Не можам да ти пишам порака, ако сакаш пиши ми ќе ти пратам скриншот. Во секој случај информацијата е точна и проверена.
диви животни не, но има овчари кои ги пасат своите стада таму а со нив секогаш има огромни шарпланинци или караормани и тие ги штитат овците.
Не знаев за овците, ви благодарам за одговорот. Иначе да, и од тоа треба да се пази многу повеќе. На Крчин со албанска граница имам сретнато овчари од Албанија, среќа овчарот не виде па ги повлече кучињата.
Мислев дека нема ништо од тоа, си мислев дека луѓе секојдневно одат по таа патека па секогаш дека има луѓе.
Не би ти препорачала да одиш сама на таа тура, има делови што се доста стрмни, патеката не е убаво обележана, и нема да имаш интернет.. Нема диви животни..
По планините низ Македонија секогаш треба да внимаваш на овчарски кучиња, било да си од Водно кон Матка или на друга. Претежно се чуваат шарпланинци и карамани, а тие се територијални и добри чувари.