полар и јакна. Ракавици и чизми имам за планинарење. Што да земам плус за периодов зошто се нервирам кога ќе ми текне дека ќе премрзнам горе? :)

    Гледав во Oysho едни како поларчиња тестирани за пониски температури, дали некој има земено?
     
  9. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Отрпилика околу 1 час колку што памтам.
     
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Дуксер 100% волна, ако сакаш да те згрее. Исто и чорапи.

    Е сеа, ти најубаво си осеќаш, ама јас би го мењал дуксерот/поларот на врв - обавезно. Пошо и малку да си запотена драстично поладно е.

    Инаку генерално на врв секако во зима не можеш да се задржуваш како во лето, во еден момент што и да носиш ако не се движиш ќе ти биде ладно.
     
    На grungy и Milobebence им се допаѓа ова.
  11. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Многу сум пасивна во последно време и сакав да почнам со Водно. Проблемот е што немам друштво за на планина. Дали е безбедно да одам сама за викенд. Може е глупаво прашањето ама ми треба малку охрабрување.
     
    На Bananki023 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Машки
    Безбедно е, релативно многу луѓе има за викенд. Ако не си во форма, почни до Средно и назад, после сама ќе си процениш колку тебе ти е безбедно.
     
  13. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    Кои се патеките на Водно, одам а не знам по која одам: Пензионерка, Цветкова, Олимписка, по асфалт, по козји патеки?? Дали има уште? Како да знам која е која, како да ги разликувам?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.371
    Пол:
    Машки
    Ги имаше некаде на фб поставено патеките на Водно. Мислам дека беше некое здружение или планинарскиот дом. Ако ја најдам сликата на фб ќе ја прикачам овде.
     
    На Seli20 и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Red&Black

    Red&Black Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    https://planinarskipateki.mk/патеки-на-водно/
     
    На Seli20 и Bananki023 им се допаѓа ова.
  16. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    3.228
    ме интересира од кој период/месец се носат чизми,а кога патики?

    и дали во овој период би можело да се премине веќе на патики, зборувам за пониски врвови?

    Некоја препорака ако може за патики за почетници :$
     
  17. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Машки
    Денес можно е да има кал зашто врнеше сношти, подобро со чизми оди.

    За патики, почни со дома што имаш некој постари, разгазени и удобни обични патики.
     
    На Sielo❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    3.228
    да таков е периодов лизгав, не е баш за патики.

    Но, во план сум сакам да си купам патики баш за таа намена па ми треба препораки..
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    40.699
    Пол:
    Машки
    Јас би ти ги препорачал за ова пролетно време Salomon X Ultra 360, баш е ригидна патика, не е премногу ниска, има добра заштита на зглоб. Генерално и слични модели да одбереш од Salomon ќе бидат океј за суви временски услови.

    Ако бараш нешто за помал буџет, погледни ги и Adidas Terex и Asics Trail Scout 3.

    Овие вториве лично ги имам, ги земав за некоја добра сума, и иако не може да се споредат со Salomon на пример, за активности кои не се екстремни се одлични, поготово кога временските услови се добри.
     
    На n.lauda и Sielo❤️ им се допаѓа ова.
  20. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    Ќе оди ли некој на Титов врв, крај на мај? Споделете искуства, опрема, совети?
    Освен на Водно, не сум била на др место па да знам што ме очекува. :nod:
     
    На Bananki023 му/ѝ се допаѓа ова.