Ниту сум фан на камери, ниту сум фан на ваков тип на разубавувања. Секако дека имам некои делови од телото кои што би сакала да бидат поинакви. Би сакала најмногу облини. Би сакала боље задник, па ете работам на себе на природен начин со вежбање. Не би вршела вакви процедури и сигурно не на камера А за оние што сакаат: thumbs up, твое тело - твој избор.
Не би правела пластична операција ни пред ни зад камера. Зошто? Затоа што ако направам некоја пластична операција на некој дел од телото друг ден ќе ми текне на друг дел од телото и така ќе ми прерасне во опсесија. Природно си е природно. Си се сакам со моите совршености и несовршености.
И јас ко @Bozica1980 сакам липосукција,Бошке ако дојде вакво шоу кај нас,да се фатиме за раце и да одиме заедно,што викаш а? за меѓусебна поддршка и разбивање на срамот,не за друго А,да,исто и корекција на градите сакам,уствари да ми ги намалат,и рамна ко даска да ме направат,имам кажано дека имам големи,ама стварно големи гради и дека ми се комплекс
Епа еве и јас се пријавувам, тоа што ќе вадат од градите кај тебе - нека ставаат кај мене! Ахахха... Јас си имам маани кои многу ми сметаа дур бев средно, сега не ги ни забележувам. Како малку паднат капак на едното око кое не се забележува во живо, ама на слики некогаш изгледам како да намигам. Не секогаш ама со позатворени очи испаѓам океј. Со друго, изненадно, сум задоволна.