1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

План за слабеење - дома

Дискусија во 'Фитнес' започната од Angela_115, 15 април 2019.

  1. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Јас по сестра ми трчам хаха. Режимот ни е сличен. Секоја чест сепак.
     
  2. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Ете тука ми е грешката. Се наеднаш и после зошто нема резултат. Фала ти. :)
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    21.184
    Не знам какви диети имаш пробано до сега, но бидејќи велиш дека повторно ги враќаш килограмите, тоа значи дека веројатно не го правиш правилниот избор на храна. Не биди на диета, туку почни да прифаќаш и применуваш здрава исхрана, со тоа што напочетокот одреден период, ќе бидеш во дефицит на калории за да ослабиш. Откако ќе ослабиш, ќе продолжиш со истиот начин на исхранување, само ќе зголемиш малку количински. И тоа ќе ти остане за цел живот. Ем мали се шансите дека ќе имаш проблеми со килограми, ем ќе си бидеш поздрава.

    Што подразбира правилен начин на исхрана? Во најкратки црти, што е можно помалце процесирана храна, што е можно повеќе готвена. Што е можно помалце пржена храна, што е можно повеќе свежа или варена. Што е можно повеќе зеленчук, свеж и варен. Најмалку со еден оброк, јади свеж зеленчук. По можност и со два. Повеќе мешунки, зрна и семки, не само што повеќето имаат многу протеини, а малку масти, туку потребни ти се влакна. Месо, варено и печено и добро одбрано, во помали количини, доволно ти се 100-150 грама во оброк. Овошјето е секако добро и здраво, но умерено, не е поентата за ужина да изедеш 3 портокали! Без разлика што е природен шеќер, сепак е шеќер и нема потреба бесконечен внес на истиот. Поготово не навечер.
    Ако вежбаш, јас би ти препорачала дневниот внес на калории да ти биде 1800.

    Друго, постои една општа шема на нутритивни вредности во оброци што според мене е најдобра и најбалансирана. Односно, појадокот и вечерата нека ти бидат комбинација на се', и протеини и јаглехидрати (секако со акцент на протеините), а вечерата нека ти биде без јаглехидрати. Што значи тоа? Навечер, комбинирај свеж зеленук (марула, рукола, ротквица, пиперка, итн) со протеин (јајце, туна, црвен грав, нискомалени млечни производи како урда и моцарела).

    Трето, мразам да го дрвам она истото што и малите деца го знаат, ама засекогаш исфрли отрови како паштета, салама, виршли, зденка, мајонез и слична "храна" која може само да ти наштети. Тоа г***о не ти треба. Поентата на правењето правилен избор на исхрана е, на пример: помеѓу тонус и бел леб, кој леб ќе го избереш? Помеѓу мајонез и хумус, кој намаз ќе го избереш?

    Па обично за почетници велат, прв ден фокус на горен дел, втор ден фокус на долен дел, трет ден фокус на кардио. И така во круг. Обично на почеток се оди со 3 серии по 15 пати од вежба со 30 секунди пауза помеѓу. Бидејќи дома планираш и нема да имаш тежина, би рекла вака најмалку 3 месеци. Не би било лошо ако денот за кардио излезеш да возиш точак, на пример.

    Целулитот исклучиво би се намалил со вежбање. Сепак тоа се наталожени масти. Истото важи и со вишок кожа. Биди трпелива, со тек на време ќе се намали. За стриите не сум баш најсигурна, реално тоа е оштетена кожа, не знам дали има враќање назад. НО! Можеш да го промениш ставот кон стриите, реално не се ништо страшни, само треба да ги прифатиш дека ги имаш како и секоја друга жена.

    А зошто толку многу и толку често ставате фокус на овошјето? Овошје да, но едно до две парчиња на ден, сосема е доволно. Стави фокус на зелечук. И свеж и варен и обарен и грилуван. Зеленчукот е поважен од овошјето. Комбинирај го со мевце, со мешунки, со зрна, со нискомаслени млечни производи.
    Мој предлог, наутро наместо мусли (поготово оние во кутија со се' и сешто), свари си овес и искомбинирај го со банана или лажица мед. До ручек, доволно шеќер е тоа, подобро изеди една краставица. Ручекот искористи го за најразновидна храна: комбинирај ориз со малку мевце и варен зеленчук и секако салата, некоја мешунка (грав ли е, леќа ли е, боранија ли е) со малку мевце и секако салата, итн. До вечерата максимум уште едно парче овошје или јаткасти плодови, а за вечера мноооогу салата со варено јајце или туна или урда. Не мора нешто малку или јаболко нешто за вечера. Напротив. Немој јаболка, туку свеж зеленчук со парче протеин кој нема јаглехидрати. Овошје во текот на денот и тоа по парче-две.
     
