Внимавам и на исхраната,само страв ми беше да не ставам мускулна маса и да не ослабам. Фала за советот
1 ден нозе 2 ден бицепс и гради 3 ден трицепс и грб 4 ден рамо Плус секој ден еден ден стомак еден ден задник, и на крајот од вежбањето кардио.
Јас малку го менував планот за вежбање. Понеделник вежбам гради - покрај справите, вежбам и со тегови Вторник - грб Среда - нози Четврток - раци Петок - стомачни Кардио веќе баталив, не вежбам. Само на почетокот за загревање по 5-10 минути. И редовно си правам грбни и чучњеви.
zdravo na site, sakam da znam koja e idealna godina za odenje vo teretana za devojce, primer dali ako odis nema poveke da rastes
Ден 1: Кардио, гради, стомак. Ден 2: Кардио,грб, стомак. Ден 3: Кардио, нозе, стомак. Ден 4: Кардио, стомак, кардио. Па после пак од почеток
1 ден - нозе и задник 2 ден - раце, грб и кардио 3 ден - стомак, долниот дел на грбот и кардио 4 дена - нозе и задник 5 ден - раце, стомак и кардио Кардио правам на крајот 10-15 мин.
Девојки дали побрзо ке постигнам ефект да го намалам стомакот со секојдневно вежбање стомачни и 30 мин трчење или пак вежбање преку ден .. на пр: првот ден вежби за стомак а второт вежби за нозе и задник ?
Ќе искомбинираш се, и кардио најбитно за топење. Секако храната ќе има најбитна улога, внимавај што ќе внесуваш.
За намалување на стомак само кардио, можеш да трчаш, да скокаш јаже, аеробик, зумба и плус стомачни, инаку само со стомачни нема да постигнеш некој резултат.
Девојки не ми е баш прашањето најсоодветно за тука.. али кажете ми некоја по асална тератана, капиштец или кај универзална и пошто сум почетник, дали покажуваат убаво за справите, вежби и слично
devojki sakam da oslabam vo stomakot i nozete najvekje ke pocnam od utre vo teretana dali moze da mi kazete nesto povekje kako i sto?
Моментално во теретана се фокусирам на кардио,трчам околу 50-60 мин на лента,на орбитек некогаш 20 мин или некогаш 40 мин односно две серии,и на степер 10 мин.многу ретко или понекогаш на точак околу 10 мин колку да направам пауза.Одам исто и на аеробик.Гледам понеделник среда петок аеробик а вторник и четврток кардио.Викенд пауза.Практикувам најмалце 4 пати неделно да одам,ако имам некои обврски пропуштам некој ден.Вака ми е планот додека не го симнам вишокот на килограми а потоа планирам да вежбам на справи за зацврстување на тело.
Здраво. И јас го имав тој проблем. Прво, немој да се лажеш со диети глупости е тоа.. Второ и најбитно треба да имаш голема желба ... Зависи во која теретана планираш, таму би требало да ти покажат како работат справите и слично. Ама еве во случај да не ти кажат, почни една недела да ги вежбаш сите мускулни групи без многу напрегање за да не добиеш воспаление.. После почни си на ден 1 или 2 мускулни групи најчесто две, освен нозе тие се вежбаат 1-2 пати неделно. Ако ти смета вишокот кг обавезно е и кардио 2-3 пати неделно. Ама верувај теговите многу повеќе помагаат ако ти треба нешто повеќе пиши ми порака.
Супер тема Феминки, ја гледам дури сега, а веќе стана една од моите омилени на форумов. Понеделник - грб и трицепс Вторник - нозе и задник Среда - стомачни и кардио Четврток - гради, рамо и бицепс Петок - нозе и задник Сабота - стомачни и кардио Недела - одмор + секој ден точак и орбитрек. Си вежбам и со тегови и да не се лажеме, ако девојка крева тегови нема преку ноќ да стане бодибилдер! Затоа жени вежбајте и со тегови, јас вежбам со максимум 15-20кг, напротив, телото ќе ви изгледа супер, а во теретана не е само орбитрекот и лентата за трчање справа за девојки, сите се. You can make excuses or you can make changes, you decide
Дали план за вежбање во теретана ти даваат инструкторите? Утре почнувам со вежбање во теретана за прв пат (до сега сум одела на пилатес и аеробик) . Не сакам да ослабам нити имам нешто многу за топење. Повеќе ми е за да ги зајкнам мускулите особено на грбот бидејки сум цел ден на компјутер и да оформам задник...
Боо девојки колкусакан да почнам втеретана да одам ама од една страна ми е срам а многу сакамм.. Инаку не сум баш дебелка ама имам меше и средно деколте..Не сакам сега втеретана ко ке почнам да ми се намалат градите .. Ај совети како да се пресрамам..
1. ден кардио 10 мин, заден шут, грб преден дел, растегнување на рамо, растегнување гради на коса трака, преса. 2. ден кардио 10 мин, стомачни, странични стомачни, дигање шипка со стомак со горните стомачни, влечење тежина со долните стомачни, вртење шипка, десен и лев шут. 3. ден кардио 10 мин, исчекор со тегови, исчекор со шипка, чучњеви, подигање шипка, влечење тежина со задниот дел, влечење тежина со зглобовите, преса - туркање со нозе. 4.кардио 10 мин, грб заден дел, развлекување гради на права трака со тегови, па со шипка, бицепс, сурфање со шипка. 5.степери, скок во висина и остатокот од денот и викендот сум free оти сум инструктор и обожавам да помагам па макар цел викенд 24/7 ќе седам и паузи за цигари после кардио нема! Зелен чај само . @black_lover како тоа ќе ти се намалат градите? Баш напротив ќе ги зацврстиш и ќе изгледаат дигнато и поубаво, нема што да се срамиш таму одат жени од 14 до 70 не се избира мис универзум туку секој со маката и со вољата, ич да не му ја мислиш нема нешто поубаво и за психата и за телото барем според мене. @nadelinka Да, во зависност дали си почетник или си вежбала досега и со каков интезитет, исто така план за исхрана во склоп на твојата висина и тежина. едит: не ги правам истите вежби за стомачни, половина и задник секоја недела , си легнувам на два душеци и останувам таму едно час и пол. Да се разбие монотонијата а и нели треба да се предизвикуваме самите себе.
Нова сум и ќе почнам за ден два во теретана Дали секој ден вежбате на секоја справа или секој ден на различна? Сакам да стргнам гради, стомак и грб. И по колку време вежбате дневно