Јас не знам да пазарам со мерка, така да и кога носам платнени торби, секогаш испаѓа да купувам плус ќеси, оти не знам да купам само тоа што ми е на список, мора нешто плус да се решам да докупам Досега не се десило да ме собере во платнените само. Последно време веќе толку станав мрза што големите работи ги купувам од маркети со достава, па купувам само на поминување и тогаш немам во мене торба платнена. Знам дека не е убаво со најлонските ќеси, ајде давате совети како да се навикне човек да носи платнена и како да планира колку и колкави платнени да земе
Од неодамна пластичните ќеси ги заменив со платнена торба што редовно ја носам во чанта. Од естетски и хигиенски причини е поприфатлива. Еколошкиот, суштински проблем го маргинализирам зашто ќесите ги користам за собирање отпад
Навиките на луѓето тешко се менуваат. Да не се лажеме. Кај нас пола градови и села немаат детални урбанистички планови, а не пак стратегија за складирање пластика и отпадоци. Плус, тука треба да се додаде општата некултура која владее меѓу населението “дома не ми влегувај со патики, али фрлам ѓубре кај стигам на улица“. Мал милион пати сум налетал на комшии во доцните часови кај фрлаат бела техника, смет, душеци покрај контејнерите во доцните часови, за да никој не ги фати. Покрај мене има една зграда. Последните 5 години никој не се нафати ѓубрето да си го исчити пред зградата. Штом не сакаат да исчитат еден двор пред зграда кај им се играат деца и внуци, што ли останува за некои поголеми проблеми.
Платнени, со години веќе. Мене лично пластични ќеси ми пречат зашто многу добро го знам нивниот импакт понатаму. Општо, целата идеа на производи за една употреба не ми се допаѓа. Бараше некој совети. Навика е, треба време и труд да се створи. Во ташна/ранец секогаш ама секогаш имам платнена торба, не само за пазарење него ако ми треба и нешто друго да сместам. Пазарам најчесто планирано и во една торба ги ставам и остатаните. Производите во количка, од количка убаво сместени во торби и ајт со здравје. Јас лично имам и за на пазар вреќички и за овошје/зеленчук си ги користам нив. Има мал милион више варијации на платнени торби, што по маркети, што по продавници, што онлајн. Реално, преедноставни се и за шиење, а кој оди по конференции знае дека 10тина години уназад секаде ги даваат.
Користам платнени торби, многу ретко ми се случува неспремна да влезам во маркет и да побарам пластична кеса. Обично во секоја ташна имам по една торба "за секој случај" Е сега, ќесичките што ги даваат за овошје / зеленчук ги користам за фрлање ѓубре
Уште скроз немам исфрлено пластични оти често заборавам да си земам платнена со мене. Dumb bitch moment. А имам поќе од една платнена, нема веќе оправдување.
Јас носам платнена торба со себе , ама често ми се случува да купам и пластична во продавница зашто ќе изнакупувам повеќе од што ми собира па морам. Инаку кесите пласични ми се reuse варијанта за по дома. Со нив покривам работи што не треба да фаќаат прашина па на крај завршуваат како кеси за ѓубре. Инаку после живеење во странство не сум баш одушевена од екологијата никаде. Ние фрламе ѓубре по улици и немаме саглам депонии. Тие таму создаваат брдо пластика за „пластичните“ им овошја и зеленчуци. Ова особено во Велика Британија каде 4 праски или јаболи или патлиџани се спакувани во платично кутивче со платична подлошка и платична кеса одозгора. Ужас еден. Така што таму користењето на платнени торби ми е баш хипокризија. Платнена троба полна со пластика носиш. Во Германија беше малку од малку подобро од аспект пакување на храна (имаше и картонски кутивчиња и повеќе локални производи и пазарчиња на плоштади и слично) така што таму користењето платнена торба ми беше поприфатливо.
Порано многу производи беа во стаклена амбалажа и немавме баш проблем со пластиката. Кока кола, зејтин, минерална вода итн итн... Се користеа и хартиени кеси... Сега многу лесно би се решиле од пластичните кеси. Може да се забранат со закон а може и да се наплатуваат по 20 ден на пример, што би го намалило користењето на истите. Тука ќе има проблем со тие што ги произведуваат, ќе треба да го затворат бизнисот... Мене лично ме иритира тоа што секој пијалок е во пластична амбалажа....
Па добро кесите се наплатуваат мислам во некои маркети ама 2-3 денари, пак не е доволно за да водиме повеќе сметка да си носиме платнени торби.
Овој народ за да го освестиш треба само по џеб да го удриш. 2-3 денари не му значат на никој ништо а свеста не работи, така да кеса 30 денари и ќе видиш како никој нема да купи. Една кеса колку еден леб, мислам дека ретко кој ќе купи кеса.
Обично носам торба за пазарење, се случува кога е непланирано да земам и кеса, но потоа таа ја користиме за ѓубре. Сакам да рециклирам, но тука каде што живеам нема посебни контејнери за пластика, има само за стакло. Селектирам и био отпад во посебна канта, па го фрлам во дупка во двор и од неодамна користам само стаклени и меални цевки за пиење кафе, сок. Во глобала гледам да намалам со употреба на пластика за еднократна употреба. Мислам дека многу пластичен отпад се прави на детцки родендени, од чаши, чинии, вилушки, конфети... можеби треба да се направи некој тренд на еко-френдли родендени.... хахах. Но, на крајот треба и самите маректи и големи компании да преземат нешто, како во Германија, наместо најлони да има само торби, наместо пластични вилушки да се користат дрвени и така.
Не најдов посоодветна тема, затоа тука. Во градскиот парк нели има подвижни coffee shops (како да ги наречам не знам). Кафето го даваат во пластични чаши па сите корпи, а и по земја е полно со чаши. Ми недостига во близина контејнер за пластика. Општо во цел град скоро и да нема, ама таму некако најмногу фали. Кај да се обрати чоек за ова? Барем едно контејнерче можат таму да постават.
Има контејнери за пластика кај костарика во парк, ама добра е идејава за да има и низ самиот парк реално се потребни. Пакомак работат со тоа може да се прашаат или општината