    На vectra20, Tan4ence, lilo и 5 други им се допаѓа ова.
  4. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    @MissChievous имам бебе од 4 месеца и внимавам уште на некои храни. А со задоволство би се накркала гравче и јаткасти плодови. Не дека многу фокус ставам на овошје туку поарно јаболко отколку чоколада. Ми се допаѓа ова навечер протеини што пиша. Секогаш сум мислеладека наутро треба.
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    21.184
    Да не ме сфатиш грешно, не велам дека овошјето е лошо, тоа во никој случај. Само кажувам дека повеќе фокус треба да се стави на зеленчукот.
    Да не ме сфатиш грешно и за протеините, треба да се внесуваат во текот на целиот ден, не само навечер. Она што го спомнав со вечерата е дека навечер треба да се изостават јаглехидрати.
    Исто така, да не ме сфатиш грешно за остатокот од храната. Не е поентата да изедеш само гравче. Туку да искомбинираш. На пример, чинија грав со парче месо и сад салата. Според мене, во појадокот и ручекот не треба да се изоставуваат ниту протеини ниту јаглехидрати, туку треба да се искомбинираат и избалансираат.
     
    На vectra20 и supergirlmb им се допаѓа ова.
  6. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Да си ги запишам работите :). Фала ти и тебе премногу. Уште нешто само, за манџите. Компир манџа, пилешка чорба, спанаќ, боранија итн. Секако има и нешто печенко комбинирано со ориз пире... Дали е подобро да се конзумираат манџи, мајка ми секогаш вика дека тие се најздрави, а се си мислам премногу калории имаат, иако не јадам многу количински.
     
    На vectra20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Дали нудли дебелаат?
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Колку нудли.. Една, десет, сто...колку грама...???
    Ко од ракав вадите безвезе прашања(facepalm)
     
  9. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Па се знае како се јаде нудли ;) две пакетчиња ако незнаеш прескокни го прашањето а не тука да кажуваш кој какви прашања поставува
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    21.184
    Ама во право е. Многу е важно колку количински. Колку често би ги конзумирала? Какви се останати оброци во текот на денот?
    Самите по себе, не се ништо посебни, језда се понекалорични од шпагети и макарони. Можеш да ги комбинираш со зеленчуци, барем да внесеш нешто нутритивно во оброкот. Не би ти ги препорачала за вечера, бидејќи имаат висок број на јаглехидрати. Веќе ако ги јадеш за ручек, гледај појадокот и вечерата да ти се поздрави.
     
    На Nigredo Odor, vectra20 и Avery им се допаѓа ова.
  11. vectra20

    vectra20 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    108
    Кога сме кај овошјето,фруктозата е единствен хидрат кој не се претвора во гликоген(енергија) туку се складира во црниот дроп.
    Кога црниот дроп ќе се засити со хидрати и на сето тоа додадеме фруктоза,тој хидрат завршува во сало.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Не се само калоррите тоа што треба да се гледа.
    Инстант нудлите се многу полоша опција од шпагетите. Прво, многу вештачки конзерванси имаат, многу се процесирани, може да содржат се и сешто и се буквално само празни калории, никаква нутритивна вредност.
    Шпагетите ако ништо друго, барем конзерванси немаат. Плус семолината има 35% повеќе протеини од белото брашно (а нудлите се баш тоа, пченично бело брашно).
    Инстант нудлите се чисто ѓубре, не за џабе се staple food на студенти и луѓе што преживуваат ден за ден.
     
    На Alisa22, Nigredo Odor, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.457
    Потврдувам.
    Нема нутритивни вредности во нудлите. Составот е често нејасен, а структурата чудна.
    Нешто помеѓу тестенина, варен компир и пластика. Стварно ми е нејасна фасцинацијата
    со нудлите меѓу младата популација. Мора да немаат пробано вистински вкусна храна,
    немам друго објаснување за нивната популарност. :D

    Тестенините сами по себе се водат како здрава храна.
    Но, само доколку ги одвоите во порции кои ќе соодветствуваат со вашите телесни дневни и
    градбени потреби. Имате на интернет многу bmi калкулатори, и на нив може да пресметате
    од прилика колку треба да изнесува вашиот дневен јагленохидратен калориски внес.
    Една чинија тестенини еднаш до два пати неделно не е некоја голема штета, ама условот е
    да нема меса, сланини, калорични сирења или сосови внатре. Исклучиво со печурки, сусам и
    пелате. Евентуално малку авокадо, пилешко или туна, но ништо повеќе од тоа.

