План за вежбање во теретана

Дискусија во 'Фитнес' започната од abcde, 16 јануари 2015.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.236
    Допаѓања:
    21.183
    Пол:
    Машки
    На почеток правилно научи вежбите како се прават, макар и само со шипка да вежбаш па со тек на време наголемувај тежина. Јас ако би правел план за в теретана, првите 2-3 недели би вежбал цело тело по 3 пати неделно. Значи изучувај ги вежбите гледај која за шо е справа, пробувај шо ти одговара најмногу, не секоја форма одговара на секого, пошо секој е различен, еве пример јас имам high arch стапала и подолги нозе, squat не ми е исто како кај другите итн. Испитувај се себе си, учи од јутуб видеа клипчина и после тек че сфатиш како функционираат справите и че се одлучиш веројатно хипертрофичен тренинг да правиш по 12-13 повторувања со полесни тежини и че вежбаш, гради + трицепс + предно рамо, грб + бицепс + задно рамо, нозе. Со среќа. :)
     
    На Ajronmen и sj *O* им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Како сфати дека си вежбала неправилно?
    Немаше резултати, повреди имаше некои или?

    Нормално дека едно е сами дома да вежбаме, а друго со професионален тренер и во теретана со фул опрема ама сега ме замисли дали и ја можеби грешам. :|

    Се тешам дека ниту сум се повредила, истегнална некој мускул или исчашила нешто, а резултати има колку што е можно за вo домашни услови и во согласност со тоа како се хранам.

    Дека би можело подобро, знам дека така е, а не го давам максимумот од себе, моментално ми е ок вака и не се форсирам.

    Инаку убаво вика Ајронмен, штом веќе се решиш на теретана, греота е да не користиш тежини, справи, машини и останата опрема, а баш мислам дека @Feminka22 сака да изгради мускули и да зајакне, цело време се жали дека е слаба многу и сака да стаи некое килце ама на здрав начин.
    Така да, без тежински тренинг и убава исхрана тешко да го постигне тоа.
     
    На Feminka22 и SV1911 им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Па да. Обично така правам и за себе и за клиентите.

    Не те цитирав за да те убедувам.
    Те цитирав за коа ќе земе да ја чита темата некој шо се интересира, да не се зезне и да не си прави нови митови околу вежбањето.
     
    Последна измена: 15 декември 2023
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.474
    Тежината не е секогаш фактор за лоша изведба на вежбите. Можи и без тежина да прави лоша изведба на вежбите. Бројката на тежината не е толку битна колку што е битен бројот на поврорувања и бројот на серии во тренингот. Се клава тежина со која што од 12-15 повторувања не ќе можи повеќе да крени. Дали ќе бидат 3,5 50кг не е битно.
    Најчесто почетниците се здобиваат со воспаление на мускулуте поради висок волумен (повторувања) во серија пошто прават по 20 повторувања во серијата. Подобро е да се стави тежина и да се намали повторувањето до одреден степен. Е за тука како што спомна ќе треба тренер.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Многу причини како на пример: да се мотивира, да научи од другите, да стекне навика за вежбање бидејќи тука плаќа и факт е дека кога плаќаш за сервис ќе сакаш да го искористиш за да не ти пропаднат парите.

    Ти може да носиш многу потешки работи секојдневно, како на пример, детето да ти е во раце цело време, поголем товар, физичка работа меѓу неколку но тоа не значи дека под дифолт формата на телото ти е правилна и цврста. Да беше така, немаше да има толку многу млади луѓе кои што се жалат на болки во грбот поради овие причини.

    Исто, себе си ќе се дадам за пример тука. На 22 години бев во најлошата форма во мојот живот. Можев дефинитивно да одам во шопинг и да се товарам со кеси, ама не можев на физиотерапија да се одтурнам од ѕидот.

    Пак ќе кажам, многу зависи од самиот човек. Погоре го пишав мојот пример. Мислиш дека во таа ситуација би било паметно да додавав тежини кога едвај можев својата тежина да ја издржам при изведување на вежбите? И за референца, тогаш имав 176 цм и 58 кг, така да дебелината не беше проблемот, туку имаше други причини зошто бев во таква лоша форма.

    Немав резултати, точно. Имав зголемена тежина периодот и вежбав по саат време речиси секојдневно во текот на година дена, со некои пократки паузи помеѓу. Користев тежини, машини, вежби со отпор, кардио на лента на крај на тренинг, стомачни – буквално се што слушнав дека треба да се прави. Исхраната секогаш ми била горе-доле балансирана.

