План за вежбање во теретана

Дискусија во 'Фитнес' започната од abcde, 16 јануари 2015.

  1. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.474
    2 недели fullbody
    Секој ден различни вежби на различни машини, справи. Од мое искуство, фокусирајсе повеќе на шипки и на еднорачни тегови.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  2. R.i.n.a1

    R.i.n.a1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Јас почнав од пред 3 дена и автоматски самото тело ми бара вежбање и на други справи, значи на различни справи секој ден пробувам по некоја вежба, ама ги вежбав рацете со тег изгледа премногу беше па ме болат сега мускулите во рамената, дали да ги одморам некој ден рацете да не вежбам за раце или што да направам?
     
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Па да.
    Не е поентата само да менуваш справи или движења.
    Секој ден треба да се тренира различна мускулна група/и, за онаа од претходниот ден да се одмори.
    Ако тренингот вклучува вежби за цело тело (full body workouts), убаво е да има еден ден пауза измеѓу тренинзи.
     
    На R.i.n.a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.236
    Допаѓања:
    21.182
    Пол:
    Машки
    Почетници обавезно пред да почните да вежбате со тегови или справи, убаво загрејте се со динамично истегнување на цело тело. Првите 2-3 недели пробајте да ги проучите вежбите и справите сите искористете ги и со тек на време гледајте што е можно повеќе да вежбате со тегови и шипка, оти справите на некој начин ви ги лимитираат колку може мускули да се искористат за таа вежба.. шо за мене е на некој начин минус.


    Еве грубо вака да ви кажам доколку одите со вежби грб- бицепс, гради- трицепс.


    2 compound вежби и 3 или 4 isolation... од ден.
     
    На R.i.n.a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Целта на сите изолациски вежби, без разлика дали се со слободни тежини или машини, имаат цел да го концентрираат напорот на одредена мускулна група...
     
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.236
    Допаѓања:
    21.182
    Пол:
    Машки
    да ама повеќе се гради и вежа стабилноста со рачни тегови да речиме или шипка отколку машина, или па ја ептен ги хејтам машините. многу ретко ги користев додека одев теретана.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. R.i.n.a1

    R.i.n.a1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Па машините нели се за топење сало? Тоа е најпрво што ќе е подобро да се среди пред да се оди на вежби со тегови, јас сакам да вежбам на справи и на лента за трчање само за губење тежина. Инаку и јас откако ќе завршам со губење килограми што ми е прва цел ќе сакам да преминам повеќе на тегови, само сакам рекордот да го соборам на тие справи што се како точак и скали подвижни ми се такви справи за да го видам рекордот колку што ќе успеам, така си се забавувам јас во теретана дури вежбам. :wasntme:
     
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Машини не се нарекуваат само кардио реквизитите како што се точак, лента и степер.
    Старк зборува за сите справи надвор од шипки и тегови.
    На пример, справите кои имаат сајли често се нарекуваат и машини (има многу различни справи/машини).

    Btw, кардио тренинг + тежински тренинзи многу побрзо може да доведат до "топење сало".
     
    На Stark и R.i.n.a1 им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.236
    Допаѓања:
    21.182
    Пол:
    Машки
    Да тедополнам да бара HIIT cardio, најефективно е според мене.
     
  10. ItSMeYoUrGuRl

    ItSMeYoUrGuRl Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Како го организирате вежбањето во теретана?
    Како одредвате кој ден што треба да се вежба?
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Или седнуваш читаш/гледаш видеа/истражиш малку за себе па си направиш план што ти одговара.
    Или на гугл си најдеш некој рандом бесплатен план.
    Или некој/а другар/ка што оди подолго ќе ти го каже планот па ќе ископираш нечиј план.
    Или ќе си платиш тренер да ти направи персонализиран план.
     
  12. user19492

    user19492 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Од следната недела почнувам во теретана. И скроз сум нова во овој свет. Па истражував доста... Мојата цел е да намалам некое килце, тоа некое килце е некои 10 хахахах ии да ги затегнам мускулите. Сега сакам да ми кажете дали си направив добар план. Пример првата недела две да правам full body workouts за да го спремам телото и после да почнам одделно. 2 дена од неделата за горниот дел (грб, цели раце, гради) и 2 пати од неделата долниот дел од телото. На почеток од секој тренинг да правам кардио нели за да стопам нешо, воедно и како загревање. Само да ми препорачате барем колку долго да правам кардио? И после кардиото нешто ситно пленк, стомачни ова она за стомачето бидејки посекако се работи на стомачните.
     
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Навистина не сакам да ти го расипувам филмот, ама имаш само 14 години.
    Освен аеробен тренинг, не би ти препорачал ништо друго без надзор на тренер.
    Прво, се чудам дали и која теретана би те пуштила да се зачлениш на 14 без родител, или без тренер.
    Поентата е што би требало многу да се внимава на изведувањето на вежбите како и големината на тежините бидејќи си се уште во развој.
    Од друга страна, ако планираш само да трчаш, да правиш стомачни, и да вежбаш со тегови од 1 кило, тоа можеш да го правиш и дома.

    Значи, не е проблем одењето во теретана.
    Работата е што тренинзите за лица на твоја возраст се многу, многу поразлични.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    конечно ќе почнувам во теретана
    вежби знам само за по дома и досега само фул боди вежбав
    помош и совети?
    као да почнам? од која вежба
    ко изгубена ќе сум
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Колку пати неделно ќе вежбаш?
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Ако си почетник или немаш вежбано подолг период, моја препорака е да почнеш споро. 2-3 пати неделно, не повеќе од тоа. Прави најобични вежби без тежини првите 2-3 недели. Од прилика некои 8 вежби по 2 до 3 серии, никако повеќе од ова. Чучњеви, исчекор нанапред, планк од лакти ако можеш, push-ups од колена, качување на кутија (ако има) и слично. Побарај на интернет едноставни body weight вежби. Најбитното уште од самиот старт е да имаш правилна форма. Сите овие вежби со правилна форма горат буквално. Јас вежбав сама долг период пред да решам да почнам со тренер и за мене тоа беше game changer, сфатив колку многу работи правев неправилно, па од таму и го споделувам ова.
     
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.474
    Зошто да тренира без тежина ?
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Ако си почетник без добра форма, тоа е првото нешто што мора да го средиш па после да додаваш тежина. Бидејќи ако јадрото ти е слабо и не знаеш на која страна тераш, можеш само повреди да си направиш. Затоа, или со тренер да те види и назначи рутина, или пак самата прво на core strength и баланс ќе се фокусираш па ќе додаваш на тоа.
     
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Зашо некој би плаќал теретана ако оди да вежба со сопствена тежина?

    Одење у теретана не значи дека некој ќе дога 150 кг.
    Тоа што стоиме и се движиме без да паднеме како сварена шпагета е доволен "core strength" за да се вежба со тежини.

    И тег од 2-3-5 кг е тежина. И 5-10 кг на справа се тежина.
    Се почнува од онолку колку што дозволува телото, и си напредува со тежини.

    По логиката дека е потребно "зацврстување на јадрото" за да се почне со тег од 3 кг, испаѓа дека не можеме или не треба од продавница до дома да носиме ќеса со јогурт, млеко и кисела вода = 3,5 кг.

    BTW како ќе вежбаш форма со сопствена тежина не сфаќам. Пример дедлифт, back rows, biceps curls, било шо од гради, и така натаму?
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Абе, ти прави како што самиот мислиш дека треба. (fingers)