    Исто, доколку сакате да ослабете, тогаш кога правите пресметки, имајте предвид дека ќе мора да ги
    внесете кафето, чајот, и десетте коцки чоколадо кои сте ги изеле во текот на денот.
    Без тоа ништо не сте направиле. Уз тој калориски внес почнете да водите дневник, за сешто ќе изедете
    до крајот на денот потоа да го забележите во компјутерски нотес или лист хартија.
    Ем ќе развиете здрава навика на самоконтрола, ем ќе знаете каде грешите во иднина.
     
    Последна измена: 23 април 2019
    На Angela_115 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vectra20

    vectra20 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    108
    Во 100грама нудли има 30 грама хидрати.
    Се прави ротациа само со хидратите а не со месото пошто месото не е то што дебелеј туку дебелат хидратите. Никој неможи точно да знај колку калории троши пошто то можи да се знај само лабараториски.
    Се оди на осет,се следи напредок на секој 2 недели. Ако нема напредок,тогаш се намалуват хидратите и пак се следи напредок во наредни 2 недели. Кафето нема никаква врска со топење на масти пошто кафето не е кленбутерол.
    2 грама протеин на 1кг телесна маса и мастите околу 1 грам на 1кг телесна маса.
    - пилешки стек
    - јајца
    -риба
    -туна
    - телешко месо.
    овие намирници се со најдобар квалитет на протеини и ги содржат сите потребни аминокиселини.
    Протеините од тестенини и све остало,тие се билни протеини а билните протеини не се комплетни пошто не ги содржат сите амино киселини и најчесто завршуват во енергија доколку е потребно нормално.
    Примарен извор на енергија се хидратите а секундарен извор се мастите. Значи хидратите одат надолу а мастите нагоре. Резултатите брзо идат доколку се научи како правилно да се користи храната.
     
    На Angela_115 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaDelRey

    AnaDelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2017
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки сакам да ви ја раскажам мојата приказна : како ослабев 22 кг
    Како мала трчаја по мене со храната, пиев секакви работи за апетит но ништо.. кожа и коски. Средно 1 год се поправив мислам преку вечер (хахаха) од 1 год до 4 се поправив скоро 34 кг (ваљда пубертет) и не личев на ништо -.- пиев зелен змај чај и некој таблети ама џабе парите. Се откажав од се. Јадењето го намалив- нормално се спремав за матура ама пак бев истата. Ко завршив средно заминав Германија како бебиситерка на 1 год во КИНЕСКА ФАМИЛИЈА кога појдов и кажав на жената дали знај нешто за ослабување, таја ме погледна зачудено и ми кажа : од утре ќе јадеш редовно како што јадеме ние и ќе те запишам на зумба хахха. Девојки верувале или не за 1 год од 82кг намалив на 62 кг. Како? Поручував во 8 часот секое сабајле(колку што сакав) потоа до ручек 13ч земав овошје. За ручек јадевме месо а вечеравме најкасно до 19часот и тоа зеленчук (брокула, карфиол, некој си кинески раб) а додека си легнев пак нешто овошје па и чоколада јадев јас. Зумба одев 2 пати неделно ама ств активно. Сакам да кажам дека од тогаш има поминато 5 год. сега имам 24год тогаш имав 19год и ден денес јадам здрава исхрана т.е избегавам леб најмногу,газирано и благо. Сега имам 58 кг иии секогаш ќе му бидам благодарна на тие кинезите ххх поздрав и ако се сака се се можи. Вс ❤️
     
    На Angela_115, Iluzija666, Mrs. Lovett и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Angela_115

    Angela_115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    И јас така почнав, кожа и коски. Паметам ми даваа таблети за апетит и нагло се здебелив и ме држеше години. Сега околу една недела можеби повеќе, повторно почнав здрaв начин на исхрана, вежбам и 4 пати во неделата. Ќе пишам пак за 1 месец :D
     
    На Animali и AnaDelRey им се допаѓа ова.