    После тоа кога се вратив во Македонија, решив да пробам со фитнес тренер и увидов дека многу вежби не ги правев како што треба порано. Формата ми беше неправилна на многу од нив, но исто така многу ми помагаше првиот период некој да ме гледа додека вежбам и да ми каже што треба да поправам бидејќи формата ми опаѓаше со секое повторување на одредени вежби. Немав некои посериозни повреди и кога вежбав самата, ама резултати не беа тоа. Тоа пак не значи дека под дифолт кај сите е така, можеби ти вежбаш супер сама и имаш одлична форма. Ова е само мое искуство.

    Ова ми е поентата. Ако некој е почетник, без знаење што и како се прави правилно зарем не е најдобро да се научи како да го прави тоа и после да додава на тежина?

    Моите искуства до сега ме научиле да си го чувам телото и да бидам трпелива. Посебно кога пишувам искуства на социјалните мрежи, или пак форумов, каде што доста луѓе читаат. Никогаш не знаеш точно кој во каква форма е, дали има проблеми од порано, дали може телото да си го држи правилно на вежби како планк и слично кои бараат концентрација, баланс и сила во јадрото.

    Јас плаќам приватен тренер, добивам совети од неа, гледам резултати кај себе. Тоа би го препорачала на сите што може да си го дозволат, бидејќи само после муабет во живо тренерот ќе знае што и како треба да прави. Сите сме многу индивидуални, затоа советите тука се зимаат со трошка сол.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.091
    Допаѓања:
    174.102
    Пол:
    Женски
    Ако не си била во теретана претходно, во смисла ако не се снаоѓаш со справите, дури и да е малку поскапо, барем 1 недела јас би платила тренер. Ќе ти напрај програма шо ти одговара + поважното е шо ќе те надгледва и научи правило да работиш справите. Најважно од се е точно да се поставиш и точно да вежбаш. Во најмала рака земи пријател кој знај да ти покажи и укради програма онлајн, ама ако имаш можност - тренер. Во никој случај сама да не се пробваш без да знајш како точно да се наместиш и вежбаш.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Форма на држење на телото и форма на изведување на вежби се две различни работи.
    Или збориме за едното или за другото.

    И да, сосема нормално е да не можеш да се оттурнеш од ѕид.
    Бидејќи ако си имала 55 кг, со оттурнувањето од ѕид требало да бутнеш околу 20тина килограми од својата тежина.
    Додека за да ги вежбаш истите мускули на рамна клупа ќе ти се потребни и доволни две тегчиња од 2-3 килограми за почеток.

    Плус, физикална ≠ фитнес.
     
    На Munchmallow20 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    22.680
    Од мое скромно искуство :D форма без тежина за неискусни се испробува кај сложените (compound) вежби од типот чуч и исчекор. Прво научи се да ја поставиш кичмата и колената правилно. Ама и тука мала тежина не е страшно фала богу.
    Ама кај вежби за помалку и помали мускули, особено за раце, без тежина е многу празно. Пример при side raises мора со тежината да осетиш да контролираш да дигнеш до горе, макар и еднаш правилно место да креваш со моментум. Кило, кило. Ама без тоа кило нема да научиш.
    Оти рацете сите можеме да ги кренеме на страна ама така нит mind muscle connection ќе осетиш нит воопшто мала стимулација на рамото.
    А core strength сите имаме за од тоа едно кило да почнеме
     
    Последна измена: 16 декември 2023
    На AAKG и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Dude, ти мене ме заебаваш или ќе го тупиме со муабетов до задутре?

    Значи, ти викам, има разни луѓе, разни тела, разни потреби. Да беше толку профи тренер, ќе знаеше за ова бидејќи муабетов за core strength ми е од тренер која работи со разни луѓе и има 20 години искуство. Ама небитно, ти терај си со твои клиенти како сакаш.

    Башка, не може да збориш дека некој кој имал потреба од физикална терапија можел да крева тежина во истиот период бидејќи еве јас не можев, морав прво со сопствената тежина да работам за да можам правилно да си го држам телото при вежбање.
     
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Никој не ти збори за тебе лично.
    И никој не ти соли памет што треба да вежбаш и како.

    Како што рече, сите тела се различни. Еве ти си одела на физикална и си имаш твоја приказна и услови.
    А една страна претходно твоето искуство го претстави како објективен пристап кон вежбањето.
    Не е.

    Всушност прилично крајно субјективен е.

    Ги цитирам работите кои друг, не ти, нема потреба да ги прави.

    Ок?
     
    Последна измена: 16 декември 2023
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Дечки се снајдов супер фала