1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

План за слабеење - дома

Дискусија во 'Фитнес' започната од Angela_115, 15 април 2019.

  1. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Веќе долго време пробувам да ослабам. Секој месец нови диети и вежби, а ништо до сега не ми успеало. Само ми де враќаат килограмите а веќе се срамам од самата. Што се не пробав и не прочитав. Ве молам поискусните напишете како сте успеале, вежби и кардио што ги практикувате низ дома за слабеење, исхрана итн. Потешкотии имам со одредувањето на кои вежби во кој ден, кој ден што да се јаде...Однапред ви благодарам.
     
  2. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Здраво! Многу ми е жал што чувстуваш како да треба да се срамиш од самата себеси. Правилно губење на непотреба тежина е долг процес, и не секогаш резултира со она што сакаме да го видиме, но никогаш немој да се срамиш од самата себеси. Потсети се дека на крајот од денот, сепак, во дадени моменти, си успеала да ги симнеш тие непосакувани килограми што значи дека си била сепак до некој степен истрајна. Сега само треба да го најдеш вистинскиот метод кој ќе ти помогне тие резултати да бидат долготрајни.
    Но ниту една диета ни вежбање нема да ти помогне да ослабеш и да останеш на таа килажа ако не ги практикуваш здравиот начин на исхрана и континуирана физичка активност во текот на животот. Можеби тоа е она што предизвикало да ги вратиш килограмите?
    Јас лично би ти ја препорачала УН диетата. Сигурно си слушнала за неа а можеби и дури си ја пробала. Јас, и неколку мои другарки имавме навистина позитивно искуство со истата. Диетата реално те учи на здрави навики за исхрана (пример, комбинирање салата со протеини, избегнување комбинација протеини и јаглехидрати, избегнување брза храна и грицки, секојдневно појадување (иако мене појадокот само со овошје лично не ми се допаѓа затоа што преферирам појадок кој може да ме засити за подолго време, како што е овесна каша, омлет, протеински шејк во комбинација со уште нешто итн., иако додека бев на диетата го почитував дадениот појадок со две овошки на ден) и др.) Освен тоа, диетата има доста опции за јадење, не е скапа, и не бара некои специфични производи да бидат купувани. Јас ја држев пред неколку години така што не се сеќавам на килограмите, но една од другарките ја држеше пред некое време и можам да ти кажам дека за 2 месеци ослабе 12 кила со тоа што диетата ја комбинираше со редовно вежбање, три пати неделно.
    Освен тоа мора да земеш предвид дека вежбање е битно. Има мал милион апликации за телефон, видеа на јутуб, и вежби на интернет кои може да ги искористиш. Јас на пример, доста успех постигнав за губење на тежина и затегнување на телото со 30 Days Fitness Challеnge апликацијата. Си имав симнато и апликација за чучњеви затоа што сакав да го затегнам задникот и нозете, и навистина приметував промени. Еве времето е веќе убаво, па можеби би можела да трчаш што исто така е многу добра навика за одржување на здравјето и слабеење?
    Би можела уште многу работи да ти кажам, но засега ќе споделам само уште неколку линкови кои мислам дека би ги нашла корисни и би ти го кажала следново - НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ! Не се срами од себеси, дај 100% од себе и потсетувај се секојдневно зошто си почнала да го правиш она што го правиш сега. А ако си загрижена, секогаш постои лекар и неколку тестови што можеш да ги направиш за да утврдиш дека се е океј и дека можеби воопшто не било до тебе што искусуваш потешкотии при слабеење и задржување на саканата килажа. Ти посакувам убав ден!

    https://www.healthline.com/nutrition/26-evidence-based-weight-loss-tips
    https://www.healthline.com/nutrition/weight-loss-drinks#section3
    https://www.self.com/gallery/25-ways-to-get-fit-if-you-dont-have-a-gym-membership
     
    На Lanadelreyyyyyyy, lovestoneddd и Angela_115 им се допаѓа ова.
  3. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу на одвоеното време и советите. Ќе ја пробам и таа диета. Во право си, не вежбав активно, само тој месец додека држев диета и потоа ништо. Така и заостанав. Сега сум крајно решена да се променам, па ќе видиме резултати. Ти благодарам уште еднаш.❤️
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Убаво има објаснето членката од погоре.
    Јас само би додала дека дури и не ти е потребно ограничување од тип на диети.
    Само воспостави си еден убав ред за внесување на храна, 3 оброка дневно да ти се точно утврдени временски, вечера после 7 НЕ, елиминирај леб, благо и газирано, пиј многу вода и вежбање во фитнес центар да потенцирам,секојдневно и резултат мора да има. Нема да ја имаш таа ментална стега што самата диета ја носи со себе.
    Нема ни да сетиш дека си под некаков нов режим на исхрана, телото многу брзо ќе ти се адаптира како и метаболизмот.
    Среќно.
     
    На Miki_mat3, Angela_115 и SwanMay им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    А како да се справиш со кризата за благо кога ќе те фати??

    Три дена ке издржам да бидам под режим а четвртиот ден излагам од колосек.:(
     
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Па не ти се јаде веројатно секој ден благо. Постојат милион производи сега, интегрални, ниско калорични благца кои се неверојатна замена. И ред два да каснеш право чоколадо, еднаш или два пати неделно не е страшно.
    Верувај дека ќе се навикнеш.
    Јас скоро 2 недели сум вака, секојдневно вежбање ( освен денес пошто се успав :D) и многу вода, и минус 2 кила сум. Немам мн за губење, после некое време ќе појачам исхрана а со вежбањето ќе продолжам.
    Никакво фајде од диети, само добар тек на исхраната и физичка активност.
     
