Светот има проблем со загадувањето што доаѓа од пластиката. Ова загадување претставува голем проблем откако голем број истражувања покажаа дека водата што се консумира и рибата што се јаде имаат пластични микроматерии. Микропластиката е застапена скоро секаде, дури и во амбалажираната вода, се наведува во истражувањата на СЗО. Со оглед на тоа што кај нас исто така се создава големо количество отпад, а не постои култура за селекција и рециклирање на отпадните материи, може да се заклучи дека и ние имаме проблем со отпадните пластични материи. А за да се реши тој проблем, прв чекор е да се пристапи кон рециклирање и селекција на отпадот. Граѓаните создаваат големи количества отпад, само претходната година се создадени 140.809 тони комунален отпад во Македонија. Со оглед на поновите светски истражувања во кои се наведува дека и храната што ја консумираме содржи микрочестици од пластичните материи, се јавува потребата за намалување на користењето на пластиката но и нејзино рециклирање. Проблемот кај нас е што сѐ уште нема реална можност за селекција и рециклирање на отпадниот материјал, особено кога станува збор за пластиката, наведуваат од еколошките организации. Но во секојдневието се забележува навиката на граѓаните во која се користат пластифицирани ќесиња при купување намирници. Јас лично 97% од времето корситам платнени.
Торба си носам ја. Чат пат вреќа. Или количка. Зависи.. Количка на три тркала па низ партизанска на десна летна кога ќе се пуштам, рај.
Жена на братучед од маж ми ми кажуваше одкако замина Германија која е разликата од таму до овде. Нема шанси вика да фрлиш ѓубре кај било таму. Прво во смисла на селекција потоа нема таму депонии покрај контејнери како овде. И дека овде кога ќе дојде на одмор на поседок како год ќе се понаша според "македонските" стандарди. Зашто да изиграва будала и навиката од таму да ја носи овде кога таа е една а сите милијарди луѓе си тераат за создавање на депонија. И сега кој е кривецот?
И платнена си носам, а некогаш едно исто ќесе од маркет повеќе пати го користам. Најчесто кога одам набрзинка земам веќе купено ќесе што имам дома.
Голем поборник сум за хигиена и многу ми смета ѓубрето. Ама немам навика да носам торба за во продавница, многу ретко. Кесите потоа ги користам за берење на ѓубрето и во контењер.
Пластични ќеси користам најчесто од маркет и ги употребувам уште еднаш за фрлање ѓубре. Инаку пишува дека се био-разградливи. Во друг случај користам платнени или подебели ќеси. Имаше најава за укинување на пластична амбалажа за еднократна употреба.. Се надевам дека скоро ќе се спроведе. Рециклирањето е една голема индустрија и да се спроведе на ниво на цела држава ќе реши многу горливи проблеми. Доколку успее тоа луѓето може преку разни начини да се поттикнуваат да учествуваат. Се сеќавам едно време во училиштата имаше акции за собирање на хартија, стакло. Не е лоша идеја повторно да се воведе еднаш годишно.
Имам платнени и кога одам планирано ги носам. Ама обично си зимам и најлонски зошто со мм обично купуваме за по недела-две намирници, па не фаќаат само платнениве. А вака неплански или по пат ако ми затребало нешто, тогаш најлон. Не ми текнало во кола да ставам некоја ама и да ставам ќе забправам, па пак ќе купувам од продавница пластични. После ги користам за ѓубре во мала корпа.
Врска немате што е фенси, ќе ме терате да си ги сликам торбите. Обично имам 2 во ташна, за дневно пазарење, кога праќам маж на големо пазарење, зема од големите торби. Еве некој да ми објасни, како ќе донесеш лубеница во кеса? И пак страшно многу пластика се собира, и мижи асан да ти баам е рециклирањето, и така...
Цк, на рамо носам ранец, со другата рака држам куче, мора во торба Инаку викаат под мишка се носела лубеница
Во последно време платнени торби, посебно кога се оди на неделно пазарење. За случајно пот-купување пластична кеса. Кесите од зеленчук и овошје од КАМ (на пример) ги користам за ѓубре.
Зависи од тоа дали имам ранец или носам торба со мене и колку ствари треба да купам.Ако не ми собира сè во ранецот/торбата или ако не носам купувам кеси.
Знам Биљо, се шалам. Еве три торби бабски имам, ги влечам на секое одење до пазар, смачено ми е веќе.
Во мојот маалски дуќан кај пазарам нема кеси. Носиш со раце до дома. Ем газдата го мрзи да ти дате кеса, ем место пар денари кусур добиваш мастика, ем не ја загадуваш околината Support your local store!