Како што знам нема ваква тема, па ајде феминки да ги напишеме се какви вежби правиме во теретана, времетраење, распоред итн.
Понеделник - среда - петок вежбање на справи и со тегови вторник - четврток - сабота - кардио вежби (на пр. подвижна лента) со тоа што понекогаш саботата е ден за Водно. недела - ден за одмор или лесна прошетка Времетраење во просек е 60-75 минути и тоа сосе паузите, муабетње и пресоблекување, значи реално околу 50 минути. Посе секое вежбање задолжително сурутка за спортисти со малку какао и лажичка малтекс (јачменов слад).
Големо браво за темава.. Мене ме интересира со кој распоред може да се дојде до најдобри резултати..?
Секој со својот план и режим нели Еве го мојот план: Ден 1 раце и гради Ден 2 грб и стомак Ден 3 нозе и задник И си терам така наизменично, и секоја група мускули си има време да се одмори. Кога можам вежбам секој ден, али ретко кога трае тоа така да знам и да рипнам ден-два ништо страшно. Недела евентуално идам водно кога можам. После вежбање обавезно протеински оброк. И тоа е тоа
Јас прво кардио вежби,потоа на справи,па пак кардио ова е мој распоред,инаку или одам секој 2 ден или секој ден некогаш зависи но ова е мојот распоред на вежбање и како што знам правилен е...
Јас кардио не правам кога сум во теретана, оти немам ни што да топам ама за тоа пак надокнадувам со трчање на кеј. За почетници во теретана најдобар е тренинг што се вика кружно вежбање, односно на сите справи по две најмногу три серии, за гради, нозе и грб. Од кога ќе почне да се навикнува телото на вежбите за месец или два може да се почне со поединечно вежбање, еден ден тренинг грб, еден гради еден нозе. За оние што сакаат да топат повеќе може да имаат посебен ден само за одење на лента. Инаку вежби за стомак е препорачливо да се прават на крајот од секој тренинг. И секако најбитно е после тренинг да се внимава што се јаде. Обично добро е да се јаде некоја салата марула, туна пченка, може и пилешко. Ако не осеќате глад доволно е да јадете јаболки. Бананите не се препорачуваат за после тренинг бидејки се калорични и се најдобри да се јадат од сабајле, секако и не смее да се внесува сол, а за сокови леб и благо не ни коментирам.
еј супер е темава , едно браво и од мене сега вака.... немам многу стомаче ,ама сакам да го израмнам целосно а нозете да си ги здебелам малку може некое советче од некој инструктор за некои вежби кои би ми помогнале , ако е нешто од помош ќе почнам со теретана од март па да имам идеја на што да вежбам Фала
Јас одам четири пати неделно во теретана. На почетокот вежбав кружно на сите справи. Сега во Понеделник вежбам нозе. Вторник вежбам гради. Среда одмарам. Четврток вежбам грб. Петок вежбам раце (дигам тегови). И секој пат кога одам во теретана правам по 400 стомачни, на почетокот 10 минути се загревам на точок, и кога ќе завршам со вежбите 20 минути вежбам кардио (на точок или степер)
3-4 kg Почетник сум во дигањето тегови, ама по три вежби правам со теговите. Четири серии по десет повторувања од секоја вежба.
и јас почнав сега на 10ти во теретана и првата недела нормално кружно за сите мускули и сега си направив план 1 ден стомак 2 ден нозе 3 ден грб и гради 4 ден стомак 5 ден нозе 6 раце и рамо + кардио секој деен Диетата полека си ја ставам по контрола,да оздравам до крај и идам јако за до лето за го постигнеме тоа што го сакаме
Стомачните оставај ги за крај. Тие мускули се активираат скоро при секоја вежба. Баш примети кога правиш чучњеви, креваш тегови со рацете, вежбаш грб на справи и скоро во сите вежби и стомачните мускули се затегнуваат. Јас би те советувала стомачните да ги оставиш на крај заедно со кардиото.
Јас ги правам 200 на почеток и 200 на крај Би можела да пробам да ги правам сите на крај, фала за советот
Сите вежби 3x15 1. Ден -Стомак - 2 вежби за стомачи и 3 серии -2 Вежби за глутеус 3 серии -20 мин. кардио 2.Ден-Нозе -15 мин кардио Преса 3x15 Чучњеви 3x15 Преден шутер 3x15 -е ова незнам како се вика со ширење на нозете е. 3x15 3,Ден-Раце -15 мин 5 вежби за раце 3x15 4.Ден ист како 1го пропуштам 5. Комбиниран -20Кардио -бицепс трицепс -заден шутер уште две други за раце 6ден како 1ден треба да е ама ја с + си се шетам низ справите 7ден одмор
Ај некој да ми објасни зошто на почеток се вежба се а потоа по една мускулна група во неделата? Некако малку ми изгледа еднаш неделно да вежбаш нозе на пример Ај плииз просветлете ме
на почеток првите 3-4 дена се вежба се затоа што тоа ти е како за полчеток како загревање и на пример ако тогаш праивш само 3 вежби за нозе на нозе ден правиш по 8-10 вежби.Најубаво е да се вежба секој ден различно ем да се посветиш убаво на една група мускули ем да се одморат до другиот ден.А затоа што викаш еднаш во недела да се падне нозе не е така.Сега зависи како вежбаш и како ќе се погодат деновите.На пр јас по мојот план (горе го имам пишано) оваа денела нозе вежбав 2 пати до сеа вака така секогаш све вежбаш по два пати ептен по некад 3 пати ако се падне ова ако вежбаш секој ден
Имав 68кг а висока сум 163цм.Почнав да одам во теретана и таму го користам само орбитрекот и лентата за трчање по отприлика половина час двете поединечно.За 4 дена имам качено 2 килограми.Прашањето ми е дали се топат масните наслаги со овие справи или само мускулите ќе ги зацврстам.Ве молам помош
За да можеш да ослабеш мора да си во калориски дефицит т.е да согоруваш повеќе калории отколку што внесуваш. Што се однесува до вежбањето кога веќе си платила теретана извади го максимумот од неа односно вежбај и на други справи. Внеси вежби со тежина и комбинирај ги со кардио вежби.