    На Tan4ence, SwanMay и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Браво, алал нека тие..мене ме мава депресија и јадам како скината..еве сега јадев брусница и суво грозје..мислам дека пред да се почне со било каква диета треба човек да е и психички спремен, истраен и..уффф незнам веќе...но изгледа пак на херба лајф ке се вратам;(
     
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не бре бабо. Каков Хербалајф.
    Нормално дека треба да си психички спремен, сепак и храната е вид на зависност. Можеби првата недела дена е кризна, пошто шок за организмот, бар за мене, навикнат секој ден на месишта и тесто, ни капка вода буквално, благо не јадам секако многу, и одеднаш воспоставуваш здрава исхрана и го учиш телото на нешто ново.
    Али после тие неколку дена, ќе осетиш разлика. Се осеќаш почисто одвнатре, лесно и енергично. И цепаш даље :)
     
    На baba Rada и Animali им се допаѓа ова.
  9. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Супер е 1 недела и после си викам абе ајде една коцка уште една уште една и цело чоколадого нема. Друг ден грицки. И така нонстоп. Повторно ќе се обидам си викам ќе биди овај пат пошто стварно ми се смачи од се. И мотото „за тебе си е се“. Фала девојки :)
     
    На lovestoneddd и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Angela_115 За стекнување здрави навики, за да не му направиш шок на организамот, почни чекор по чекор. Не мора се одеднаш :)
     
    На Avery, baba Rada и Angela_115 им се допаѓа ова.
  11. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    За веќе две години има некоја разлика. Овие ми се тешки последните 6-7 килца да ги скинам.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Angela_115 Не се откажувај, ситно броиш. И не се оптеретувај многу со бројката, води си сметка и се ќе си дојде на свое место :)
     
    На Angela_115 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    А некој план за дома кој ден што да се вежба по колку сета? Не сум во можност сега со теретани да се занимавам.
     
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    И јас како тебе тешко слабеам, лесно се дебелеам ама ако се запнеш, можеш. Полани многу се поправив, ептен ми се познаваше:tmi:. После се решив да слабеам. Исхрана сменив така што намалив благото, брза храна на минимум, веќе многу ретко јадам тоа. Не грицкам измеѓу оброци и не јадам многу касно навечер. Исто и лебот го одвикнав.Временски не можам да ги планирам баш оброците ради обврски, ама барем пазам што јадам.
    Друго скоро сѐ јадам, секако ограничено колку што треба.
    За вежби, дома вежбам преку јутуб видеа, апликации итн.
    Додуша имав паузирано некое време, ама од некни пак почнав на истиов начин. А имам уште многу, можда не за слабеење, ама дефинитивно општо, да се оформам.
    И не знам колку имаш за губење, ама ако не е многу, не се води толку според килограмите. Јас видно ослабев, а едвај едно кило симнав. Дури сум имала помалку кг, а покрупна сум била.
    Со среќа:D
     
    На Ctete, lovestoneddd и Angela_115 им се допаѓа ова.
  15. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Фалаа. Ако биде овај пат ќе сум пресреќна.Ќе запнам сега и со вежби и со исхрана. Таман мотивирана за на лето :D
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Angela_115 На Јутјуб има милион туторијали за вежбање по дома, општо вежби, вежби без справи, разгледај и најди си ги соодветните за тебе, кои најмногу ти одговараат.

    Јас пр. вежбам дома 6 дена во недела, по 70 или 100 минути дневно, зависи. Трчам по скали 2 серии по 20 минути, а останатите се тежински вежби. Но, не мора секој ден, можеш 3-4 дена да вежбаш и доволни ти се за почеток по 45 минути, за да го навикнеш телото. После ќе ти биде супер.
    Важно на вежбањето не гледај како казна, туку како терапија за опуштање. Плус, пушти си ја омилената музика и времето ќе ти летне :D Можеш да вклучиш и танцување, пр. зумба и сл. :)
     
    На Ctete, baba Rada, Angela_115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Оххх ова ми е само мотивација плус. Стварно ми помагат разговорите. Знам дека не сум сама која се соочила, а има и многу кои успеале. Се надевам ќе ви се придружам. <3
     
    На Animali и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Уште неколку прашања имам. Какво искуство имате со целулит, дали ви се појавило вишок кожа, стрии?
     
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Една недела веќе како смислувам режим за дома, никако да почнам. Убава е УН диетата но јас дојам и навистина наутро сум ко волк гладна. Не можам да издржам.со овошје. Па си велам да јадама наутро житарки, мусли па до ручекот некое овошје, ручек што имам со мнооогу салата и без леб вечера нешто мн малку или јаболко нешто. Еднаш ослабев скоро десет кг со ваков сличен малку построг режим. За вежби немамвреме, цел ден на фитнес трчајќи по децава:). Лето иде,мора малку строго.
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    Во право е @Animali, немојте се одеднаш. До вчера не сте имале никаква физичка активност и сте јаделе нездрава храна, премногу голема промена е да се пресече од нареден ден да се вежба, да се промени исхрана, да се пијат вода и чаеви...Затоа и мотивацијата за кратко време опаѓа.
    За една нова навика да се усвои и да стане рутина, мора да се придржува до неа барем 3 недели. Што значи, прво воведувате една работа, на пр. режим на исхрана. Почнете постепено со исфрлање на намирници, по 3 недели почнете режим. По 3 недели почнете со пешачење, по нив воведете лесни вежби и така натаму. Ако сте пиеле 2 чаши вода на ден, прво зголемете на 3 чаши, а не веднаш на 2 литра.
    Може ви делува како многу долготраен процес, но вака ќе изградите здрави навики кои ќе постанат рутина и ќе ви го променат начинот на исхрана, а и целиот живот. А и помала е ветојатноста да се вратите на старо.
     
    На baba Rada, Nausicaa, Angela_115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.