Пластика!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KuklickaSk, 30 декември 2010.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.615
    Допаѓања:
    25.181
    Сигурно знаете за штетното дејство на пластиката врз природата и сигурно го знаете фактот дека на пластиката и се потребни илјада години да се растопи. Нешто што порано се сметало за голем изум, пластиката, денес се смета за непријател број 1 на природата, а со тоа и на човештвото.
    Дали знаете и дека на средината на Пацификот има голем дел исполнет со пластика.. Според некои океанолози оваа супа од пластика, се протега од Јапонија до Хаваите!

    http://www.independent.co.uk/environmen ... 78016.html


    Дали вие употребувате пластика и дали сте свесни за штетното влијание на пластиката ?
    Дали можеби сте размислувале користење на едно пластично шише повеке пати наместо користење на пластиката за една употреба? Дали рециклирате?
    Што вие правите за да и помогнете на Земјата?

    Доколку до сега не сте размислувале за пластиката и нејзиното влијание, се надевам дека откако ке ја прочитате статијата од погоре, ке станете свесни за нејзиното огромно штетно дејство врз Земјата!
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    56.471
    Пол:
    Женски
    Добра тема.
    Купувам сокови и вода во пластични шишиња, ама ги фрлам во специјален контејнер за пластика. Плус, ги употребувам повеќе пати (ги полнам со топла вода и навечер се топлам со нив :lol: ).
    Не, сериозно - добро е да се крене свеста за оваа тема. Пред два месеци бев на прошетка во прекрасна природа, и во реката беа исфрлени многу пластични шишиња. :|
    Жалосно е што не знаеме да го цениме тоа што природата ни го дала, и константно го уништуваме.
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Свесна сум за лошото дејство. Уште да не сум по досадните лекции по 10 пати на ден од професорката по хемија. :^)
    Рециклирам колку можам повеќе, а пластичните шишиња кои како можат, ги употребуваме за повеќе намени.

    Пред 1 недела, 3-4 стари телефони однесов во Оne. Не знам нешто како рециклираат, зимаат делови, врска немам што, важно да не ги фрлам во канта.
     
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Свесна сум за лошото дејство.
    Правам колку што можам, ама не само за мене, туку и за другарките :!:
    Собирам по нив |(
     
  5. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    и јас
     
  6. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Свесна сум за влијанието, правам што можам колку што можам. Во близина кај мене нема специјални корпи за пластика (колку ми е само уназадена населбава), ама татко ми ги собира во голема вреќа и ги дава на еден чичко на точак што собира пластика. Мислам дека и за тоа ги собира...

    Не е во прашање само нашата свест. Преплавени сме со пластика од сите страни. А и најевтина е и се залажува народот. Се што било по повисока цена сега има солидна пластична копија за помала цена. И со супермаркетиве има по 3-4 рафтови одделени само за пластики. И кинескава роба капак....

    Треба повеќе да се влијае на свеста кај луѓето. И не само тоа, пошто ние сме така малце "мрзливи" кога треба да се направи нешто што е од значење за сите нас, а не само за нашиот г'з, треба лекцијата да ни ја пикнат под нос. Нека почнат да стават одделени корпи за отпадоци на секаде (стварно ја охрабрувам идејава), нека почнат да не силуваат со такви кампањи па видел невидел ќе почне народот потсвесно да ја применува таа практика. Вака ако чекаме на нас самите да се свестиме ...

    [​IMG]
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Пластиката како материјал не го сакам. Имав телефон со таков материјал и го сменив само заради пластиката.
     
  8. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Пластика дома и неможам многу да видам :)) освен на фрижидерот , машината итн.
    Јас многу избегнувам пластични работи и не користам пластични кутивчиња од кремчиња , павлаки и друго ! Се знае стакло и порцелан и ништо повеќе , најмалку МЕТАЛ ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ! Шишиња за вода си користам од Фруктал оние од 1 кг. ( од сок од портокал ,цвекло и др. )
    Подобро јадењето за на работа во тегла ќе го ставам ,отколку во пластика , башка пластиката мене ми мириса одвратно .:!:
     
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Колку и да се трудиме, не можеме целосно да ја избегнеме пластиката, зашто премногу е застапена пластичната амбалажа за пакување на речиси сите производи. (вода, јогурт, павлака, кисело млеко, намази, овошен јогурт и пудинг, путер, некои сокови, колачи, еуро крем, алва, зејтин, оцет, некои вина итн.).
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.