Пинк тв секој четврток почна со емитување на новиот ријалити со наслов "Тренутак из сна", на кој ќе можеме директно, пред будно око на камерата, да гледаме како си го менуваат физичкиот изглед избраните среќнички...бесплатна пластична операција, корекција, бесплатен ботокс, филери, средување заби, фризерај, маникир и педикир..убавина Е сега, што ми е прашањето..дали кога би имале и ние во Македонијава наша вакво шоу, дали ќе се пријавите или ќе ве јаде страм?? Јас би се пријавила прва
Аууу..значи само јас имам храброст да се соголам и јавно да го покажам пред камерите моето змиско тело Размислувам..ете и ми направат корекции, ме направат поубава, помлада, сиските да ми гледаат угоре..и што од тоа?? Што ќе ми се промени во животот??
Немам потреба од исправки засега. Коа ќе влезам во години. Но и тогаш тоа би го правела приватно, а не пред камери. Здравје, само пари да има на претек.
Зарем луѓево подлегнуваат на хирур.зафати поради остварување на перверзиите??? Бре Бриџо..значи цел Холивуд е перзиверзи
Имаше порано ваква емисија, Ребека беше водителка и контратубекс им беа спонзор знам од таму за него знам и операцијата баш пред камера беше. Поинакви се викаше мислам емисијата. Претежно се пријавуваа прилично млади за корекција на нос/уши, нешто што цел живот комплекс им било, за вакво нешто вреди да одиш под нож мислам, па дури и на емисија ако не можеш да си приуштиш да платиш сам. За корекции од типот поголеми гради/задник/липосукција...па не знам баш Јас не би се изложила никогаш на оперативен зафат од корективна хирургија. По никоја цена, чак ни за без пари
Кaде oтиде ти дo Хoливуд, тaму инвестицијa се викa. Пa и нa Бaлкaнoт пoчнa. Ти викaј си гo кaкo ти oдгoвaрa.
Го прочитав насловот и одма помислив @baba Rada ја има креирано оваа тема Задоволна сум од изгледот и не би правела пластична операција. Тие што се одлучиле за овој чекор мислам дека е подобро да го направат без камера.
Кај нас мислам дека и немаме таков кадар за пластична хирургија со оглед на тоа што поголем дел од нашите девојки истите работи ги прават во Србија. Во Србија навистина таа индустрија цвета последната деценија. Неколку пати ја имам фатено британската емисија за корекција и навистина ги прават добро, но претпоставувам дека сите кандидати се chery picking за коишто претходно комисијата има утврдено дека имаат можност да изгледаат ваууу после операциите.
Пoдoбрo aмa и пoскaпo, тoa е изгледa услoвoт, бесплaтнo aкo дoзвoлиш целиoт прoцес пред кaмери дa се oдвивa.
Втората епизода ја гледав од шоуто и баш рачунав дека многу коштаат сите тие третмани што и беа направени на девојката. За бесплатно улепшавање вреди и да се оди пред јавност..но зошто да биде срамно, зошто би се криеле..јас навистина не гледам дека тоа е нешто што не треба никој да го види. Би сакала и кај нас да имаме вакво шоу.
@Bridget @baba Rada сега се сетив дека одамна гледав на нет епизода од реално шоу каде девојките се натпреваруваат, а главната награда е бесплатна пластична операција. Еве делче од емисијата разликата ќе ја видите на 03:29. Превод не ви треба
Многу е убаво кога ќе видиш некој од ружно пајче да стане лебед, кога од искомплесирана душичка ке стане самоуверена особа...супер...Подобро вакви шоу да има отколку оние безобразнине, парови, фарми и како ли се викаа(незнам оти не ги гледам).
Јас гледајќи ги ваквите шоуа се разубедив дека сакам импланти или липосукција. Сакам добри гради ама многу страшна ми е процедурата да се дојде до нив Ако соберам храброст и ја би ко баба Рада
Имаше и пропадна. Македонска работа. Се викаше Поинкави,Ребека беше хостеса Мислам д-рПетановски ги правеше интервенциите. Емисијата дополнително ја рекламираше аптеката на ќерка ли му беше Маја Петановска,и таа пропадна аптеката и го рекламираа контратубексот гел тогаш прв пат се појави на пазарот. И така. А фини емисии беа
Змиско или зимско? Ако е ова второто, welcome in the club. Шала.. Инаку би, носот да ми го средат, да не личи на пунета бабура со месо. И колковите да ми ги сецнат малце, зошто не сум во план да изигравам Ким Кардашијан. Цицките ми се океј, мевот исто, усните супер. Значи само нос и колкови. Може и плава или бела да ме офарбаат успат, не се жалам. Баш ми е гајле ако е јавно шоу, само нека иде бесплатно.
Ем паничар сум, ем општо мразам (лично за себе) јавно истакнување Така да, не би отишла по свој избор за разубавување под нож во никој случај, а уште помалку на телевизија. Кој има храброст и причина (посебно ако е нешто што намалува самодоверба) – нивно тело, нивен живот и приватност... go ahead.
Аха, да..браво како ти текна, одамна беше тоа, можеби 20 години..Тоа беше др.Митановски, хирург пластичар од бившата воена болница, прв што отвори приватна ординација за пластика во нас.Аеродром Убава емисија беше, но се случи еден инцидент, една неуспешна операција каде што пациентката ја изгуби градата, па се тужеа и незнам што бидна до ден денес.
Ах бабе,ме издава меморијава,детиште тогаш јас што да запамтам а Петановски а Митановски,а пета-клоца а мито-рака исто ми е Важно хостесата ја памтам добро,преубавата Ребека